Ви се случило ли некогаш да ви биде досадно со најдобрите другарки и да немате што да си кажете..? Во последно време не се случува ништо и немаме веќе што да збориме речиси се си имаме кажано..Дали е решение малку да го смениме друштвото..или да почнеме да излегуваме со нови луѓе..?За што зборувате вие со најдобрите пријателки..?
Како бе со најдобра пријателка да немате теми на разговор Па со неа можеш точно за се да зборуваш, така да има бескрајно многу теми. Ах, мене колку ми недостасуваат седенките со другарките, па кафе пиење, па гледање, па оговарање Сега сме зафатени со дечковци, со работа. А темава баш и не е некоја интересна. Сега ние ќе му ја мислиме да ти кажуваме теми за разговор со пријателка Извини на искреноста.
Само не знам зошто темава е во Насмевка , да не е треба да кажеме некои интересни теми кои потикнуваат насмевка па да ги употребите. А во врска со темата можеби со твојата пријателка се гледаш секој ден по многу саати и плус тоа се слушаш на телефон константно - епа нормално тогаш нема што да си кажите. Има многу теми на кои би можеле да разговарате, не мора да бидат од вашиот секојдневниот живот, сподели нешто што си прочитала, прокоментирајте за некое списание , некое телевизиско шоу,разменете мислења за некои работи за кои не се согласувате или поминете го цел ден заедно некаде на прошетка или забавувајќи се додека се разубавувате. Не мора секогаш да правите муабет за нешто, може да ви биде убаво и ако молчите , се забавувате не мислите на ништо, а притоа со поглед се разбирате. Има уште многу начини да ви биде интересно, натпреварувајте се во нешто и после тоа едната нека ја части другата. Ако почнам да пишувам што би можеле да правите ќе ми фати уште олку, да не биде доста е . (се надевам ти дадов некоја идеја ) ПС : Редактирав за да допишам и дека фемина може многу да те инспирира гледаш колку има теми па може и некоја да ти помогне
Фала на советите ми дадоа добри идеи Инаку темата ја направив во насмевка по грешка и сега незнам како да ја избришам.. ако знае некој нека пише
Јас со мојата најдобра другарка мислам дека денот ни е мал, кога и да се видиме имаме осет дека поминало саат два, а тоа поминало 4-5 саати.Секогаш има нешто за бла бла.
Можеме да си кажеме буквално СЕ. (зборувам за најдобрата другарка) Мешу нас нема тајни, и цел ден да седиме и да муабетиме малку ќе ни биде. Теми на разговор-никогаш доста. Љубов, секс, озборување, мода, музика... се, буквално се од секојдневниот живот, па се до тајни кои си ги знаеме само ние две. И многу сум среќна што имам кому да кажам се.
Оговарање,ги доработуваме заедничките планови,впечатоци,општо за животот,понекогаш за некои тешки ситуации-си зборуваме за се. Има бескрајно многу теми на кои можам да разговарам со неа !
Разговараме апсолутно за се. За шминки,фризури, си ги оговараме дечковците,кудиме ам и фалиме никогаш не ни е досадно а често кажуваме шеги и се смееме до бесвест
Па во последно време воглавно за...пари. Колку ни фалат, како до повеќе, како се трошат без да осетиме, животот овде, менталитетот, како со тек на време се гушиме со луѓето околу нас, со немаштијата на која сме се навикнале па се радуваме на ситни работи, како голем дел од нашите соништа отишле по ѓаволите, како сме си влегле во тој круг неосетно...за вака ли бевме...И како истото да го промениме, сепак не се откажуваме...
Зависи со кои сум. Ако сум со школскиве,зборуваме нешто за школото,некои случки така како помали,нешто за мода,вамте тамте. А кога сум со овие постариве за се,буквално за се.Од тоа како нашколо,до теми за секс,брак,врски,машки,работа итн.,итн.
Со најблиските за се. Проблеми дома, во врската, со нешто сосем десетто. За пропаднатава државичка каде за се ти треба грб и јаки врски (што ние немаме). Дека ако немаш влијателни родители патот за тебе ќе е трнлив. Сексот ни е задолжителна тема за релаксација, тука паѓа и некој трач. Буквално за се можеме да правиме муабет, без срам.
Прво за нас а после трачеви особено сега летото кога почнеме да излеваме симпатиии ова она па озборувањето ми е дневна доза