Мене ми се појавија стрии на долниот дел од стомакот, 4 до сега, кратки ама ги имам. Многу се изнервирав кога ги видов, и тоа сега во 37 недела. Се надевав дека штом досега не испукав, нема да имам ама се излажав. Кожата ми е сува инаку, се мачкам со маслото на Веледа. Ќе видам до крај како ќе бидам.
Исто и кај мене две/три ептен доле под папук..претходно ме чешкаше малку ама не очекував дека се стрии во прашање...а се надевав дека нема да испукам само поради тоа што цела бременост до сега не се поправив многу или да се ширам по цело тело, ниту да отекувам и сл..но, последните месеци си го земаат данокот :/
Поправена сум 20 кила 7ми месец стрии само на гради и пределот колкови и задник нозете тука под колкови, меше мазно.. како мајка ми, може и имаат врска со гени мада не верувам..се мачкам од како дознав многу брзо со масло со мелеми секакви вода пијам мн да ми е еластична кожата демек и џабе само гледам од време на време нови
Испукав на колковите со два пати на ден мачкање од прв ден бременост. Јебем ти и козметика и се, се е лага. Да се породам и ништо не користам како во камена доба само со вода ќе се замивам.
Ја веќе отрпнав на стрииве ми се појавија уште 5 месец негде а се мачкам од сам старт на бременост ама џабе. До 5 месец користев од путерот на хип и масло на хип од кога се појавија продолжив со путерот ама џабе после пробав со павличева па со витаминскага на бекутан и еве сега 8 месец сум земав и од маслотот на еуцерин и од него сега да пробам и со витаминска на бекутан. Ама мн почна овие денови да ме чеша стомаков. Незнам што др да правам имам стрии и тоа многу ми испаднаа жар црвени се веќе незнам што да пробам
Ах,маж ми ме отече, иначе што се однесува до мене само со млеко за тело би си терала. Ставив пред некој ден бекутан масло, едно чешање кога ме фати уште неможе да ми се смири кожава. Па, ми зел некоја слична на павловичева бидејќи неможел да најде на неколку места и со Ад капки ја помешав ама пак ме чеша ..сеа незнам дали чеша од што се шири кожава или од мрсни работи реагирам алергично. Сакав и еуцерин маслото да го земам. Ќе видам со оригинал павловичева ќе пробам, ако и тоа не бива, излеа само на млекото ќе си останам, важно хидратација да праам.
Јас од денот кога разбрав дека сум бремена веднаш земав да се мачкам со мустела,но многу лошо ми мириса,па земав и хипп путер преубав ми е мирисот и многу мазна ми ја прави кожава. Сега мачкам и хипп путер и мустела до сега немам стрии а сум 13кг поправена. Ќе земам сега и хипп масло. Да интензивирам
Се мислам и за првата бременост не користев ништо само млеко и многу што користеле де вакви де такви креми сите имале стрии
Видов многу реклами за путерот и маслото и затоа и пишав во темава реков ќе се јави и друг со мислење и како сте задоволни.ако не ти е проблем знаеш колку пари се?
Да да знам, зборат до генетика е. Јас на нозеве имам малце дека накачив 7 кила ,а на стомак и гради немам, дај Боже да немам до крај.
Хипп путер не сум нашла, млекото Хипп го користам. Ако го најдам ќе го купам и јас. Ах, којзнае дали треба, само фрлање пари е али ај...
Хипп путерот го земав 340-350ден од зегин,а и маслото мислам дека тука треба да биде со цената,баш утре ќе земам и ќе пишам точна цена. За задоволна навистина сум ептен мека мазна ми ја прави кожата,факт е дека генот тука си има голема улога,но ако биде убаво хидрирана кожата и да сме склони кон стрии,не би се правеле толку многу.