Девојки, има ли некоја која испукала на градите, а на стомакот не? Јас сум 21ва недела со ивф. Уште од почеток на стимулации почнав да се мачкам и на гради и на стомак. На градите псобено им обрнував внимание бидејќи забележав брзо растење на градите (кои инаку ми беа речиси рамни). Уште во 8-9 недела мене градите ми беа распукани од долноот дел, а до сега и цел круг околу брадавиците. Дали да очекувам и стомакот да распука или сепак има некои случаи кога на градите се појавуваат стрии, а на стомакот не?
И јас испукав на градите доле кога почнаа да ми растат и јас имав мали гради. На стомакот не испукав само малку околу папокот, мислам дека нема правило, ако можеш мачкај се колку можеш против стрии можеби ќе спречиш. Не дозволувај да те чеша кожата, тогаш ќе ти испука ако не ја мачкаш.
jas sum 26ta nedela i jas isto ispukana sum vo gradite samo, iako se mackav dva pati na den, isto imam mali gradi i odednash mi narasnaa... ke se mackame pa shto ke bide neka bide
38 недела денес немам ниедна стрија, откако влегов во 9ти месец заборавам и да мачкам, предходно мачкав премногу.
Здраво девојки.. 31+5 сум, буквално цело тело ми е со стрии, почна со градите па потоа нозете (бутките и мускулите) и пред околу 1 месец и стомакот.. Не се обични стрии како лузни туку лилјави се и премногу ми се познаваат, не можам ни фустанчиња да носам а кај да е времево ќе се затопли, но толку многу имам стрии што дури не сакам да носам фустанчиња.. Нешто да се мачкам некоја крема да ми препорачате навистина што помага? Порачав една од билки домашно направена 2 пати во денот да се мачкам ми рекоја, ептен грозно мирисаше и не помогна ништо па си реков да пишам тука да ми препорачате нешто..
А од кога треба стрии да се појавуваат? Јас сум 20+5 немам ниедна стрија. Стомакот ми порасна градите од мали исто 2 броја ми се зголемија .. мачкам и јас масла од ДМ за трудници ама не толку редовно сега почнав поредовно. Има шанси воопшто да не се појават или сега допрва ќе се појавуваат?
Зависи од генетика некои мачкаат од самиот почеток на бременост па испукале, некои последниот месец тогаш и највеќе расте стомакот,а пак некои ни тогаш. Тоа што се мачкаме чисто превентивно ако можеш да спречиш или пак ублажиш појава на стрии
Факт е дека тоа е битката али ако можат на било каков начин да се спречат зашто да не го направиме тоа? Тоа е исто како и со килажата ако не да се направиме 200 кила бидејќи бебето треба да јаде и воопшто да не пазиме нема логика
Едноставно нема правила секој си е различен мачкај редовно јас и по два пати се мачкам гледам да не ја оставам сува кожата да не почне да ме чеша
Од неодамна го купив маслото на Веледа против стрии, се мачкам секој ден ама некако не ми ја масти кожата убаво (за разлика од кокосовото, ама престанав да го користам зашто мислам дека од него ми се појави црвенило и чешање), па ме интересираат ваши искуства. Инаку имам претежно сува кожа.
Јас се мачкам со еуцерин маслото до сега задоволна сум и не ги мрси алиштата што е најбитно. Имам слушнато и за свинска маст дека помагало доста
Јас мачкав свинска маст секоја вечер некаде до кај 7ми многу помага, а и мустела насабајле и поручек сега сум само на нејзе а и заборавам да ја ставам немам ниедна стрија
Пишував претходно тука дека користев едно масло од ДМ. Меѓутоа некаде кај 6ти месец почнаа од страничниот дел на стомакот да се појавуваат баш такви црвени стрии и почнав да користам свинска маст која ја ставав само навечер. Веќе сум 9ти месец и досега немам ниедна стриа, а тие црвените што се појавија за брзо време се изгубија.
Ги валка. Затоа облекувам некоја постара маица за спиење.На делот кај стомакот прима мрсно маицата ама не е страшно. Не останува на постелнината.И не мора да се става премногу од свинската маст, бидејќи мн е мрсна и секако не може се да се впие во кожата.
Дали некоја го користела леа за стрии во бременост од фитофарм? Се мачкав со павловичева, ад капки и кокосово, но гинекологот ми кажа не е тоа тоа. еуцерин ми е прескап, нешто поевтино ?