Јас се мачкам на 2-3 дена со бекутан крем. Немам сеуште 32 недела сум. Но се е до кожата и гените затоа не се замарам многу.
Кога читам дека се појавуваат стрии ме фака страв јас се мачкам само со павловичева крема и тоа не секој ден кога како зависи од расположение на почеток почнав со бадемово масло, тоа имав дома ама некако не ми правеше мерак па го сменив за кремата и еве со мене си ја носам ама слабо ја користам, ке си плачам после. Има ли правило од кога и како се појавуваат?
Јас до пред да се породам не гледав ниту една стрија на стомакот. Дури откако се породив почнаа да се појавуваат една по една. Веројатно ми испукал претходно, ама не се приметувале бидејќи кожата била оптегната. Така да џабе се радував дека не ми се појавија, отпосле ме удри шок. Инаку се мачкав цела бременост со Еуцерин маслото, на почеток по 1 дневно, а во последните месеци зачестив по 2-3 пати.
Мислев дека се стрии, за после неколку дена да ми се излупи кожата на стомакот и пак да ми е скрос мазен. Можно е од лентите за депилација така да ми испука кожата, ама добро е, сега 32ра недела а стрии нема. Инаку го купив и путерот од дм и маслото за трудници, воопшто не сум задоволна од путерот, мириса на старите сапунчиња што ги купуваше баба ми на пазар и воопшто не е мрсен.. Маслото е онака, сепак мислам еуцерин маслото и хипп путерот се незаменливи.
Исто беше и кај мене. Додуше ги приметив 5 дена пред да се породам, можда тогаш испукаа. Ама мислев се две - три. Ама ко што се повлече стомакот - побајаги се.
Хаха ептен шок ми беше, колку бев горда што не испукав и кога се погледнав прв пат во огледало гледам линии линии...
Се мачкав со маслото за трудници од дм ама ми испука газето па сега со еден мелем од Србија за негување и спречување на настанување нови секој ден или ретко секој втор ден се мачкам. Џабе пак имам нови газето цело и гледам од страна на нозете под газ почнаа и мн малку на гради. Со оглед на тоа дека имав 46/7 кила а сега 60 доста и немам.. Ама гајле ми е вреди да имам tiger strippers за една лепотица на мама. Таа нека бидне убава жива и здрава за мене не е важно
Многу се разочарав кога ве читам дека отпосле се прават/познаваат стриите. А нели тие чешаат кога се прават? Дали е добар знак ако не ме чеша меше или мн малку? Или да не се надеван премногу? Ах, ајде како е пишано така, само бебка да ми е здрава и жива, па со се друго сум пимирена. И да ми излезат гордо ќе си ги носам со беба во раце.
Во првата бременост не ме чешаше а дури крај на 8 добив стрии и тоа поприлично..сега понекогаш знае да ме чеша и имам неколку нови, 6ти сум моментално..
Дали путерот од hipp има некаков мирис? Користам mustela ама многу лошо ми мириса. Или препорака за некоја крема/путер што не мириса лошо.
Јас сум 17 недела, и на стомакот имам излезено 2 стрии, уште сега а каде му е крајот, а на градите немам ништо.
31 недела од утре, до сега немам, или барем не се гледаат. Се мачкав првин со крем на Леа Мама, откако го потрошив земав масло на Веледа за трудници. Се обидувам да се мачкам секоја вечер пред спиење, ама не сум баш многу внимателна Прескокнувам па ќе се жалам после.
Здраво девојки. Бремена сум 2 ипол месеци, од 3 месец сакам да почнам да се мачкам со некоја крема против стрии. Од која крема сте задоволни?
Еуцерин масло, кокосово масло и оргинална павличева мачкам јас. 36 недела сум и досега немам стрии. Се фалат и од путерот на хип.
Сега треба да почнеш поинтензивно да се мачкаш и наутро и навечер, уште нецели 2 месеци имаш до крај, сега најмногу се оптега кожата. Ставај си потсетници на телефон да не забораваш.