Јас го користев тоа од лево, многу убаво мириса. Ама пишува дека е до 3ти месец. Сеа во план ми е хипп путерот да го земам.
Е баш не прочитав. До 18-19 недела не мачкав. Потоа почнав. Накај 20 недела приметив мали стрии, сега се по изразени и страв ме фати. Ќе видиме што ќе биде. Не се оптеретувам многу.
Не мора да значи. Јас испукав кај што се мачкав. Таму кај што не се мачкав е мазно. Таква кожа имам. Склона кон пукање. Искрено, не ми се стриите проблем. Ме нервира стомакот што ми виси.
Зависи колку мачкале, јас го купив во неделата немаше мустела затоа зедов еуцирин пола ми е потрошено
Јас го користев хипп путерот во него ставав и бадемово масло, и уљето на хипп е многу убаво само еднаш го најдов повеќе не.
Колку пати на ден се мачкате? Јас сега за сега само навечер по туширање, некако неможам да се шлакам не туширана, што знам Се мачкам со оргинал павловичева бадемово и ад капки. Сега ако веќе почнувам второ мачкање незнам дали да земам уље еуцерин или обично кокосово уље?хмм..
Јас еднаш дневно после туширање се мачкам со кокосово масло, од трет месец почнав бидејќи рано почна да ми расте меше па еве досега (21ва недела сум)немам ништо се уште, се трудам 1,5-2 литри вода да пијам дневно за да биде кожата доволно хидрирана па ќе видиме, до крај има уште доста време
Исто и јас си ја правам комбинацијата со оргинал павловичева ад капки и пантенол маст и тоа е ок. Исто така ми кажаа дека најдобро било кокосов путер кокосово масло против стрии за во бременост па купив и кокосов путер органски и и од него ќе се мачкам. Ќе правам комбинации за да не ми се навикне кожата само од еден препарат
Дали може да се појават стрии после породувањето? Додека бев бремена немав ни една, ако тогаш не се појавија па не е фер сега да излезе некоја Некоја со вакво искуство, стрии појавени после породување?
Обично тогаш се приметуваат. Од оптегнатоста на стомакот некогаш не се гледаат. Ја така си ги видов отпосле,мислев дека се2 - 3 испаднаа 5-6.
Сега се истуширав и се гледам на огледалово.. Географска карта.. Цел стомак ми е дебели црвени стрии.. Ужасно изгледа.. Си велев ако нека е.. Сега гледам и на нозете имам стрии бочно.. На задникот и на градите ништо немам.. Ако излезат нека излезат, не можам да се нервирам. Ми дојдоа малку солзички, но тоа е... Повеќе се плашам кожата на стомакот и нозете да не ми се олабави и да не ми се овисне, стриите ќе се навикнам да си ги гледам, но тоа ме плаши многу имам гледано така олабавена и овисната кожа многу лошо изгледа..
Нема бременост без промена. Или ќе е физичка или психичка... Секако телото доживува промени и нека. И јас имам на стомак стрии, светли ми се, некои се лилавки ко капилари, како ќе испадне, така. За после, здравје, си сака вежбање за да се врати во форма. Ама ајде не ќе плачиме за тоа, само со убаво да е, ќе се вратиме во форма. Млади сме