Ве читам масла користите. Што е подобро, масло или путер ? Јас путер на хип користам и многу ја хидрира кожата а воедно и не остава никакви флеки на облека, ама не знам дали ми е доволно?
Јас со свашта се шлапам Дека од дома работам, цел ден сум нешто намачкана. Користам риластил крема за стрии, масло еуцерин и измешав во тегла павловиќева со бадемово масло и тоа го ставам. Шеа путер исто некогаш знам да ставам. Кога ќе се намачкам како зејтин светам. Не е ни правило, некои што ги знам со обично млеко за тело се мачкаа и немаат ништо. Јас жива исплашена од црвени стрии цело време мачкам.
Го имам и путерот на хип преубаво ми мириса нежно ама искрено не доволно ми ја влажни кожата и кога одам да се туширам путерот како да стои над кожата како да не е упиен како да го измивам тогаш и не ме бендиса заради тоа.. добар ефект имав кога се мачкав со еуцерин млеко за тело со уреа многу ми ја хидрираше кожата..сега земав едно млеко од кам biocura ептен мрсничко ептен ми се допаѓа па се мачкам и со тоа е сега како ќе биде ќе видиме еве сум 37+ засега нема ништо ама не се знае до крај
Ја се утепав од мачкање, ама џабе коа ќе се намачкам долниот дел од стомакот ми допирал до облека и ми се сушело цело време. И така фино лепо долниот дел од стомакот ми е црвени бордо стрии. Здравје афтеркер ваљда ќе ме спаси.
@WhiteCat33 36та нареднава недела влегувам. Ама испукана сум скоро месец. Гени си е све, ти добро си се држиш, продолжи си така. А и нормална ствар се стрии, ќе ги средиме од после
Имаше во труднички муабети споделуваа некоја крема која се користи 3 месеци после пораѓај... Ваљда ќе ја најдам па ќе апдејтнам
Некоја од вас ја беше споделила оваа крема за стрии после пораѓај. Па ме интересира каде можам да ја купам. Или па доколку имате искуство со некоја друга пишете ми.
Јас ја користам моментално во бременост, ама скоро почнав рано е да споделам искуство. Ја нарачав онлајн од аптека анни фарм, ама може да се купи и физички, аптеката се наоѓа во капитол. Може да ја има и на други места.
Стрии имам уште од средно кога нагло се здебеливГи имам на задникот, малку од страната на нозете, ги имав и на градите, ама исчезнаа. Наследни. Ги има и мајка ми освен на стомакот иако 2 бремености. Се надевам дека и мене ќе ме заобиколат на стомакот 18та недела сум и сега почнав посериозно да се мачкам откако ми рипна мешето. Го користам овај путер на Алверде, го имав добиено на поклон па сега добро ми дојде. Исто и ладното цедено кокосово масло во тегличка го користам. Ќе видиме до крајот како ќе биди Само да се надополнам- иако бев тинејџерка, ни тогаш, ни ден денес не ми претставуваат комплекс.
Мене и покрај мачкање ми се појавија стрии на градите и тоа од внатршна страна, кај деколтето. Многу се изнервирав хаха зашто и рано ми се појавија, 14та недела.. не ми се нешто екстремно пораснати градите ама ете.. и премногу ме чешаат, што да мачкам за да заздрават ?
Кој е тој путер на хип? користев на почеток еуцерин, сега тоа евтиното од ДМ. Па се мислам дали еуцерин или хип да земам и кокосово. Кокосово ладно од тегла користите?
Има во аптека, 400 и нешто денари ми рекоа во Еурофарм во Џамбо. И јас планирам да земам, од сабајле да мачкам од путерот а навечер маслото од еуцерин.
Здеаво девојки, за тие што користите павловичева+ ад капки, кои ад капки ги зимате? Јас купив едни од зегин, но на нив пишува ретинол а ретинолот бремени жени не смеат да го користат. Исто во упатство пишува бидете особено претпазливи ако сте бремени или доите. И сега не знам дали да ги користам уопште, има некоја трудница искуство со овие?