Истото го користам ама ептен сум несериозна. Супер бев до сега сега видов едно малецко стрииче се појавило само. Дефинитивно е до самата кожа и хидратација со вода плус
Здраво имам црни стрии усте не сум била на доктор ама сакам ваше мислење некаде прочитав дека можно онфекција да е тоа.
Здраво дали некоја знае по колку се мешаше павличева маст со кантерионово масло, бадемово масло и ад капки. Во првата бременост се мачкав немам воопшто стрии. Е сега никако не ми текнува по колку мешав а знам дека тука прочитав тогаш ама никако да најдам.
Да еуцерин за стрии е само едно масло вака убаво се впива и во комбинација со уреа лосионче мека ми ја прави кожата ептен е сега јас наизменично и други пробував чисто бидејќи се сакам да пробам
Јас го користев прво овој па путерот на хип и додека бев бремена немав стрии, се породив и тогаш ми се појавија. Што и да се мачкаш зависи од кожата. Познавам жени ништо не се мачкаат па немаат ни една стрија и обратно, ќе се мачкаат со свашта и пак стрии... Мачкај било што да ти ја држи кожата мрсна и хидрирана па можеби ќе имаш среќа да немаш стрии Како и да е, штета не може да имаш
Здраво девојки колку време чекате да се впие маслото пред да се облечете? Јас после туширање чекам едвај 10 минути и се облекувам но не знам дали има ефект вака, да не останува само на облека? Го користам инску маслото на Алверде и тоа тешко се впива. Дали сите масла се такви?
weleda јас користев. бања крпа масло облека ама расипав 3 мајци мрсно и тешко мириса... но немам ни 1 стриа
Не чекам ич. Можеби зошто ставам поголема количина и ми смета да седам мрсна, веднаш се облекувам. Ефект секако има, се приметува дека поинаку е хидрирана кожата. И јас веднаш потоа облекувам постари бели маици, за да можам на 90° да ги исперам. Доволно е нив за почеток, после пресоблекувам во што сакам. Иако многу пријатно мириса, ради мрсното ми е повеќе. Јас Веледа и Риластил користам, засега немам ниту една.
Јас го користам алверде и домашно кантарионово сега, пред тоа користев и еуцерин и какао путер органски се мачкам малку чекам и тоа е тоа..мислам дека сепак треба да има ефект да впие колку толку од маслото.. имам заприметено дека алверде ако се намачка на влажна кожа подобро се упива