Во право си. Не сака никоја стрии, ама мора нешто да се промени и издржи за да се стигне до најубавото. Јас не кукам околу стриите, нека ги.. Ќе станат бели потоа и ќе се навикнам да ги гледам.
Да така е. А замисли понатака здравје, втора бременост за тие кои се одлучат, ако не во прва, во втора... Една мајка на инстаграм шо гледав, огромен стомак во бременост значи огромен (а бебе помало родено во однос на таа големина), ама ниту една стрија. А други полни со стрии, а бе како раскопани. Нема правило. А можда и не се толку страшни, отпосле ќе се навикнеме ќе спласнат
Да ви споделам мое искуство..Се мачкам од трети месец со масло кое што го набавувам од DM маркет ама од Германија (тука во Мк не сум го сретнала). Во 24та недела ми се направија стрии странично на стомакот, и мислам заради тоа што тој дел малку го запоставував со мачкање бидејќи мислев дека и не е толку страшно таму за разлика од предниот дел на стомакот кој расте цело време.. беа помали црвени и во голем број.. почнав да ги третирам со истото масло по неколку пати на ден со упорно масирање на тој дел од кожата и после една недела таков третман, денес гледам скоро ги снема.. знам дека е рано и дека до деветти месец има уште многу па ќе ви споделам искуство и за понатака. Еве и слика од маслото. 125мл е околу 12 евра ама трае доста време.
Најдобра за спречување на стрии е домашната свинска маст,мене кожата ми ја прави многу мека,мачкам само навечер од нејзе а на сабајле Мустела со двојно дејство.
А дали забалежавте појава на целулит? Јас имам само малку стрии кај бутовите, на стомакот се уште не, но затоа ептен ми се појави целулит Претпоставувам превенција за ова нема, а веќе е доцна...
пах шо знам, онака ептен минимално, и од тоа малку претходно шо го имав...Земи масирај се, стегај го со некаков крем. А потоа со слабеење ќе се исчисти. Ако не е мит ова
Има еден гел на Реплек фарм кој е доста ефикасен околу 800 денари е побарај во космо или аптека само не знам дали може и за трудници да се користи ќе видиш позади на упатството али е многу ефективна ако не сега после пораѓај ќе можеш да ја користиш
Јас на стомак се уште немам стрии (24+4), но на градите од долната страна ми излегоа. Од пубертет имам стрии на задник и препони... така да склона сум кон стрии. Се мачкам најмногу со масло против стрии од еуцерин, некогаш со масло од бекутан и при капење на 3 дена му правам нежно пилинг на мешето. Па здравје како биде-биде.
Јас во првата бременост (пред 6 год.) мачкав домашна свинска маст помината низ неколку води и чисто маслиново масло, не ми се направи ниту една стрија. Сега сум 12та недела, немам уште меше ама планирам и оваа бременост со маст да се мачкам.
Здраво да прашам дали некој ги има користено овие за време на бременост читам дека се навистина демек ефикасни ама за време на бременост има едни кои се дозволени некои не се ама ме интересира доколку некој користел искуство ?
колку е ефикасен Риластилот за стрии сакам да земам ? целата сум распукана на стомакот...и под градите забележав малку... а се мачкав и со масло и со млеко за тело но сепак...