Мене само на бутот ми се направија неколку, ама не распукаа многу, беа црвени сега се бели, не се ни познаваат дури, на стомак немам, а за стрии освен ласер, друго ништо не помага откако ќе искочат џабе е се, за жал, ќе си ги носиме за спомен.
Јас кога одев на третмани за стриите кај дематолог ми даде плус и масло против стрии од Еуцерин. Инаку стрии ми се појавија уште од кај 20-тина години кога немав некои промени во телесната тежина. Сега во бременост докторката која ми е матичен гинеколог ми препорача масло против стрии од Веледа.
Редовно мачкање со крема против стрии,сабајле и навечер пред легнување и тоа убаво пообилно количество уште од сам старт на бременост.Јас се мачкав со Мустела . Исто така и негата пред бременост сметам дека е важна како и бројот на килограми качен во бременоста. Не се согласувам дека телото едностсвно не ми е склоно кон стрии зстоа што веќе имам неколку стари уште од пубертет кога растев а сега еве во приодот додека бев бремена не добов ниту една стрија . Мустелата е според мене феноменална крема за превенција на стрии и топло ја препорачувам .
Јас сум моментално 17 недела и ги користам овие 2 препаратс на еуцерин, едното е маслото, а другото е путер за сува кожа. За сега терам добро, ќе додадам и павловичева со ад. Се мачкам еднаш дневно, склона сум на стрии уште од тинејџерка ги имам на газот, позади колената.. Нешто друго да препорачате
Јас еуцерин маслото го користам и кокосово масло, засега сум задоволна. 35та недела немам ништо, понатаму ќе видиме Одкај 12та недела мислам почнав да користам кокосово масло, а еуцеринот одкај 25та... наизменично сега се мачкам.
Јас користам еуцерин масло и го мешам со маслото бејби лав од дм бидејки едмо еуцерин не ми дтасувс месечно а цела се мачкам.Плус имам еден бабин лек хахахахах мешам домашно направена свинска маст и внатре ставам маслиново,кантарионово,чичково и мешам се убаво во еден сад и од таа смеса се мачкам еднаш дневно начесто навечер.Сега за дега сум 37 и немам ниту една стриа
Кога се појавуваат најчесто стриите во која недела ? Јас од сам старт се мачкам со weleda засега немам 28 недела сум Дали на крајот кожата испукува залудно ли се мачкам?
Јас го нафминав терминот и последната 41 недела испукав скроз, а претходно немав. Многу натежнав на крај и ништо не ми помогна, џабе толку се мачкав и цело време мрсно ми беше местото. Али мачкај си сепак.
Здраво незнам дали за тука е прашањето Кажете ако знаете крема или спреј против комарци во бременост Незнам дали се штетни Позз
Природна крема протов стрии: Во павловиќева маст турете бадемово, кантарионово и маслиново масло и ад капки. Измешајте до хомогеност. Секој што ја користел ниту една стриа не му се појавила
Мене ни една стриа не ми се појави,39+3 се породив. Не мора да значи дека треба на сите да им се појават. Јас мачкав павловичева и кокосово масло, едно вечер едно утро,ама имам и мрсна кожа природно.
Немора да значи дека ќе испукаш, се за виси од кожата. Еве трета бременост ни испукнатина ни стрија имам, сега за сега со оваа ама гледајки се не верувам ќе испукам.
И јас до сега ништо немам 38+6 сум,напред на нозете нешто као да ми се појавија сеа пред 2,3 дена по неколку линиички ама можда ќе се предомислат и повлечат .
Да, исто и јас. И со првата и сега. Имам едни малечки ситни линиички бели, ама тие после првата бременост ми ги снема, се надевам и сега ќе биде така. А не се мачкам со ништо посебно, регуларно млеко за тело што си се мачкам секогаш.
Еве јас да се пожалам, во 33 недела ми се појавија мали црвени стриички на левата бутка...и се се случи кога добив осип, од чешање и имав црвенило на кожата баш на левата бутка, откако се повлече црвенилото си ги приметив стриите се надевам дека нема да ми излезат и на стомакот и градите, а редовно се мачкам