Веќе аман баш само фрлање пари.ама како што рече ти зависи од генетиката ако си подложен за стрии со што сакаш мачкај се пак ќе ги имаш
Ми се појавија стрии на долниот дел од стомакот, два/три дена ме чешаше а се мачкав цела бременост со путерот на хип криво ми е дека сега при крај ми се појавија, 34 недела сме..постои некакво решение или да не ми се рашират,било што
Јас сите месеци се мачкав со хипп путерот и пак ми се појавија. Сега се мачкам само со кокосово масло и ми се немаат нови појавено,мада што мислам дека до крај ќе испукам уште. Сега сум 30та недела.На живци ми идат стрииве
Леле ќути, јас се надевав дека нема да ми се појават мислам преку ноќ се појавија Мора да го мењам хиппов Малку и сега имам само што не ме чешаат и многу вени ми се појавија.. А баш се надевав дека нема да ми испука стомакот. Ќе мора да го мењам хиппов ...
Ме утеши Ништо не мачкам после,ако сака и на чело нека искачаат Како станува потопло така ми иде и масло и се да фрлам
Јас со кокосово се мачкав и не ми излегоа. Меѓу нозе не се мачкав мислејки дека таму не се појавуваат и се зезнав баш на десната нога ми испаднаа. Кога видов дека и таму може фа има почнав и таму да се мачкам и престанаа. Значи мене кокосовото масло ми помогна многу. После пораѓајот не се мачкам никаде. До сега нема ништо.
Ништо не мачкав, малце кокосово некој 2-3 недели кога се уфилмав дека можеби нешто ќе ми помогне против стрии, ама не продолжив после тоа, и никаде немам стрии освен на бутките. Таму се поправив најмногу најверојатно и испукаа малце. Ич не се замарам.
Се зависи од еластичноста на кожата. Јас ни во 1 бременост кога бев огромна, ни сега не се мачкам со нешто специјално. Имам сува кожа и ставам обично млеко за тело кое си го користам секогаш. И немам стрии воопшто. Можеби се ефикасни овие креми или фрлање пари не знам
Само да кажам, дека мојата кожа е ужасно склона кон стрии. Уште од основно имам на задникот и бутовите, а во бременоста ми се појавија и на градите. Тука дојдов бидејќи барам рецепт што го ставав во бременоста и еве го ставам подоле. Стомакот го мачкав цела бременост и немам ниту една најмала линиичка на стомак - ништо! Криво ми е што не ги мачкав и градите, затоа очигледно таму имам, а стомакот ми е како да не сум родила. Еве сега сум бремена со второ (втор месец) и планирам да ја направам истата смеса. Постара 6 години, ќе видиме како ќе реагира кожата. Поздрав до сите! 1 обична павловичева и 1 оригинална павловичева цело шишенце АД капки 6 или 7 лазици масиново масло 1 шишенце бадемово масло 1 ампула вит. Ц 1 ампула вит. Е
Денес на беслпатните предавања во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ има интересна тема - нега на кожа во бременост ... Стриите се најголемиот проблем кога станува збор за здравјето и негата на кожата во бременост. На форумите и здравствените блогови најголемите дилеми на оваа тема се дали тие се наследни, дали може да се превенираат и како правилно да се третираат доколку се појават. Совети и препораки за здравјето на кожата во бременоста оваа среда ќе слушнете од предавањето на Д-р Андреј Петров, дерматовенеролог. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани. Потребно е да го најавите вашето присуство на 02/ 30 99 500 и да добиете интересен подарок https://www.facebook.com/events/613704115818958/
За појавените стрии што користете луѓе ? Многу ми се познаваат барем да избелат ? Користев за време на бременоста и би оил и едно масло на алверде и хип путерот ама џабе и џабе стомакот ренде
И јас користев путер од хип, кокосово масло, оригинална павличева, во 8ми уште што не пробав но залудно, почнаа да ми се појавуваат околу папокот и неможев да ги спречам дури и ме пече стомакот и како да имам тт на тоа место. Се зависи од тоа каква кожа имаш, ако е склона на пукање се е џабе.
Од првата имам по стомак и по бутови, сега очекувам дупло повеќе. Мн мие гајле. Имам многу сува кожа мачкала немачкала тоа е.
Јас почнав многу рано, може 8ма недела ама не требаше, сега да сум би почнала после 3ти месец, стомакот почна да ми расте во 4ти месец, но градите уште пред да дознаам дека сум бремена ми се зголемија и сега имам по две три стрии на нив. Така да мачкај на гради, а за стомак можеш после 3ти.