1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Темни кругови околу очите

Дискусија во 'Лице' започната од Milickaa, 24 јануари 2010.

  1. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Колку е овој крем?
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Сакаш да кажеш дека кремата е во нијанси? Би требало нешто посветла нијанса од темните кругови и слична на бојата на кожата. А има покривност, или да си купам пак коректор?? :?:
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не барам нешто за покривање туку нешто за лечење на темните кругови.
    Ми се појавија во последно време многу истакнати темни кругови претпоставувам од прекумерното седење на копмпјутер кое за жал неможам да го намалам поради тоа што работам на него.
    Подолг период користев од Клиник:
    [​IMG]
    [​IMG]
    И немам веќе никаков ефект од нив, т.е. првичната намена им е за брчките околу очи нели и за многу сува кожа ама треба да ги редуцираат и темните кругови...
    Имам дома производи за околу очи и од Кларинс и Есте Лаудер ама повторно намената им е против тие почетни и мимични брчки...
    Сакам да пробам со некој природен лек за отстранување на овие темни кругови, знам за краставичка, кесички чај (незнам каков, заборавив), компир и незнам уште што, ништо од ова немам пробано затоа што не сум сигурна дали сум во право дека помагаат па би сакала да ме просветли некој. Сакам да се обидам со нешто природно што би ми го релаксирало тој предел и би се намалиле темните кругови.
    Читам дека може да се и знак на некое здраствено нарушување ама во ред сум со имунитетот, крвта и останатите работи, немам здравствени проблеми така да најверојатно ми е од компјутерот.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    За природно редуцирање на темните кругови обично се препорачува спиење од 8 часа или еве барем 7, пиење многу течности (пред се вода), физичка активност и поздрава исхрана. Но како што те имам читано во темите, горе-доле се од ова практикуваш. Не знам можеби си намалила периодов со оглед на тоа што залади, па сите некако ги фаќа есенска меланхолија :)
    Како индикатор за здравствен проблем може да значи или ниско железо или проблем со бубрезите, но ако имаш испитано крв и не осеќаш никакви тегоби со уринарен тракт, најверојатно и тоа може да се исклучи како причина.

    Инаку, со оглед на тоа што ги користиш најдобрите продукти за таа намена што се на пазарот, друго нешто од козметика не би ми текнало да ти препорачам, освен да ги пробаш и тие двете креми во сино пакување од Балеа, ги имаме зборувано доста тука, ако не ти текнува ќе ти пратам и слики. Тие се баш за ублажувањето на последиците предизвикани од уморни очи, но да знаеш дека треба да помине одреден период за видлив резултат.

    Од природните третмани можеш да ставаш кугови каставичка, кесички од зелен чај или од камилица, таман и кога ќе го испиеш ќе направиш уште едно добро, потоа можеш да изрендаш компир и да го ставиш во чиста газа, па да ја држиш смесата под очи некои 15 минути.
    Исто метална лажица се става неколку минути во грч ладна вода и се суши со обична чиста крпа пред да се стави на лице. Ќе ја држиш барем минута - две, нежно, не мора многу да притискаш.
    Знам дека и лимонот е природен избелувач, но со оглед на тоа што имаш многу сува кожа не би ти препорачала со тоа да пробуваш да не си отвориш друга работа.

    Како и да е што и да пробаш може да ти помогне само моментално, ама со секојдневна употреба треба да имаш и подобри резултати.
     
    На sorbet, SwanMay, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Претходниот пост е доста темелен, само да дополнам нешто од искуство. Она со лажицата (инаку го знам во малку видоизменета варијанта - се ставa во замрзнувач, пожелно frost free, 10-ина минути) навистина ги одмара очите после цел ден поминат пред компјутер, но мене многу не ми помага за темните кругови. Затоа пак ренданиот компир во газа е друга приказна. Е, не е чудотворно, ама има разлика со малку упорност.;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zajceto

    zajceto Нов член

    Се зачлени на:
    30 декември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И јас го имам овој проблем исто - спиена не спиена такви кругови, пробав неколку работи ладно, топло, но ништо не помага ...


    Кај мене исто редовни ми се - без разлика колку спијам тука си се, не ми се подочњаци туку како темни кругови ...



    Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
     
    Последна измена од модератор: 30 декември 2014
  7. dc15

    dc15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    Крема за подочници не премногу скапа ако може да ми препорачате. Не маска за покривање туку крема што ги лечи. Од авон или слично.
     
  8. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Обиди се да го зголемиш внесот на течности. Исто така, постојат точки околу очите, со чие масирање може значително да се редуцираат темните кругови и да се подобри општиот изглед на кожата. Објаснето е во видеото подолу ~ извини за лошиот квалитет, не можев да најдам некое подобро, кое ги содржи вежбите...

     
    На sorbet, okcenzi, ennaz и 2 други им се допаѓа ова.
  9. IthoughtIwasAnAllien

    IthoughtIwasAnAllien Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    237
    Mислам дека ми нема рамен во темните кругови околу очите. Нијансата ми варира од темно виолетови до црни. Ај што имам под очите па и на очниот капак како сенка да имам ставено :D Многу ме нервираат, имам пробувано со кесички од чаеви од камилица и зелен чај ама џабе... чекам краставиците да поевтинат па да почнам да си ги ставам на очи. Течности пијам и јадам овошје не ми е јасно од што мака ми излегоа толкави :^)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А колку е шипингот?
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    okcenzi да не се сфатиме погрешно, јас го немам користено. Само забележав позитивни коментари низ интернетов барајќи козметика за мене и затоа го споделив бидејќи можеби некому ќе му помогне. :)
    Мислам дека нема трошоци за испорака во европските земји но треба да се провери.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    НАПРАВЕТЕ САМИ: МАСКА КОЈА ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ТЕМНИТЕ ПОДОЧНИЦИ



    Ако имате мака со темните кругови под очите, пробајте ја оваа природна маска која со сигурност ќе ви помогне.


    Кожата во пределот под очите е посебно тенка и нежна. Крвните садови се исклучително мали и ослабената микроциркулација можа да доведе до натеченост на капаците, појава на брчки и темни кругови под очите. Овој дел од кожата треба редовно да се рехидрира и негува.

    За оваа маска ви е потребно:

    ● 500мл вода
    ● 70гр босилек
    ● 70гр листови од магдонос
    ● 3 листа зелена салата (по желба)

    Како се прави:

    Провријте ја водата и додадете ги сите состојки. Оставете ја смесата да се вари на ниска температура дваесетина минути, а потоа процедете ја течноста во стаклена тегла.

    Кога течноста потполно ќе се излади, намачкајте две парчиња памук и ставете ги потоа под очите. Оставете да делуваат десетина минути, а потоа исплакнете со млака вода.

    [​IMG]
    Повторувајте ја постапката секојдневно, сè додека не забележите позитивни резултати.
    Маската чувајте ја на темно и ладно место, најдобро во фрижифер.

    Зошто токму оваа маска?

    Сите состојки изобилуваат со витамин К кој е заслужен за здрава кожа под очите. Одличен е и за отстранување на видливите капилари. Исто така го намалува наталожувањето на крвни садови под очите што е причина број еден са појава на темни кругови.

    [​IMG]
    Најдобар извор на овој моќен витамин се: сите видови на лековити билки, темно-зелениот лиснаст зеленчук, брокулата, црвената и чили пиперката.
     
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Направете сами: Природна маска против подочници од компир

    Компирот содржи состојки кои се употребуваат во козметичката индустија за осветлување на кожата.

    [​IMG]

    Затоа ако имате темни подочници, тогаш компирот ќе го реши вашиот проблем и за кратко време ќе ги осветли темните кругови.

    Начин на подготовка:

    Изрендајте еден свеж компир колку што можете поситно, а потоа ставете го во на газа која подоцна ќе ја ставите на лице. Најголемиот дел од маската треба да го нанесете на подочниците, но внимавајте компирот да не дојде во контакт со очите.

    Маската оставете ја да делува 15 до 20 минути и потоа измијте го лицето на вообичаен начин.
     
  15. Inas&

    Inas& Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Последниве 6 мес. забележав дека цело време имам темно кафеави кругови ,незнам дали да ги наречам подочнаци бидејки се само на капакот и од страните а под окото нема ништо. Како да сум се нашминкала :$ ме чуди ова бидејки никогаш не сум имала вакво нешто,не сум пушач спијам нормално 8/9 саати,крвта ми е добра,дали знаете што би можело да биде?читав дека може да е генетски меѓутоа никој кај мене нема таков проблем,имам светол тен и баш се познава оваа промена :(
     
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Може и од алергии да се.
     
    На Inas& му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IVonaK

    IVonaK Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Имам неколку предлози за подочници :
    - пред спиење мачкајте се околу очи со вазелин
    - ако имате време сабајле ставете две туферчиња во чај ( камилица и сода бикабона), извадете и држете 3 мин под очи
    - направете микс од кафе , маслиново масло и бибер , мачкајте околу очи и измијте после 3 мин
    - неколку коцки лед во крпа, држете на подуваните места
    - ставете пудра (пример аура cover me ) која има по густа структура - единствената пудра што ги покрива не целосно но сепак не е како другите пудри .
     
    На Mandak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас имам стално подочници :(
    Без разлика на одморена/неодморена.
    Дури ми се случува кога немам шминка да ме сретни некој и да ме праша дали ми е добро (facepalm).
    Дека бледа сум и со подочници...
    Имам еден коректор од Аура, добро покрива.
    Природно не знам баш дали нешто помага, немам ништо пробано ама се сомневам.
     
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Еве нешто за подочњаци,темни кругови 20814012_2377066772517652_813823729_n.jpg
     
  20. lawyermm

    lawyermm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2019
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Дали има некој користено Др.Витон маска со витамин Ц против подочњаци?