На мене ми се појавија стрии во 5-ти месец. Од моето породување помина година и 5 месеци и уште ги имам. Ама почнаа да избледуваат. Појавата на стрии зависи од типот на кожата. Креми не помагаат.
Стомакот го мачкам како што имам кажано со мента, ми се немаат појавено досега. Ми се појави на ногата, значи на место каде што не очекував и нормално не го мачкав
Мешенца на градите ми се појавија како модри линии слично на стрии, бледи се али се познаваат, незнам како може преку ноќ да ми се појават??? сега ич неубаво ми дојде, дури сега сфаќам дека претрпувам промени со телото може ми се појавиле бидејќи имав мали гради па сеа нагло некако ми потпораснаа, му се има случено вака на некој?
модри па ке преминат црвени па розеви па бели и како такви ке си останат тоа ти се срцка стрии да те потсекаат цел живот дека ис била бремена али ништо страшно не боли
Исто беше и кај мене и јас имам мали гради и во почетокот на бременоста почнаа нагло да ми се зголемуваат целите ми беа со модри линии(тоа се уствари како некои вени),дури се страшни кога ке се погледнеш...ама тоа е од бременоста,сега работат хормоните и телото се припрема за доење...не е ништо страшно немај гајле не те болат на допир така? Сега видов Ева пишала пред мене дека се стрии,па да може и тоа да е...ако се осеќаат на допир...
Ајјјј а пред да забременам викам и колку и да качам килажа ке симнам после породување ама се молам стрии да не ми се појават зашто мноооогу ги мразам али неможе ете желбата секад да биде исполнета за жалллл, незнам дали се стрии или вени, не се осеќаат на допир и не ме болат, а јас па кефој бев викам еее конечно поголемки гради ќе си имам
да во бременоста се појавуваат и вените на градите уствари они си се тука цело време јас грешк асе изјаснив него заради поголемото количество крв што струи низ нив тиа набрегнуваат и идат како поиспакнати а стриите ке ги познаете така што кожата изгледа како распукана односно кога ке поминиш со прстот има како вдлабнатина а вените се како испакнатина
Засега се во мирување изгледа , не се ни испакнати ни вдлабнати само како помодренки ќе видиме што ке испаднат
Мене ми се прават стрии само на левата страна од стомакот... зошто не знам.. се мачкам со павловичева, со мента, со масло од еуцерин, со бутер од кокос кој го нарачав од интернет дури од Австралија... и пак и пак и пак ми се појавуваат стрии.. Еве го путерот..
Hahahaa Ekaterina mila i ti kako mene samo na ednata strana...do dusa jas nemam na meskoto no imam 3 strii na desniot but hahah i sama se cudam zosto taka ama valjda podobro taka negoli da se zalime pa deka na sekade gi imame.....
Чудна работа ... можеби е дека спијам на десна страна па само на левата се прават.. стварно не знам... ама што викаш подобро само на една нека се прават отколку секаде... и да исчезнат дури не станале бели.
Јас забележав стрии на стомакот пред 2 недели некаде. Не се големи и ги имам само во долниот дел. Не се приметуваат многу, црвенки се и се надевам дека ќе ги снема со тек на време Инаку цело време се мачкав со креми ама ете, пак се појавија
Јас вчера ја направив и одлична е оваа крема, само ми фалат Витамин Е капсули не најдов, денеска ќе побарам пак. И АД капки ставив околу 20тина - не ја знам дозата. Дали некој ја правел оваа крема и колку АД капки треба да се стават? Цело шишенце? Пола? Неколку капки?
Фала срц. И јас сигурно ќе испукам, таква ми е кожата си знам, само колку толку да видам да ублажам ако можам со мачкање.
Мислам дека тоа е индивидуално, ама јас почнав да си се мачкам уште сега додека не почнал да ми расте стомакот, за да ја „спремам“ кожата, колку - толку.
Мила мене ми се појавија на почетокот на 8ми месец а се мачкав со креми уште од 3ти некаде. Нема некое правило дека ќе ти се појават, исто како што нема ни правило дека доколку се мачкаш, нема да ги имаш, се зависи од кожата. Само брзо да ги снема, јас тоа си се надевам
порано имаше по аптеките една крема се вика СТРИЕТ и е многу ефикасна и не е многу скапа. ама јас од пусти страв да не се мачкам со хемикалии и избегнував. сега се мачкам само со павловичева ама ќе морам да си најдам нешто полесно за мачкање зошто почнува топло и уште павловичева ми фали ко со сало да се мачкам уффф бре колку ми е грозна
Епа мора помрсничко да биде, да има ефект А те разбирам за топло време и мрсна крема, ама тоа е тоа Трпи мома за убавина.