Zdravo Dali ste zadovolni od Weleda masloto protiv strii? Jas sum 15nedela, nemam uste novii izlezenk a od pubertet si imaa strii na stomak na gradi i zadnik. Dali weledata pomaga da isceznat i starite?
Јас користев и немав ниедна стрија. По пораѓајот престанав и одма добив стрии. Така да што и да користиш продолжиш и некој месец откако ќе се породиш да мачкаш
јас го користам првпат маслото на babylove убаво мириса мрсно е и не е воопшто скапо од дм за околу 200 денари, се шлакам кога ќе ми текне и со путерот на алверде до сега да се подречам немам ниедна стија а 31 недела сум се надевам нека да распукам како шар планина на крај
Јас го користев и во претходната и во оваа бременост. Мене ми е супер, посебно со таа цена, ама мислам дека се бањав со него. Во минатата бременост потрошив 12 флаши Плус таму од 7ми почнав и некој путер да користам. Немав ниту една стрија после првата бременост, сега за сега исто, иако сум уште 28ма. Се надевам дека и оваа бременост ќе поминам без. Мене ми е супер тоа масло.
На мустела е на попуст, јас ги користев и кремата и уљето презадоволна сум. Едното навечер, другото насабајле мачкав
Јас почнав да го користам Weleda ептен ми го пофалија другарки што го користеле само што едната се мачкала само на стомак, а и се појавиле на гради. Е јас од врат до колена се мачкам хахахах
Збориш за тоа маслото за трудници? Јас кога го барав, пишува по аптекиве дека не е во продажба веќе не знам на кое мислиш..инаку и јас го купував во Зегин ама сега гледам го нема.
Девојки, пред да го купите маслото читајте го составот на него. На пример на Weleda маслото има многу сличен состав со маслото од DM на BabyLove а е неколкукратно поскапо и пакувањето е помало. Состојки кои најмногу превенираат појава на стрии се Витамин Е, Centella Asiatica и Hyaluronic Acid. Гледајте да си најдете масло кое ги има овие состојки или во маслото поголемиот дел да е бадемово масло бидејќи бадемовото масло природно има витамин Е во него. Поголемиот дел од овие масла се маркетинг а составот им е речиси ист само непотребно го преплаќаме брендот.
Да, така било, баш вчера во аптека исто ми кажаа Фала на препорака за путерот гледам не е ни скап, јас купив на mustela, ама следно дефинитивно путерот и маслото од Dm на baby love ќе го пробам, погоре препорачан
Уште го користам, сега се туширав и мачкав нозе со путерот … мн убава хидратација прави ама мене ми беше страв да се оставам само со путер и комбинирав цела бременост сабајле путер, навечер од веледа маслото - ама ич не го можев мирисот на невен кога дојде ред за козметика за бебе да гледам сите препорачуваат веледа дека органска … прашав исто ли мириса како маслото за трудници - ДА! Пиши пропало нема шанса така детето да ми мириса иначе мене мешето без ниедна стрија ми се врати скроз во првобитна состојба