јас сум 9ти и сега за сега немам, се надевам дека нема да бидам толкав малер па да ми се појават ден пред пороѓај
Ама глеј да се мачкаш и сега и после породување бидејќи читав дека може и после тоа да се појават, додека се собира кожата.
Сеуште немам проблем со стриите, но откако почна да ме чеша стомачето,бидејќи си се шири...користев само помада, денес си купив бекутан масло за бебе...кажете ми колку пати дневно да се мачкам со него?
И јас се мачкам преку ден со Бекутан некогаш масло некогаш помада, а навечер се мачкам со рецептот од павловичева ( со капки АД3, бадемово масло, витамин Ц и витамин Е). За преку ден ај некако се издржува дека бекутанот е полесен, ама навечер.... . Откако ќе се измачкам седам саат време гола за да упие, па дури потоа се облекувам за спиење. Абе ужас.
^Ееее и мене ми е мака тоа...ете вчера почнав, и исто дремев саат време за да се исуши, па сабајлево пак...
Ај да ви го дадам мојот рецепт кој се покажа како многу успешен. Ќе купите ланолин чист од аптека 100 грама, 2 супени лажици бадемово масло, 25 Д3 капки, 3 ампули Ц витамин. Ланолинот ќе го држите 24 саати на собна температура, па ќе го ставите во некоја кутија (јас имам од стара крема оние амаи, широка е кутијата), прво ќе го ставите бадемовото масло и ќе миксирате со миксер, па капките па ампулите, затворете и во фрижидер уште 24 саати. Лудило рецепт, и за стрии, и за гради.
И јас така, пола саат седам па облекувам маица само за спиење. Имам неколку што ми се за исмрсување Инаку гајле ми е, дај боже само да функционира Имаме среќа што е топло па не е страшно да си полежиш гола
ЈАс сум тигрица и на стомак и на задник. Да се знае... и ич не му се секиран Ова за ваша мотивација, а секако мачкајте се
јас вчера си купив бекутан масло и се мачкам сабајле и навечер ќе имам ли ефекти од мачкањето или да купам нешто друго
^од искуства на други трудници и нивни коментари: Значи,со позитивна мисла дека позитивно ќе делуваме никој не гарантира
jas si se mackam so nivea mleko za telo epten pomaga 25 nedela sum zasega nisto nemam a i NE GO CESAJTE STOMAKOT nikogas oti taka e golema moznosta za strii
^ Па нормално Сноу дека никој не може да ти гарантира, секоја кожа е различна, ама ако не се мачкаш поголема е веројатноста да ти се појават стрии. Пример мајка ми не се мачкала со ништо па после две бремености нема ни една стрија. Јас се мачкам со Павловичева од првиот ден кога дознав дека сум бремена, гинекологот ме советуваше да ставам и капки масло бекутан, ама нема потреба од топлово самата крема си пушта масло и е доволно мрсна.
јас кога бев бремена се мачкав со млеко за тело од нивеа, до 7 ми месец немав стрии но после распукав цела на стомакот, но сега еве после 3 месеци ми се повлекоа стриите.
Баш ме интересира како тоа се повлекуваат стриите јас колку што знам може да избледеат а да исчезнат скроз досега немам чуено ниту видено.
^незнам за бременоста, но порано нагло кога намалив килажа стриите од претходно што ги имав со Еуцерин масло ги мачкав,буквално изчезнаа. А од трудници имам чуено, дека 50% од нив сами од себе исчезнуваат.
Стриите само бледнеат, а не исчезнуваат. Јас сум таков пример. Стриите ми се бледи и телото на ништо не ми личи.
јас сум 25та недела и веќе гледам дека ми се појавиле стрии ( црвени линии мали ) и тоа само на левата страна од стомакот до сега се мачкам само со бекутан масло кажете ми што друго да се мачкам за да не ми се појават на цел стомак