Јас немав ниту една стриа до 37ма недела... малце ми беше мака кога ми се појавија дека цела бременост ниту една стриа и оп 2 недели пред крајот, ама тоа е тоа. Сигурно нема ама да прашам, некое чаре за црвени стрии?
Здраво, дали некој има искуство со кремата Lea Mamma и колку е корисна? (4 месеци сум бремена, ја користам скоро еден месец, се прашувам дали да сменам друга во иднина...)
Верувај шо и да мачкаш ќе испукаш на крај. Јас до 37 недела една стрија немав и како преку ноќ испукав. Јас се мачкав со павловиќева и бекутан масло. Не викам дека е џабе мачкањето. Го успорува процесот на појава на стрии но не троши пари на скапи препарати.
Женски, а како ги третиратирате новопојавените стрии? До 37 недела немав ни една, но преку ноќ стомакот ми се направи релјеф од сам почеток се мачкав со маслото на Веледа, веќе ми е при крај па не знам дали да продолжам или да земам нешто ново.
Има бензенски препарати во составот и не знам колку е во ред да се користи за време на бременоста и за доење, како што пишува на него.
Воопшто не се сложувам, игра улога со што се мачкаш и колку редовно, секако и генетика. Јас качив 17кг во бременоста, немам ниту една пукнатина, никакви стрии. Мачкав секој ден наутро еуцерин масло, навечер хипп Путер.
Сепак е повеќе генетика него до мачкањето Првата бременост цело време мачкав Еуцерин масло помешано со Хип путер, испукав ц е л а. Залудно беше мачкањето. Сега ништо не сум ставила, немам ниту една нова стрија.
Јас немав ниту една стрија во бременост 38+ се породив 18+кг имав качено кога се породив после една недела симнав 13кг испукав цела на нозете и сега мачкам еуцерин па избледуваат. Страшно е после пораѓај
Втора бременост и сеуште немам стрии. Се надевам дека после пороѓај нема да се појават. Во првата бременост се поправив +16кг и не испукав ни после пораѓај. А сега сум 38+ 2 г.н поправена +7.5 кг.
Прва бременост, 30та недела и први стрии ниско долу на стомакот. Во последно време забушавав со мрсната крема, мачкав само на хип со бадем, ама не интензивно. Или тоа ми е грешката, или мојата секако склона на стрии кожа си го кажува своето. Како и да е, не е пријатно. Но тоа е што е. Со лесно на сите.
Во бременост се поправив +30кила, а стомакот ми испука во 9ти месец бидејќи како нагло да ми нарасна. Не мачкав ништо на стомак, бидејќи кога хемија е во прашање малку сум скептик, но пиев големи количини на вода, ниту газирано нити густи сокови, значи само вода и сметам дека е доста битно телото да е хидрирано. По 6 месеци од пораѓај се вратив во нормала, немам ни стрии ни задебелени розеви линии
Се зависи од тоа дали бременоста е почната со низок БМИ или висок ако е висок и плус 30кг да ставиш можеби и ќе распукаш али и генетиката си има улога.За водата си потполно во право џабе мачкање ако не се пие вода и најскапата крема да ја купиш џабе ќе биде
Овие ампули ги нема во МК, јас од LIERAC користев крем за лице перфектна линија се дефинитивно. Види некој од страна да ти ги донесе
Jas se mackam od pocetok, sega sum 21 ke vidime do kraj dali ke se pojavi i kolku. Inaku mackam kokosovo maslo nautro i pavlovikeva pomesana so ad kapki i vit e ampuli istureni navecer. Eftina varijanta a gledam dosta ja vlazni kozata i i dava elasticnost.
До породувањето немав ама баш ниту една стрија- кога си дојдов дома од болница ми се појавија неколку мали околу папокот. Не изгледаат страшно, кога ќе избледат нема ни да се познаваат. Малку ми е криво дека таман реков ниедна не ми се направи, и ете. Нека стојат како потсетник дека телото мое создало нов живот и се променило А склона сум многу на стрии. Мачкав Еуцерин, Веледа, маст од невен. Секој ден по 2 пати, од 12та недела, и уште се мачкам.