Јас го користам до сеа немам ништо излезено 6ти месец сум за понатака незнам се осеќам доста оптегнато во стомакот , сестрами исто цела бременост со него ја помина нема ниедна стриа. Можеш да комбинираш со кокос.
Јас да ви кажам купив од путерот на хип и засега ептен ми се свиѓа, првите 4месеци со маслото од еуцерин ги поминав сма веќе не го носат во зегин па преминав на ова. Кожата е преубава мека и хидрирана, сабајле и навечер мачкам
Да ти кажам и јас го користам еве веќе еден месец и сум задоволна и убаво мириса и мека ја прави кожата.
Јас еднаш навечер после туширање ама ќе почнам и сабајле, сега дома сум мора да мирувам за грлото и ќе мачкам два пати.
Исто мачкајте и гради и бутови … ова од мајка ми препорака… женава две деца изнесено ниедна стрија нема
Да све се мачка, ама само во стомак сум мн оптегната, некако нозе раце немам ништо поправено, гради така така. Ќе видиме натака како ќе биде, слабо кожава ми упива и сабајлечки сум мрсна од маслото.
Јас приметив баш онака промена во кожата, генерално мешана кожа имав и на лице и на тело сега ми е посува па интензивирав сегде и ок ја осеќам. Јас во бутови и нозе се здебелувам секогаш… никад не сум имала стомак … сега прв пат во бременост ама ако нека расте срцкава и се радувам секој ден на огледало
Јас минатата бременост мачкав еуцерин и павловичева ама се полевав буквално и цела распукав. Во 7ми ми порасна нагло стомакот и ужасно ме чешаше и тогаш цел стомак ми се направи со стрии ама баш цел. Сестра ми па дали еднаш се намачка и нема ниедна стрија. Мислам дека си е до самата кожа, не верувам дека прават магии маслава и путериве ама е убаво да се хидрира кожата. Сега во вторава бременост мачкам веледа чисто колку да мачкам нешто, секако веќе е распукан ама избледени се не се толку страшни ко на почеток.
Јас можам да споделам позитивно искуство, многу производи пробав за време на бременост ама најмногу сум задоволна од домашно кантарионово масло, какао путер и еуцерин користев скрос на почетокот. Немам ниту една стрија, исто млекото за тело од Biocura од кам го користев на крајот пред да се породам, мрсно и доста хидратантно, јас стварно видов ефект. Топло ги препорачувам препаративеИнаку имам стрии баш на нозете од пубертет а во бременост ниту една не ми излезе иако пред тоа немав ич стомак и кожата багји се растегна, сепак мислам дека тоа што се мачкав упорно игра голема улога
Јас за почеток го земав на алверде мама путерот и се мачкам после бањање па здравје кога мешко ќе почне повеќе да расте нешто друго
Во зегин го земав хип путерот, преубав ми е, јас почнав со еуцерин масло уште од 5та недела да се шлапам до сега до 21ва немам ништо ќе видиме што ќе се деси до крај
Почнувааај од хидрирана кожа нема штета, мене после 15та недела веќе и како оптегнато ми стана мешето тврдо сега во 21ва веќе сум со мешенце скроз
Јас исто ставав, хип путер сабајле, навечер еуцерин маслото. При крај додадов на тоа и риластил. Немам ниедна стрија. Еуцерин е предобро, хип е убав ама не хидрира толку.
Jas gi kombiniram zaedno, prvo mackam od hipp puterot posle weleda maslo stavam. Ok sum sega za sega 36 nedela.