Во првата бременост пукав како лубеница, бев цела црвена мачкав еден куп работи за стрии, а сега само Dove големата и нема ништо од стрии...кога и да го допрам мешето е мазно како бебе
Мене во бременоста не ми се појави ниту една стрија фала му на бога,сега сум 40 дена по породување и моето тело воопшто не е лошо но тоа што го сватив е дека моето тело никогаш нема повеќе да биде потполно исто и е многу потешко да ослабиш и да се вратиш во форма од претходно во која си била,и тоа влијае и на психата... Но не е и невозможно
Дали проба нешто од овие? Јас имам бели стрии на стомак ниско доле,од прва бремемост. Мачкав мустела и хипп путеер но се појавија,единствено со мустелата што ми избледија после порајѓај но се мачкам уште. Па сега се мислам што да земам ...
Не ништо уште не ставам и сеуште се мислам а за некој ден влегувам во 20та треба да почнам можеби и доцнам ма да уште немам за сега ништо.
Јас имам 4 точки црвени, продолжение на старите стрии од пубертет. Имам се дома, се мачкам еуцерин, хипп, мустела и масло од бадем ама ете бидна. Само јас и бебо да сме добри ми е гајле и за стрии и за се веке
Земав мустела,гледам ја смениле 3 во 1 пишува , а и различно мириса поубаво него старата. Некако може дека ми ги избледи стриите после бременост не ја менувам.
Ја нарачав истата од зегин, многу поубаво мириса сега за сега немам стрии се надевам нема да ми се појават до крај.
Јас мислам дека било што да мачкате ќе го има истиот ефект. Битно е само кожата да биде хидрирана и да остане еластична и затоа не фрлајте пари на скапи креми. Јас на почеток мачкав кокосово и павловичева со ад капки скоро секој ден, а сеа кога ќе ми текне (1-2 пати месечно). Засега немам ништо на стомак 36та недела сум, а градите уште прво тромесечие ми беа бразди и покрај тоа што ги мачкав секој ден. Ама еве скоро се бели и едвај се познава нешто, не е страшно.
Мене ми се појавија два дена пред да се породам 37ма недела. Да не се мачкав мислам дека многу повејќе ке бев бидејќи имам многу сува кожа. А продолжив и после бременост да се мачкам и ми избледија,скоро и да не се познаваат. Може дека не беа многу длабоки,беа розеви но ете дали дека се мачкав па ги ублажив некако незнам. Но и сега исто земав мустела мачкам. А на гради,бутови немам ни една. А бев поправена 23 кг
Кај мене воопшто не се појавија стрии на стомак а и не мачкав цела бременост со ништо. Ми се појави само една мала на нога
Мене ми се појавија стрии пред да се породам една недела на стомак и на нозете, сега се виолетови, дали има некоја крема со која може да се намалат или избледат? На нозете се поизразени..
Bio oil маж ми ми го купи од Бугарија за избелување на стрии. Гледам дека има и страни на фб кои го продаваат а многу го фалат бил ефикасен.јас немам стрии се надевам дека нема да ми се појават до крај.