Од маркет ја купуваш масленава купка? Не сум ја сретнала, ќе може да ми ја сликнеш? Јас со еуцерин маслената ама пак слабо ми ја хидрира кожата.
Сум слушнала за обратна ситуација, масната кожа дека не прави стрии. Мојата е многу масна, и немам досега стрии по стомак, само во предел на градите од долната страна. Можеби рано е, обично кога се појавуваат? Редовно се мачкам јас со оригинал павловичева. За 2 дена ќе бидам полна 28ма недела
Јас со првата бременост испукав кога ми го извадија бебето (царски бев). До пороѓај немав ниту една стрија. Индивидуално е...
Мене исто на градите со првото од негде 4-5месец ми се појавија стрии ,ама од после не се ни познаваа сега дур бев трудна пак ми се познаваа стриите ,јас со првото бев огромна во вистинска смисла на зборот отечена бев а и имав многу голем стомак ама валјда до еластичност на кожа ,генетика нешто е што немам ниту една стриа .Инаку не се сеќавам точно ама до 6 мес.се мачкав со павловичева ,после со еуцерин масло ,маслената купка ја користев некаде од 3 месец.
Јас се мачкам со овој путер од кокосово масло, нема никаков мирис, мислам дека беше околу 400 ден, го земав од Еурофарм. Досега немам стрии, 7ми месец сум. Инаку се мачкам еднаш дневно некогаш и преку еден ден, кога како ќе ми текне.
Можеш слика да ми пратиш или точно кое масло, сакам деновиве да купам бидејќи веќе снемувам од кокосовото. Прво мачкам млеко за тело од Revuele So hilurionic acid за задржување на вода - хидратација, а потоа ставам уље. Истата девојка ми препорача на афрофита масло за тело со јојоба и шеа, но неможам да го најдам... На крајот секој со свое искуство незнам за што да се ослучам
Каде ека има купкава, која цена е и таа на еуцерин која цена е? Што препорачувате од маслени купки? 4ти влагам време е да се усериозам ❤️
Мешковци како сте ми денеска? Ќе Ве молам кој го има точно рецептот со оригинал Павловичева и АД капки ако не му е тешко да ми го напише, и кои се вашите искуства дали е подобро да се употребува тоа или некое од средствата против стрии кои ги нудат за трудници во аптека?
Точен сооднос не знам дали има.. Јас во павловичевата ставам ад капки МАСЛЕНИ, кокосово (има е витамин во него што придонесува кон еластичноста на кожата), маслиново, бадемово и последно ставив арганово. Најбитно е да е мрсно и тоа со масла што помагаат за подобрување на еластичноста на кожата. На почетокот мерев, а сега гледам да е пола павловичева, пола масла. Убаво си упива, ниедна маичка не ми е измрсена и оштетена. Битно е да мачкаш и лево и десно од стомакот - накај грбот. Спојлерите да ги фатиш убаво - можеби не осеќаме, ама и таму доста се шири кожата. Јас не мачкав таму на секое мачкање, па откако таму ми се појавија малку, почнав да де мачкам до грбот
Zdravo, dali nekoj ima iskustvo so ovaa krema? Inaku imam suva kozha i vleguvam vo 4ti mesec, mackam 2 pati na den pavloviceva so ad...nemam nisto sega za sega, da se nadevam deka genetski i taka ke ostane, no toa sto imam mn suva kozha me zagrizhuva.
Ако ти е склона кожата кон стрии со што и да се мачкаш ќе испукаш барем малку. Јас сум 6ти месец, кожа сува и многу склона кон стрии, но досега не се имаат направено. Покасно во 8ми 9ти кожата најбрзо се шири обично на повеќето тогаш им се прават. Сигурно ќе ми се појави некоја при крај, но се мачкам за да не се направам лом цела, колку толку да не речам дека ништо не сум превзела. Сабајле мачкам Еуцерин масло, навечер крем од невен. Ќе видиме што ќе биде. Павловичевата со АД ти е добар избор исто. Што помрсно тоа подобро. Оваа крема прв пат ја гледам.
Од самиот почеток прво се мачкав со млека за тела и од второ тромесечие со Еуцерин масло против стрии, само гледај и позади грбот да го опфатиш не само стомакот и градите и под мишки и сегде каде што може да распука лесно