Во ДМ го земав јас, до пред да го купам се мачкав со кокосово масло немав ниедна стрија, откако почнав од 7ми месец да го мачкам него лом се направив. Мене не ми одговараше а скапичко е
Dali ti teknuva koja cena e vo DM? Online mi velat 840 den toa od 60ml, a na internet gledam golemoto od 125ml e okolu 1000den?
Во Дм го земав и јас, големото повеќе ти се исплати. Јас сум од маслото задоволна,баш на крај од 8ми месец го земав и се мачкав и воопшто не ми се појавија стрии. Втора бременост ми беше. И можам да кажам одлично се сочував двете бремености, немам ниту една стрија. Ни на стомак ни во бутови. Ама да напоменам пиев и многу вода 3л на ден.
Девојки да прашам од која крема или масло сте најзадоволни? Мене ми е прва бременост и не сум баш запознаена со се Јас сум 11+5 денес, па од кога да почнам да користам е најдобро?
Јас сум 20 недела па цело време само со павловичева се мачкам и за сега ми е супер се надевам така и ке остане да не ми се појават стрии се мачкам од 12 недела,можеш и ти да си почнеш со време
Маст од невен можеш да си земеш и да додадеш АД капки . Ова навечер го мачкав, а сабајле еуцерин или веледа масло
Од масла кокосово користев, па Био оил во Дм. И обичен лосион за тело, наизменично се мачкав по 2 пати во денот. Ама јас покасно почнав со мачкање негде после 23 недела. И немам ниту една стрија,ни во бременост ни после пораѓај.
Јас користам све и свашта. Почнав да се мачкам околу 15та недела со маслото на еуцерин и сабајле и навечер. Потоа купив детско хидратантно млеко на бекутан и со тоа се мачкав сабајле а со еуцеринот навечер. Откако ми се потроши еуцеринот, го купив бебешкото масло на бекутан и наизменично мачкав некогаш два некогаш три пати во денот. Маслото ми е при крај, па купив кокосово и сеа со тоа се шлапам два три пати дневно. Инаку имам мрсна кожа. Сега сум полни 30 недели, имам две три стриички на надворешна страна на градите (инаку имам мали гради а во бременоста стварно многу ми пораснаа). На мешакот уште немам ништо
Малите гради особено знаат да се направат со стрии ако доиш,посебно во првиот месец на доенечки стаж. Јас имам исто мали гради,и дека дојам ексклузивно баш имам стрии. Стомачето успеав да си го сочувам и во двете бремености, ама затоа градите со тигрести шари се направија. Хехе. Нема две убавини одеднаш изгледа,или или е работава. Мала шала.
Имам мали гради и две три стриички на нив. Гласам сите стомак мачкате ама немојте ко мене да ги заборавите задникот и бутките,оти и таму се појавуваат многу. Јас ги заборавив т.е не знаев дека таму може да излезе па сега си имам на нив. Мачкам алое вера ама од домашно цвеќе гелот ,засега се приметува некое си избледува не па ке видиме.
Исто и јас како тебе, ги заборавив задникот и нозете сега имам црвени стрии, тоа многу ме загрижува, мачкам Lea Mama но ќе пробам и со алое(имам цвеќе дома) ...
Пробај ,за така изразито црвени читав алое гел измешан со кокосово масло. Јас за превенција на стомак мачкав така и вазелин ,еднаш тоа еднаш тоа немам ништо. Освен Линеа негра и едвај чекам да изчезне.
Аууу зошто тии е !? Ич ама ич не знам која недела се појави ...дали пред или по 30 тата. Сите нагаѓаа зошто излегла ,мајка ми демек ме бележела за царски ( се породив природно) Стрина ми било машко затоа излегла ( женско е )толку памтам имаше уште. Досадни ми беа многу ,а и линијата е досадна 5 месеци поминаа стои ,ко некапена се осеќам
Мене ниту во првата бременост со женско, ниту сега со машко не ми се појави линија. Значи зависи од организмот, а не од полот на детето. Ама луѓево се такви за се имаат некое објаснување