Јас го користев од Србија го купував. Во Србија е 1200 ден тука на фб го има 1800 ден се продава. Јас подолго го користев и ми се појави ко алергија од него многу ме чешаше кога ќе се намачкав и затоа го прекинав. Од тогаш почнав да си правам павловичева оргинал, пантенол маст, ад капки, вазелин, кокосов путер и бадемово масло. Одлична комбинација. Ти препорачувам нема да згрешиш. Цело време ќе ти биде хидрирана кожата дури и послем бањање ќе осеќаш дека имаш крема на тебе
Jaс се мачкам со кокосово масло од тегла тоа што е и го мешам со павловичева маст. 1мало лажиче павловичева и 1 лажиче од маслото. Си велам навреме почнав 11 недела таман е По еднаш на ден мачкам.
Да ја активирам малку темата 12та недела сум и одвреме навреме се мачкам со кокосово масло за превенција од стрии, но на некои места имам доста сува кожа и ми треба нешто помрсно. Планирам да додадам павловичева. Некаде читав дека добро било во кремата да се додава и витамин Е, па ме интересира каков поточно витамин Е се става?... Инаку имав тестер од Мустела и го потрошив ама ми беше како кремче, веднаш ми се упиваше така да мислам не би ми вршело многу работа.
Јас користев Мустела во бременоста и сум задоволна, ми се појавија стрии само на деловите на кои не обрнував внимание, странично на спојлерите и колковите, којзнае зошто таму не се мачкав доволно, за памет понатаму
35та недела денес немам ниедна стрија, а и многу мачкам Мустела е права ствар ќе продолжам со нејзе и по породување.
Јас сите креми ги мачкав ама џабе почнав да пукам. Хипп, мустела два вида, еуцерин, дм масло некое, бадемово масло... еуцеринот го потрошив, при крај сум и со другите
Јас пак си земав еуцерин масло и оваа бременост ,32 недела за некој ден немам ниту една стриа ,инаку оваа бременост пред да почнам со еуцеринот толку почнав да осеќам дека кожата на стомакот и бутовите ми се суши дури и се перути и ме чешаше многу сега веќе и те како приметувам разлика од кога користам еуцерин не чеша ,а и многу ми е мека кожата ,инаку користам и маслена купка за бањање ,ова со купкава го препорача дерматолог на предавањата во систина кога одев за трудници .
Не ми се направија стрии, но и да се направеа, ми е гајле. Мачкав само со домашно масло од невен што сама си го имав направено, а не мачкав баш баш секој ден, навечер кога ќе ми текнеше. И сега од мачкањето кожата на стомакот ми е најмека од цело тело
Јас релативно рано почнав да пукам, некаде околу 7, можеби и крај на 6. Стомакот како преку ноќ да ми порасна. Мислам дека го имав најголемиот стомак, невозможно е да не испукаш на тоа оптегање на кожата. Прво беа две линии, сега имам низ цел стомак. Ама ако, горда сум на нив, ова тело 9 месеци трпеше огромни промени а сега имам син. Другите делови не испукаа, сразмерно си бев дебела.
И јас мачкам уште од почеток два вида на масла и путер, ама изгледа згрешив што одредени делови не ги мачкав, и еве сега во 9ти, неочекувано испукав на долниот дел на стомакот под пупакот и кај препоните
Секаде се мачкав Откако останавме од дома да работиме и по 4 пати на ден Ама ајде нека сме живи и здрави ние и бебињата, кога ќе завршиме со раѓање ќе идеме на ласер Јас така се тешам
Рано е уште за невен, таму август-септември. Од жени што собираат по чисти места купив свежи цветови, ги исушив и во тегла ги ставив, дополнав со ладно цедено маслиново масло. Ги ставив да стојат мислам 40 дена на темно место. Повремено промешував и прекрасно портокалово масло добив со мирис на невен. Си правам и од кантарион, од морков, од камилица, од рузмарин. Па ги користам за мешање со чист пчелин восок, други масла, шеа путер, путер од какао итн.
Боди путерот на Hipp за мене се покажа многу ефикасен. На почетокот не се мачкав ништо и ми се појавија по 5-6 линии од двете страни на стомакот. Сега кога го мачкам стомакот, немам никакво чешање, си останаа само тие стрии што ги имав, дури и како да се намалуваат/побледуваат кога ги мачкам редовно.
И најскапото масло да го користите, не е до маслото до кожата е. Познавам жени што не користеле ништо па немаат стрии, познавам жени што потрошиле еден куп пари па се што се вика од глава до пети. Последната недела долу испукав преку ноќ, Weleda користев до 7 месец, од 7ми Bioil,продолжив да користам и после пораѓај, видливоста е намалена ама реално да се изгубат скроз не е возможно. Мислев дека ќе ми направат "проблем" во самодоверба ама баш сум сега поубава сега сум мами