Веледа знам дека имаат и путер и масло. Путерот не дојде ред да го пробам, зошто комбинирав цело време Риластил и Веледа маслото. Се породив пред скоро месец, немам ниедна, а склона сум на стрии. Ама, мачкав двапати на ден, не штедев ниту количински, едното сабајле, другото навечер. За 15-20 дена се трошеа секое. Ова чисто орентационо го кажувам.
Најбитно од се е да внесувате течности, вода. Ако кожата не е хидрирана од внатре, нема да и помогне ниту една крема.
Го користам путерот од Хип преку ден а навечер мачкам Еуцерин масло. 8 ми сум, до сега немам ниедна стрија ама сакам да појачам на мачкање со надеж дека нема да испукам. Од што сте најзадоволни, да ми препорачате?
Со обична павловичева и АД капки, ниту една стрија немам. И после пораѓај, се мачкам, колку стигнам де. Многу течности пиј. Вода. Најбитно е да е хидрирана кожата. Е сега , на секое трчаш во тоалет, ама што викав јас и така и онака идам во тоалет на секое, барем жедна да не сум. Многуууу вода пиев јас.
Незнам од која причина не ти дозволила. Ама и во аптека ми кажа вработената и баш од кои зимаат трудници и како ги мешаат. Тоа е комбинација на витамини и ја хранат кожата со вит А и вит Д, особено на делот кај стомакот , кој освен на плажа, па и не ни е изложен на сонце да прими вит.
Ретинолот е дел од вит А. Не го има толку многу , па да е страшно неговото користење , кое патем е добро за кожата и нејзина хидратација и негување. Плус го нанесуваме површински на кожата, да стигне со крвоток или бебе со мачкање неможе. Сепак секој одлучува што и како ќе користи. Да не биде дека наметнувам на некој нешто. Повеќе ми е страв од воздухот надвор и тоа како влијае на нас и нашите малечки.
Само масло од Еуцерин мачкав,не ми се напеави ниту една стрија.Едно шишенце до крај истрошив.Само мачкај се редовно.
На сите креми со ретинол пишува дека не се употребуваат кај трудници. Ваљда некој испитал и докажал контраиндикација на витаминот А кај бремени.
Не реков дека треба да се шљакаме креми со ретинол во изобилство. Туку дека во АД капките не го има толку многу. А ако е толку страшен ( патем пак ќе кажам не наметнувам на никој ништо), сите гинеколози ќе бидат со истиот став да не користиме, а за тоа што ставаме на кожа, сме зборнале со гинекологот.
Трето потрошив, мачкам редовно, немам утнато. Ама 8ми сум и веќе нагло ќе почне да расте, па викам да појачам.
Jas koristev eucerin sekoj den i ne mi se pojavija strii dodeka se porodiv. Otkako se porodiv tretiot den mi nadojde premnogu mleko, gradite topki olkavi i mi raspukaa gradite so strii. Da znaev deka treba i posle porajgaj da mackam ke si se mackav
Мене градиве ми се уште од сеа топки имам па немам стрии некако се повлекуваат на нив, и некако брадавицава ко распрскана низ цела града ми е
Риластил и Weleda масло јас зедов. Имам и Еуцерин, ама некако не ми се допадна. Риластилот погодово ептен ми се допаѓа.
Од кај го зема Риластилот? Мене ми прија Еуцерин, општо козметиката ми одговара, ама дека сакам да појачам.