Направи сама. Оригинал павловичева измешај со бадемово масло. Дооста познаници што ми кажувале не им излегле воопшто.
во првите две бремености и јас се мачкав со Леа Мама , ме чешаше многу кожата ама немам ниту една стрија а вториот пат бев многу немарна и последните месеци скроз заборавав , трета бременост 6 години после втората ременост веке сум 8 ма недела стискам палци да биде се во ред ама сепак ова е генетски пврзано и мислам неможе многу да се влијае на тоа
Мешиња што користите за стрии? Кажете нешто ефикасно ја користам од путерот на хип и масло користев ама џабе ми се појавија стрии на мешето и на грбот па да пробам со нешто друго. 26+6 сум а веќе од пред неколку недели ми се појавија
Си ја пробала кремата за трудници на Мустела? Јас јас користам од 3 месец, сега 24та недела сум, за сега не сум приметила стрии.
Јас сеуште немам стрии фала Богу 38 недела. Не користам ништо посебно, што ќе најдам, крем бекутан, од авон некои лосиони, павловичева...и тоа почнав сега пред 1 месец и нешто и тоа не се мачкам секој ден.
32 недела до денес храбро се држам против стриите иако генетски би требало да испукам. Два пати на ден мачкање од прв ден до сега. Без никакво прескокнување.
Поздрав женски...читам сите масла и путери користите, јас па млеко за тело си купив на Хипп. Путер не се мачка потешко? а од масло не се правите лом? затоа некако по логично ми беше опција млеко, затоа сеа ми е чудно вака кога ве читам
Путерот на hipp лесно си се размачкува без проблем ,мириса на бебе користам и мустела ама не секој ден како hipp зошто на болница ми мириса
@Happyinlove имаш право, не мириса баш најубаво ама шта је ту је, за лепота ќе трпиме А @an4ii Мустела ја имаш во Зегин, малку е поскапа ама па затоа и јас ја комбинирам со путерот на Хип, на меше и гради Мустела на помалку критичните делови путер.
Mене ми го фалеа маслото од Еуцерин па си го зедов вчера. Можиш и постоечки стрии да третираш, земи пробај си
Користев еден убав путер на Алверде, ем лесно се размачкуваше, ем преубаво мирисаше. Густ е ама се размачкуваше како омекнат путер за јадење И најважно, мрсни флеки на алишта не оставаше.
Јас и оваа бременост користам Стриамент. Стрии немам иако имам уште доста време до термин. Рано си почнав со мачкање и првиот пат и овој, до душа само еднаш дневно (навечер после туширање) ама сепак. Мислам дека пак ќе успеам без стрии да поминам (се надевам нема пак 20 кг. да се поправам до крај )
Редовно се мачкав откако дознав дека сум бремена,уште ни стомак немав,па во 38 недела пак ми се појавија стрии. До кожата е.
Јас на градите испукав..на стомакот уште не, се мачкав редовно и дисциплинирано..од павловичева со витамини, па со путерот и маслото на хип, па со леа мама на гала фарм и со уште една крема (заборавив на името). Сега за 8ми и 9то месец зедов Мустела..ако можам да спасам барем на стомакот да не ми се појават..ама нема правила..нема да ме чуди и последната недела да испукам :/
Повеќе верувам во намалување на веќе постоечки стрии одколку во спречување на нивната појава..се е до кожата, имам пријателки кои не се мачкале воопшто со ништо па и по 2 бремености немаат ниту с од стрии а јас кутрата купувај мачкај и тоа се од тие специјалните наменити за во бременост и пак си испукав..да се роди и второто здраво живо, па после ке му ја мислам што како..моментално се мачкам со кокосово и со едно др.био за во бременост, и тоа мачкам за да не ме чеша не дека очекувам резултати..
И јас сум иста, градите ми испукаа и покрај тоа што ги мачкав со павловичева и витамини, на стомак уште немам ама има време, 18 недела ја терам уште. А кај мене никој во фамилија нема стрии. Мајка ми била коски и кожа кога ме родила, а стомак огромен, а ни една стрија нема. Плус и двете имаме сува кожа (викаат таа повеќе пука) таа не се мачкала ништо јас се мачкам и пак таа не испукала јас испукав. Значи нема правила, ама што е тука е... Битно е маливе да ни се живи и здрави ние за нив се си трпиме