Ама ти дека близначиња носиш кај тебе е друга ситуацијата Ајде нека се бебенцата добри ќе преживееш со некоја стрија.
Јас иако се мачкав постојано, сепак испукав. Имав огромен стомак, можеби затоа во 9ти месец цела распукав. Еве речиси година и пол по пораѓајот, стриите се избледени, се надевам кога цела ќе се стегнам нема да се познаваат воопшто. Ми кажа медицинско лице кога работиш нешто по дома, само павличева маст (ова важи за после пораѓај) во поголема количина и мотање со фолија околу стомак. Демек имало голема помош. Ич не ми текнало до сега да се намачкам додека работам по дома, ама ете од утре ќе се трудам почесто да го правам ова.
јас мислам дека зависи, дека ако не качиш многу нема ни да ти се зголеми многу стомакот за да ти испука, мене првата стрија ми пукна после 3 4 дена прејадување. Сепак се е до кожата и нејзината растегливост.
Не, зависи само од еластичноста на самата кожа, килограмите немаат врска. Има жени што се поправиле по 30кг во бременост, па немаат ни една стрија, и жени што се поправиле до 10кг максимум, па испукале цели. Само до кожата е, поточно, поткожното ткиво, бидејќи тоа е она што пука поради наглото растегнување, и стриите се всушност лузни од поткожното ткиво. Еластичноста е и генетски предодредена, но може да се подобри со користење на соодветни препарати (добар е препаратот на enca.69).
Мешинја јас сум 21 недела мешето едвај почнува да се познава да почнам ли да се мачкам со крем за спречуванје на стрии? до сега се мачкав со хидратантно млеко за тело
Најприродно и најбезбедно за бебето и мајката секако е бадемово масло,јас тоа користев со керка ми а и сега го практикуавам. И секако има ефекти
Мое мислење е дека не зависи. Од како останав бремена ми се појави алергија.. не можат да отркијат на што сум алергична бидејќи сум била во рана бременост. Јадам само овошје и зеленчук и имам ослабено 5кг. Стомакот веќе почна да ми расте.... и одма почнаа да ми се појавуваат стрии. Јас користам масло против стрии од еуцерин, во зегин ми го препорачаа како најефикасно. Се мачкам секогаш кога ќе влезам во веце, тоа е едно петнаесет пати дневно... ефект нула. Не знам што да користам. А не сакам да ми останат стриите..... имам 6 на стомакот, црвени стрии..... помош!
И јас земав средство за стрии manta се вика сега за сега задоволна сум Состои БАДЕМОВО МАСЛО и е 330ден.Одма се осеќа на кожата промена како бебе нежна ја прави,таа ми ја препорачаа зошто почна да ми се исфрла стомакот од сувост и да ме чеша пеколно како алергија да имав Пишува дека е мелем за стрии,се користи еднаш дневно а јас шлапам по два пати
Јас не сум бремена, но ја читнав темава бидејќи и јас имам доста проблеми со стрии. Кремата од Еуцерин помага да избледат веќе појавени стрии (но мора да се користи подолг период). Но, штом си бремена и поради ширењете на кожата таа пука и за да спречиш појава на нови стрии треба да ставаш некоја мрсна крема - најубаво павловичева во која ќе додадеш бадемово масло. Мрсните креми ја хидратираат кожата и ја прават поеластична. Хидратантноста спречува појава на стрии. Нормално можеш и некоја друга крема или млеко која е наменета за сува кожа, но за стрии сепак е најубаво бадемовото масло. Се надевам ќе успееш да се справиш со овој проблем.
од кај го земаш тоа средство? и мене ме чеша стомакот ,сега почнаа да ми се појавуваат стрии околу папокот
Го земав од лептокарија аптеката се вика herbal Не знам на друго место каде ја има оваа аптека.Прашај и во зегин може и таму ја имаат manta се вика
Јас се мачкам со сало со невен помешано домашно направено мајка ми мене ми го направи доага како маст не мириса многу нај нај пријатно али било многу убаво за кожата и еве фала богу сеуште не ми се појавиле стрии
А која недела си срце?Стави си тикерче да те пратиме...Кажи подетално за рецептов да си направиме и ние
при крај ми е млекото за тело Елдена инаку користев до сега ,па ако си задоволна од ова ке го земам а се мислам и за бадемово масло
Имам пишувано за стриите ама не знам во која тема точно, мене многу ми помогна Елдена млекото за тело од КАМ , се мачкав со него цела бременост и исто така ставам и витаминска крема на бекутан и не ми се појави ниту една стрија, всушност стомакот ми е ист како порано, немам ни вишок кожа, ништо.
Јас сум 22ра недела, еве сега ке си ставам тикерче ич не ми текнало фала што ме потсети А маста се правела од 40 цветови невен, се пржеле заедно со свинска маст (сало) околу 15ти минути се дури не пожолти смесата и после во кутивче од помада или било што се става ама природно си е нема ни хемикалии ни ништо можеби затоа помага