целиот стомак ми е со црвени точки (не ме чешаат цело време) ама ме кокоткаат потчешнуваат напати Како алергија, како исфрлено нешто Пред два дена се појави
Личи како алергија на нов лек? Да не си почнала некоја терапија прв пат? Како и да е, врти на доктор.
Не, ништо посебно Феми бејби, железо, магнезиум... Се мачкав со бебешка пудра во прав. Ќе видам уште утре, ако нема опоравување ќе вртам во пон
Тие што имате мачкано павловичева, од која купувате? И цели АД капки ги ставате внатре ? Нешто мрсно ми треба многу ме чеша се, ќе земам и еуцерин масло ама сакам и нешто друго како крема.
Јас ја земам онаа розевата, можеш и оригиналната на др. Павловиќ. Ставам маслени ад капки цело шишенце и пола шише бадемово масло + 1 ампула течен витамин ц. Помрсно амин
Јас во првата бременост ја користев комбинацијава од павловичева, ад, бадемово и Е витамин. Никој не ми спомна за штетноста на ад ссе додека не прочитав тука сега кога купував за оваа бременост. Го исчитав цело упатство и внатре освен што пишува препорачана доза за пиење за бремени, нигде не пишува дека не смее или дека е штетно, па ставив пак. Инаку мојот ‘рецепт’ е онаа белата павловичева (во зегин е стално со подарок мала), тие две пакувања, пола шишенце бадемово од сенсилс, 1 шишенце ад капки и 15 капсули Е витамин (Е вит е за еластичност). Целата смеса за мешам и ја делам во 2 пакувања како големата павловичева (сега си чував од друга крема празно, за следното веќе ќе имам). Ова го мачкам пред спиење пошто е многу мрсно, го оставам да упие малку и пижама одозгоре. Од сабајле мачкам од путерот на Хип некогаш, некогаш ништо пошто уште е мрсно останато
Па и јас дека тука читав,ама ке ставам барем пола шишенце.Мене во аптека ми кажаа павловичева,бадемово масло,кокосово масло,ад капки и јекодерм крема тоа да измешам и плус се мачкам сега мустела крема предходно мачкав хип путер и оил но оил масло И исто имам другар пластичен хирург он ми кажа дека многу добро е и дасе мачка вазелин
Дали е дозволено Цикатрикс во бременост? Пред да останам трудна ја почнав заради подтоечки стрии и коа останав бремена ја оставив зашо не знам дали смее, па ако има некоја искуство нека сподели
Инаку денес баш ја прашав матичната и и покажав кутијата од Ад капките ми рече никако да несе мачкам и да немешам со нив
Јас и покажав шишенцето и ми кажа витаминот А е ретинол а тој не е дозволен во бременост.И затоа него ни ставив во смесата без даја прашаж и добро што така постапив
Готово, не мачкам веќе. Среќа на почеток сум, па и немам се уште толку потреба и не сум мачкала многу
до сега купував еуцерин и еднаш земав путер хип. Путерот најубав ми беше за нанесување, не ми ја мрсеше облеката, како обично млеко за тело и не мирисаше лошо. Кое е подобро еуцерин или веледа? Се мислам дали да ја пробам веледата или да си земам пак еуцерин.