Препорака за масло за стрии, бидејќи од еуцерин никаде го нема се мислам weleda или риластил? Кое е подобро? Или препорака за некое друго масло или путер.
Жени продолжувате ли да се мачкате после породување? Што е со веќе појавените црвени стрии, користите нешто друго или стандард маслата во бременост?
Според искуствата што ги читам на форумов а и општо при нагло дебелеење/слабеење, потребно е да се продолжи со негата и после тоа бидејќи тогаш процесот е обратен - се враќа назад кожата во првобитна состојба и повторно има веројатност да испука од собирање. Има доста искуства кајшто после пораѓај престанале со користење и баш тогаш им излегле стрии. Што се однесува до веќе настанатите стрии, трајно решение освен ласер тешко. Можеш со масла исто да се мачкаш и со масло од кантарион мислам дека помага, ама секако им треба време за да избледат. Особено ако се темни (црвени или виолетови).
Може ли да ми пратите како се острануваат со ласер, некое студио што го прави тоа. колку кошта дали е здраво и дали боли? И после колку време од пораѓај сте правеле?
Здраво женски, јас сум 30та недела и веќе ми се појавуваат првите стрии на стомакот. Од почетокот на бременоста користам Бејби лов масло од дм, ама најверојатно нема многу ефект. Што би ми препорачале да спречам колку што можам?
Многу хидрирање. Пиј вода, ти треба нешто што ја хидрира кожата, маслото не ја хидрира. Путер за тело пример на Веледа. И на крајот од денот тоа се гени. Не можеме многу да направиме за да спречиме. Како што би рекла јас не можеш толку често да мачкаш колку што можат стрии брзо да се појавуваат ама тоа е, индивидуално е. Јас викам ќе ми останат да ме потсетуваат низ што сум поминала.
Од каде го купувате путерот на weleda, бидејки јас само маслото за стрии го наогам, што за мене е врв. Па сакам да го вклучам и путерот
Вклучете тонер од Centella Asiatica во рутината. Помага за подобрување на еластичноста на кожата. Јас го користев Madagascar Centella од Skin 1004 Го има во продавниците за корејска козметика. Можете и масло чист витамин Е да додадете во маслото со кое се мачкате. Исто може и тонер или крема со хијалуронска киселина и тој е за хидрирање и за сува кожа. Точно дека е генетика во прашање ама најчесто стрии се појавуваат доколу кожата е сува бидејќи предизвикува пукање. Затоа е важно да се задржи еластичноста. Јас не познавам некој што има посува кожа од мене и плус во зима се породив и тогаш ми беше најголем стомакот а најсува кожата па мене ова ме спаси од стриите, ниту една не ми се појави.
Исто што мислам дека е голем причинител на стрии до кога се одвивала бременоста до која недела, колкаво е бебето, колку килограми накачила мама и задржувањето на течности т.е отекувањето. На се тоа како и на генетиката не можеме да влијаеме. Ќе го споделам мојот пример. Големо бебе 4270гр. , многу плодова вода (немав гестациски дијабетес), се породив во 42 недела, премногу отеков при крај на бременоста. Мачкав секојдневно масло, путер, пиев вода, се хранев здраво. До почеток на 9ти месец немав ниту една стрија. Кога влегов во 9ти цела распукав.
Девојки, од се ова сум пробала, значи ЏАБЕ! Не си трошите пари и не се нервирате за стриите, оној кој има кожа склона на стрии се е залудно, секако ќе испука. Му носеа од Германија уште што не има крај "географска карта" ми се направи стомакот. Поминаа 7години од првата и 4 од втората бременост, на двоумење сум да правам tommy tuck па ќе видиме здравје.