Најдов по маилот. https://viafarm.mk/p/5240/rilastil-krem-za-strii-200ml-11-gratis Од овде, имаат 1+1.
Како лепливо е малку? Такво е кај тебе? Ми стигнаа иначе баш брзо, одма утрето. Две креми по 200мл. 2080 ден, се исплтат премногу. И одма појачав, се шлапам со три, па сеа останува на кожава да биде разумна и да не испука хаха.
По грешка наместо тоа наменето за трудници сум го земала ова масло од дм. Во составот и има ајдучка трева а читам дека не се препорачува во бременост и масло од роза. Не знам дали да го користам. Дали некоја има искуство со есенцијалниве масла?
Женски што се породивте како издржавте до крај со риластилов испукавте или не? Се мачкам со еуцерин маслото ама уште третина имам а го нема по аптеки па викам да одам на ова пошто уште е 1+1 на линкот
Јас го користев Еуцерин маслото навечер, од сабајле на хип путерот а попладне Риластилот, немам ниедна стрија. А се здебелив 25кг.
И јас комбинирав еуцерин,риластил и хип 37ма недела сум сега испукав пред 2 дена некогаш многу зависи и до кожата и генетика,јас имам многу текна кожа скоро проѕирна а не сум ни поправена многу само 9кг.
Ќе се надоврзам во муабетов не повикана, и јас ко тебе се мачкав нонстоп и распукав така скроз на крај... Во бременост минимално се поправив. И сеа баш се мислам што да превземам, сеуште се розови. 5м пп
Ја генерално имам помрсна кожа и коса ама во оваа бременост осеќам како ми е посуво и телото и косата. Навечер мачкам убаво еуцерин ама и за сабајле сакав нешто да земам плус имате линкче од путеров на хип да го ѕирнам?