И гените да, ама ми рекоја дека имам од повеќе плодова вода на тоа се должело, наеднаш ми порасна стомако некако.
Здраво, читам дека покрај стриите некои од вас имаат проблем со целулит, како и јас... дали постои нешто што може да се превземе за тоа во тек на бременоста? Инаку за стрии јас користам https://www.instagram.com/pchelinmelem/ и павловичева со АД капки во неа.
Go berev talogot vo tegla otkako ke go Ispiev kafeto, stavav 1 lajce. Morska sol I maslinovo maslo,. Mesav. Dodeka. Se soedinat..
Идни мајки, да ве прашам. Мене ова ми е втора бременост. Во првата користев масло од еуцерин и кога помислив дека се спасив испукав во 36та недела. Сега имам стрии. Моментално сум 23 недела, дали повторно треба да се мачкам ,дали можам повторно да испукам со оглед на тоа што веќе има стрии ? Не верувам веќе на ниедни масла и затоа немам воља. Патем дали некоја користела био оил ?
Јас имам стрии меѓутоа мн ме чешаат кажете ми ве молам нешто што да мачкам да ми се намали чешањевооо?!
Јас испукав во 38ма недела под пупакот, неколку ама ептен дебели виолетови стрии,како некој вампир да ме гребел! Ужас!
Да јас, одлично е.. мене до душа не ми се појавија за среќа ама се мачкав редовно од прв месец со него и мустела кремата за стрии
Здраво девојки мене ми искочија стрии кои ужасно чешаат, во нив има дури мали црвени топчиња како бубулици. Гинекологот ми вика дека се работи за обични стрии но не ми се верува ова е неподносливо и како исфрлано. Дали некој друг имал ваков случај? Што да правам кај кого да се обратам?!
јас го имам истиот проблем со чешањето, мачкав павловичева, па мачкав Уље на Веледа, ама не можам да издржам одпосле многу ме чеша стомакот, ќе се побудалам. Не знам како да намачкам нешто, а да не ме чеша
Пробај со еуцерин маслото за стрии мене тоа најмногу ми помогна пред и после пораѓај.Али те чеша од стриите, ако не ти е црвен стомакот(на пример како на сонце кога ќе изгориш) тогаш 100%од стриите ти е . Види од кој материјал најмалце те чеша исто прашак и омекнувач.Јас се исфрлив малце на пола бременост од прашакот(Ариел) па си ги перев со Бекутан течен и немав гајле
Склона сум многу на стрии, но за чудо во текот на бременоста не ми се појави ниту една нова. Се мачкав со Hipp путерот, еднаш до два пати дневно.
Во оваа бременост ми се појавија неколку стрии над папокот и подолу на стомакот и тоа после пораѓај а мачкав многу поредовно отколку во првата бременост каде ни една не ми се појави.
И јас немав,немав, последните 2 недели ужас,под пупак огромни дебели 5-6 стрии ама ептен широки ми се направија... Некое чаре бар да се намалат има ли? Знам дека од виолетови ќе станат бели, ама намалување тешко а?
Користам масло Еуцерин и над него мачкам дебел слој Вазелин, два пати на ден. Облекувам веш маичка и така ја одржувам кожата хидрирана подолго време. Досега (33 недела) немам стрии. Меѓутоа, сега веќе почнува да ме чеша стомакот и да имам ситни акни кои чешаат. Го сфаќам чешањето, ама акните?
И мене ми се така дебелки виолетови. Едната е доста широка кога ја допирам се осеќа потенка кожа каде што е стријата. Јас мислев се спасив ама ете после пораѓај си ги добив. Па мислам дека нема чаре се е само мачкање очи што постои против стрии според мене. Нека кажи некоја членка ако имала подобрување од нешто ама освен што ќе обелат со тек на време друго чаре не гледам јас
Па ни јас, не дека очекувам да ги снема, тоа знам дека нема шанси, ама ако има нешто да ги намалиме супер би било...имав едно на Сатва ли беше порано за намалување стрии ич не се сеќавам,сега ќе гуглам..