Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телото за време на бременоста - појава на стрии

Дискусија во 'Бременост' започната од koritsaki, 30 август 2010.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Веледата го користев на почетокот и убаво ми беше, не ми мрсеше алишта, но ми беше скапо и се префрлив на Еуцерин. Задоволна сум засега. 7 месец, немам стрии. Плус мачкам и маст од невен, некогаш додавам АД капки во неа. Наизменично ги користам, сабајле еуцеринот навечер невен. Или ако еднаш денот се мачкам, едниот ден еуцерин, другиот ден невен. Од мустела имав тестер, го потрошив ама некако не ми одговараше на кожата. Инаку претежно сува кожа имам и склона на стрии. Ќе видиме до крај :)
     
    На BeloMache, Ognena* и IJAE им се допаѓа ова.
  2. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    815
    Јас не сум склона на стрии и немам. Ама мислам само што помрсно за превенција помага ако се почне од 3 месец континуирано мачкање со невен, павловичева, бадемово масло и сл. Нема да се појават. А ако се појават мислам дека после не ислезнуваат, зборам од што знам за другарка во 8ми месец и се појавија на стомакот црвени стрии и ден денес си ги има више избелени проба се и на ласер одеше ама сеуште и се познаваат за жал
     
    На Nefertiti. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Да, за жал, нема лек за веќе направени стрии освен ласер. Јас сум полна стрии на бутовите и задникот од пубертет, тенки се многу и бели, ама ги имам. Сега се мачкам од 11 недела.
     
    На BeloMache и IJAE им се допаѓа ова.
  4. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    815
    Добро тие мислам сите ги имаат дури и добро стојат а што се однесува на стомакот, колку се може да се негуваме на крај краева да ни се живи и здрави бебенцата, секоја кожа е различна на некој поеластична некому не, на крај се тоа се заборава.. радоста е преголема
     
    На Lovebug01 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  5. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Јас еве втора бременост само свинска маст користам.
    Стрии немам, во првата бременост мал стомак имав ама оваа бременост баш ми е голем стомакот и сеуште не ми се направиле стрии, денес влегувам во 9-ти.
    Првиот пат се сеќавам дека ја миев маста под млаз вода, додека тече водата ја гмечеш со виљушка, ја мешеш и фрлаш водата, постапката ја повторуваш неколку пати, еве 9 ако сакаш да е ептен бела и да не ти мириса.
    Јас ја чувам во фрижидер, ем не ми мириса ем преку летото на жешкото ладна поубаво ми беше.
    Ја мачкам на вечер пред спиење, имам неколку памучни маици за да не ги валам пожамите и ок ми е така, се навикнав.
     
    На IChika му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од еластичноста на кожата. Јас од третиот месец на мојата бременост користев кокосово масло, баш тоа што може и да се јаде, но во седмиот месец ми се појавија стрии. Истиот случај го има и мојата снаа, и таа користеше повеќе пати дневно масла и креми на база на што поголема масност, но и на неа ѝ излегоа стрии. Сега сакам да прашам дали некоја правела ласерско отстранување, како се движат цените оти не можам да најдам на интернет никакви информации во врска со ласерски третман (цени) за стрии од бременост. Јас сѐ уште не сум породена, но ете сакам да знам. Читав исто така дека подобро е стриите да се отстранат или третираат ласерски додека се свежи оти така има повеќе резултати, да не се поминува повеќе од една година. Секако и после година дена има резултати, но не било исто. Затоа ако има некоја што правела некаков ласерски третман нека сподели искуство и колку ја чинело, дали е задоволна и.т.н.
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Што по мрсно не е правило за тоа дека нема да се појават стрии. Има разни типови на кожа на некои хидратантно млеко за тело ем ќе им упие во кожата ем ќе има на нејзе слој дека е влажна, а маслото може само да е мрсно и воопшто да не упива во кожата туку да тлее над нејзе и тогаш џабе се мачкате. Треба да се проба со повеќе препарати кои ја одржуваат кожата влажна и еластична а не да седи мрсна зејтинеста, а ништо да не упие никаков ефект нема да има. Ова не е правило дека нема воопшто да се појават туку само колку да подпомогнете да не се направат повеќе со помош на препарати останато е генетика :)
     
  8. maca050619

    maca050619 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2017
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    мамички ве молам за помош , ми излегоја меѓу нозе кај препони и ципи не ме чеша ништо само вакви се , ставав бекутан пудра пред 2 недели незнам дали е од тоа од тогаш прекинав ама џабе иначе пудрата не беше со поминат рок , 25+4 сум
     

    Прикачени фајлови:

  9. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира од кога почнавте стомакот да го мачкате со крема против стрии,дали е добро да се почне со повреме? И која крема или масло ги препорачувате?
     
  10. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    дали останува мрсно на кожата или се впива сакам да го купам па да знам што да очекувам :)
     
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Одма ми се впива . Мачкам и се облакам не останува ништо на облеката.
     
    На kikitta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    И јас имам тенки стрии не од дебелеење, туку од брз раст на бутините, една на колено. Сега сум 23неделе мачкам од почеток. Прво користев од млеко за тело од Revuele со hilurionic acid, да впие па над него Кокосово. Кога ми заврши кокосовото бидејќи секако беше при крај, купив павловиќева и ставив ас капки. Сега следно млеко за тело земав на хип со бадемово масло, поретко врз него ставам и од павловиќевата (и двете млека за тело ми се по препорака). Да видиме како ќе иде. Но не се мачкам по 2пати, бидејќи идам на работа и практикувам туширање и мачкање пред спиење.
    Кое масло е тоа? Може слика или да ми го опишеш?

    Сите совети се добредојдени ❤️
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум 10 недели бремена и не знам дали треба да почнам да користам нешто или е уште рано.Во аптека ми го предложија ова масло како најдобро дали го користела некоја? F97C056A-C4ED-4AFE-A745-6B54CF2DD055.png F97C056A-C4ED-4AFE-A745-6B54CF2DD055.png
     
  14. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    еве слика од маслото во ДМ го имало
     

    Прикачени фајлови:

    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Не е рано, што порано почнеш тоа подобро. Не го знам ова масло, ама сепак ти си знаеш каков тип на кожа имаш и што би ти одговарало. Побарај тестер ако имаат да ги дадат да го пробаш. Јас така пробав мустела, што доста ја фалат, па не ми одговараше на кожата.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Колку чини маслово? Не ми е познато, никој не ми го спомнал.
     
  17. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Сум го видела, само за потврда сакав, бидејќи има многу производи и некој не ги знам.
    Ќе го пробам и тоа има време се да се шлапне ваљда на крај ќе има некој резултат
     
  18. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Јас го користам моментално, но после бременоста :) Искрено, вреди за парите, криво ми е што не знаев за него порано. Како што пишува, освен за стриите помага и за дисколорацијата на стомакот, за неколку дена избледнаа кафената линија долж стомакот и папокот. Стрии имам само околу папокот, овој мој дечко уживаше да се трти со газето баш таму и да ми прави џумки во 9 месец. :lol:Дотогаш немав стрии нигде, но ете, и покрај тоа што имам доста еластична кожа ми се направија на видно место. Сега веќе втор месец го користам Био оил и тие почнаа да бледнеат. А инаку во тек на бременост го користев Pregnacare, кој исто се покажа ефикасен.
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Го купив почнав да го користам после употреба кожата е многу нежна и добро е што воопшто не ја мрси облеката се надевам дека вреди за парите
     
  20. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Која цена е? :)
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.