Јас уште немам 33та недела ама и стомакот ми е овален и мал за неделите..павловичева и бебешко масло мачкам после туш. Најголем фактор е генот зборев со 10 доктори само наше е да пробаме да ја одржуваме кожата со препарати.
И мене мислам дека нема да ми сметаат. Ќе се навикнам како што се имав навикнато претходно на првите стрии уште од пубертет. За стрии нема лек, не се отстрануваат, останува да се навикнеме на нив.
Јас имам многу сува кожа,денес сум 21 недела немам сеуште ништо али многу мачкам и пијам вода по 2литри на ден имам потсетник на моб.
Јас мачкав на почеток од бременост и баталив после...Од 4ти месец па се до 8ми ништо не мачкам, си се помирив и си реков ако испукам нека испукам...Па еве фала богу немам ништо засега...Прочитав и јас во темава имаше членки по 3 пати на ден мачкаа без пропуст и на крај пак испукаа...Јас мислам дека најмногу до кожата зависи. Не си редете беспотребен стрес на душата.
Се слагам со тебе генетска предиспозиција се стриите или доколку телото ти е склоно кон стрии ќе излезат ,еве јас од првата бременост немам ниту една стриа ,а имав доста голем стомак ,се мачкав не дека не се мачкав ,првите месеци со павловичева па со кокосово масло ,и последните 3 месеци со еуцерин масло за стрии.
Мислам дека помага мачкањето. Јас се мачкав на стомак само со оригинал павловичева и немам ниедна стрија, а ма гзот ни на крај памет не ми падна да се мачкам, цел ми испука.. Истата кожа е.
Женски, кожата како што ја негуваме од надвор, треба и од внатре. Пијте многу течности, вода. И тоа игра улога. Кожата треба да е хидрирана.
Баш така... верувај се е генетика... ако испукала мајка ти голема е веројатноста дека ке испукаш и ти... односно имаш иста кожа што не е еластична... јас се мачкав од првиот ден кога дознав .. и џабе.. испукав во 35та недела преку ноќ... тоа е што е нека се здрави и живи бебушите
Епа и јас и братми си имаме стрии од порано што сме се здебелувале. Знаев дека и сега ќе имам. Мајка ми имаше, а се здебелила само 9кг во бременост. До типот на кожата е..
Јас веќе се поправив некаде 13 кг до сега 32+6 Дебовиве го осеќам стомакот како нагло расте, ме чешаат градите и имам изразени вени на нив иако имам мали гради Синоќа приметив нови стрии на препоните ,на стомакот досега немам ништо приметено а на задникот и нозете имам стари стрии Се надевам нема одеднаш да испукам Досега се немам мачкано ништо, чат пат павличава.
Немам сеуште стрии,32 ја терам,ама и мал стомак имам за неделите,исто и килажа 6+ сум од прилика. Вода пијам премногу,хидратација е побитна од масло,но пред се е генетика. Очекувам пред крај да се појават,и не се замарам воопшто.. Мајка ми имала црвени непосредно пред пораѓај,а потоа и исчезнале.
Јас со првото не се мачкав со ништо и иако се поправив вкупно 8кг цела бременост во 9ти кога влегов преку ноќ ми и спука цел стомак.. сега уште не сум почнала со мачкање а веќе сум 20та недела.. ќе почнам да се мачкам ама и јас мислам дека нема многу голеѓа учога мачкањето и кремите.. па што е тука е и да испукам пак тоа е тоа
Со првото испукав одеднаш во 39-та недела, да се утепа човек Ама не беше страшно, тенки и бледи стрии доле ниско под пупакот, а немаше што не мачкав, ептен пазев на тоа. Сега не мачкам ништо специјално, имам Еуцерин масло, и еднаш на две недели ако се намачкам добро е Си ставам само путер за тело од Loccitane после секое бањање, ама тоа ми е коњак, го правам и кога не сум трудна. Си ги гледам старите стрии на стомаков, тука се од претходната бременост, а нови не забележувам засега. Кога не бев трудна ич не се познаваа, дека долу ептен се и не е оптегнат стомакот, нели, ама сега ги гледам. Мада повеќе се замарам да сум хидрирана со течности отколку со мачкање. Искрено, генетика е во прашање, еве и мајка ми две деца има родено и нема стрии, односно има на истото место како и јас, не и’ се ни познаваат. И да излезат, нека, не се оптоварувам со тоа.
Јас се уште немам стрии, но од кога влегов во четврти месец, кога стомакот веќе почна да ми се познава мачкам кокосово масло после секое туширање, брзо и добро се впива и читав дека помага против стрии. Генетика е пресудна се знае, хидратација исто така, но убаво е превентивно да се делува навреме, ако не да се спречи, барем да се намали нивната појава.
До сега ставав природна крема за стрии домашна, демек од неколку масла и 12 билки, ама ептен испукав. Денес од ДМ земав две работи, едното е крема за стрии другово е масло за масажа против стрии. И двете се за трудници. Едното беше 200, другото 240 денари. Не верувам дека којзнае што ќе ми направат ама ај да бидам малку посериозна.
Пиши ни како ќе си задоволна Која недела си? Сигурно имаш пишано во Труднички ама ме мрзи да барам наназад
23+1 сум, и јас не ја пребарувам многу таа тема, натрупана е ептен. Само некои мислења кога ќе ми се појават. Ќе ви кажам дали нешто ќе ме спаси некој од овие два производи.
Маслото на Еуцерин против стрии е многу ефикасно, од лично и од искуство на многу пријателки. Околу 800-900ден е ама трае многу, околу 5-6 месеци едно шишенце.