Може да зборувате како си го поминавте денот, да зборуваме за филмови, серии, книги, настани на денот, зафрканции, спортување итн.. Ако не почнува тој, прашувај го него што прави во слободно време... се надевам не е толкав тумрук како што го опишувам и ќе почне и тој да потпрашува.
Почни да го прашуваш за хоби, серии и филмови, музика, патување, факултет/школо/работа, како ви поминал денот, објасни му некоја интересна случка што ти се десила ...спомни нешто и ќе почне да си тече муабетот.
Не се согласувам. Во денешно време социјалните мрежи и те како влијаат за проширување на нашиот круг на познаници. И секој со кој сум имала долги пораки и муабети виртуелно, ни кликнало по ист начин и во живо. Не си хендикепиран и ограничен, напортив имаш поголем избор да запознаеш луѓе од различно градови, нацоиналности, со различно гледиште на животот, интереси, годиште и сл. Онтопик, немам одреден совет. Не сум се фокусирала за кои теми треба да разговарам, доколку постои некаква хемија и кликнало, муабетот си тече као Дунав. Доколку не, тогаш имам одредени теми за муабет од типот: музика, фестивали, галерии, филм, факс/работа, хоби и сл. и гледам што побрзо да ме снема од тоа место.
Исто како со познаничка/пријателка. Не одиш со список за соодветни теми... Сами си се наметнуваат. Најлесно е да почниш со нешто скроз банално.. како времето на пример..
Теми има премногу. Проблем не се темите за разговор, туку неможноста другата личност да искомуницира соодветно во ситуацијата и тука се создава еден ѕид.
Нема корист да се планираат вакви работи, затоа што разговорот може да тргне во сосема друга насока. И тоа е во ред. Спонтано ќе се наметнуваат теми. Само пробај некако да се опуштиш, затоа што напнатоста може да направи да се блокираш.