Многу често имам слушнато за овај поим, тражев на интернет има многу „докази„ дека е точно и дека теликинезата стварно постои. Но на мене ми изгледа како невозможно човек да може да поместува предмети само доколку го користи 100 % мозокот. Една другарка ми кажа дека нејзината мајка можела да свитка пара Па сакав да ја отворам оваа тема и да слушнам други мислења за ова, можеби е ставрно точно или само бујна фантазија Еве што најдов на интернет. Телекинезата претставува способност на поместување и манипулирање на предмети со помош на силата на умот На YouTube можете да погледате разни клипови каде што разни луѓе, „обични мали смртници“ објаснуваат како да постигнете телекинеза и да помрднете некој предмет. Како на почеток би требало да изберете некој лесен предмет, не преголем но не и премал, како на пример некое топче или пак молив. Е сега, морате да се сконцентрирате, да го гледате предметот кој што сакате да го помрднете и да замислите како тој навистина се придвижува. На некои повеќе им одговара потполно да се опуштат и „да го пуштат мозокот на пасење“, а на некои баш им годи некоја музика во позадината П.С можеби оваа тема постои но не можев да најдам, слободно ја избришите или преместете ако веќе постои
Теликинеза ?! Мислам дека темата некаде постои, но тоа не е моја работа. Ми се допаѓа темата искрено. Телекинезата е сложен процес. Најважна од се е концентрацијата! Не мора мозокот 100% да се употребува, тоа е премногу. Телекинезата не може да успее кај секого, тоа е факт. За неа како што реков треба многу голема концентрација и вежбање. Ако некој планира да се бави со тоа - гуд лак!
Телеканиза многу ме интересира дали верувате во тоа и дали ви се случило некогаш..мене искрено не ми се случило но имам една луда ( се шегувам) пријателка која ме убадува дека може да го направи тоа еднаш дури и ми покажа а јас не си верував на своито очи... ми кажа дека несмеам да кажам на никого од неејзиното друштво....таа не сакаше ни мене да ми каже но јас сама ја видов како го прави... вака беше ја викнав кај мене дома зошто сме многу добри другарки.. знаев дека има нешто што не сака да ми го каже..и дадов сокче но го ставив малку поназад на масата ( случајно) а не оред неа... потоа отидов да го земам лап топот и ја оставив вратата отворена.. таа не ме примети кога се вракв... одеднаш чашата сама се помести токму пред неа а таа се ннасмевна и тивко рече можам... јас ја прашав што е тоа таа ми објасуваше и објаснуваше... беш ме интересира што мислите вие?
Јас вака би ти кажал: Многу талент + малку вежбање = лоши резултати Малку талент + многу вежбање = добри резултати Телекинезата не ја може секој, тоа нека е јасно, но тие кои што ја можат само нека продолжат со унапредување и ќе биде лудница
Јас и братучеда ми, имаме многу бујна фантазија, па ајде рековме да пробаме ставивме еден молив и гледавме во него, ама ништо не се случи, изгледа не сме од ретките кои го можат ова...
во една книга за слична тематика имаше напис за еден Рус кој бил познат по своите способности и неговата приказна беше дека кога решил да ја развие телекинезата вежбал 2 недели по 7 часа додека не ги добил првите резултати. Не може секој мо некои ќе можат само кој се дал на таков тренинг, треба да има смисол и целиот организам да ти е изместен во однос на нормала . Телекинезата не е цел сама за себе туку нуспроизвод на нешто многу поголемо.
јас мислам дека тоа е дарба но и со вежбање може да се постигне јас на пример не можам ова да го правам затоа што треба да си сконцетриран а јас воопшто не можам да издржам да седам така повеќе од 15 мин