Прочепкав низ темиве, и мислам дека нема ваква тема. Извинете ако сум утнала.. Што мислите за тематска свадба? Дали сте размислувале за тоа? И ако сте во кој стил би сакале да биде? Пошто дечко ми е моторџија, планирам да ни биде во тој стил. Нешто рок мото стил.. А, и он се слага..
Ако сите гости ви се моторџии може,инаку незнам како би споила моторџиски рок стил со македонска свадба.Тоа е хоби/пасија само на дечко ти,не гледам потреба да се акцентира на свадба,каде се слави љувов меѓу двајца.Ако толку сакаш да му направиш кеиф,направете фотосесија со/на мотор и доста е
Типична македонска свадба не сакам. Така да, ќе има две-три ора и чочек и доста е. И не е само негова пасија, двајцата го сакаме возењето. Дури и јас кај и да е ќе учам да го возам.. Поентата ми е да се има поразлична свадба од типично македонската. Јас таква свадба не сакам!
Nice! Nice! Cool e tematska svadba ; u svoj stil. Na tradicionalnite svadbi vsushnost temata im e - tradicija. ( tapa ) Mojata svadba kje bide zhurka nevidena! Kje se roka techno i sve u toj stil. Hehe
Според мене е океј. Ваша свадба е и треба да изгледа онака како што вие сте ја замислиле. Реално голем дел од луѓето нема да станат да играат на некој тежок рок на пример вашиот најблизок круг на луѓе би се изнаиграл
Тематските свадби се многу популарни во странство. Јас лично не би правела, бидејќи сакам традиционална македонска свадба, со трубачи и чочеци, сите да се изнаиграме. Но, ги поддржувам оние што би направиле ваква свадба, баш би било интересно да се присуствува на една.
Добра ти е идејата. Добра... ма одлична! Јас повеќе сакам нешто поинакво отколку обична традиционална свадба. Мојата ќе биде дефинитивно поразлична но точно каква - не знам сеуште.
Se dur gledame svadbata da e po merka na gostite a ne na tie koi se vencavaat se do tamu ke ima loshi i dosadni svadbi
Ако сакаш да им угодиш на сите гости, тоа ќе го направиш по цена на тоа што го сакаш. На крај - ти немаш свадба каква што си сакала, а гостите секако ќе ти најдат пропусти. Или музиката не им се погодила, или си ги седнала со погрешни луѓе, или стекот бил сув, или тортата многу доцна сте ја пресекле. Затоа, направи си како што ти сакаш, а другите не може да ги правиш среќни на твојот ден. Посебно ако нивната среќа значи чочеци, играње оро со луѓе со влажни дланки и "вовче" на Здравко Чолич ко најзабавен момент од вечерта. Значи, тоа не. Освен ако го сакаш, а не го сакаш.
Тетка ми имаше онака моторџиска свадба, ја зедоа со мотор голем, и во ресторанот влегоа со моторот качени двајцата и уште два големи мотори зад нив и брмчеа силно. И играа валцер, па ја споија Мотори од Дивлје Јагоде и беше многу интересно
Па, стварно мислам. Сите свадби ми се исти во тој поглед. Неколку ора се вртат: правото, пајдушко, брзото и она шест напред, три назад.. Како и да беше... Хахах Не сум идела на играорна и не планирам да учам.. А, за правото досадно ми е се едно исто
Аууууу ич да не се мислиш може многу убави декорации да се направат за таа тематика! Гости како гости секако ќе најдат нешто што нема да им чини.. Ваша свадба, ваше право битно е вие среќни и задоволни, вие ќе ја паметите најдолго Веќе ви ја замислив невестинската маса сив чаршав, уредно подредени бели чинии со бордо салфетки, темно сиво-црно држачи-извртени фигури од жица и на врвот по еден штрас, прибир кој свети и сиви чаши на столче, напред ред разнобојно цвеќе со многу гранки, бршлен кој ползи, високи црни/темно сиви свеќници наредени по големина, на среде на сталак фигура од младенци невестата во венчаница и крената едната страна на фустанот и и ѕирка висока црна чизма на врвки, младожењата со црни панталони/јакна/чизми и на мотор.. Доста беше
Јас реално свадба неќев и секогаш велам, ако веќе мора да прам сакам да е со најблиските и ова е супер. Мислам и онака со најблиските имам заеднички карактеристики, интереси па тематска свадба би ги задоволила интересите на сите.
Свадбата е за нас ,а не за другите не гледај да им угодуваш никако нема да бидат задоволни ,и јассум за овој тип на свадби
Ич не сакам свадби, ама ич! Поготово свадбиве кај нас што се прават со 300 обичаи и марифети, со 700 роднини до 19то колено кои никогаш предходно не си ги видела нит некогаш повторно ќе ги видиш, и кога ќе начекам по телевизија нешто такво косава ми се крева, или во комшии кога ќе удрат тапани па ќе се насоберат цела улица сеирџии по домашни мантили и влечки чик кумановки да ѕиркаат преку огради. Па „купување“ на невестата, па пиење од кондурата, па лебови, па дарови, абре иди бегај. А па ни ора не сакам... Може за некој ќе звучам чудно, ама македонски обичаи нит знам, нит пак сакам да научам, ни за свадба, ни за погреб, ни за ништо. Се си велам оти свадба никогаш нема да правам, ама идејава за тематски свадби е многу, многу добра! Особено што ми е омилена есента, особено октомври, па сега ме натера да си замислувам нешто во таа смисла, црвено, портокалово, суви паднати лисја... многу меланхолично, ама за мене најпрекрасно. П.С.: рок стил свадба, hell yeah