Кремата на докторс ја купив од една продавница, од оние помалите продавнички што држат секаква роба, незнам дали ја има во поголемите маркети и аптеките зошто ја купив случајно пред 2-3 месеци, а други нивни производи не користам и незнам каде се може да се најдат.
И јас ја има кремава на Дкторс, ама мене така ми стои дома Ставав одреден период не забележав никакви резултати и прекинав да ја нанесувам.Ај можеби пак ќе почнам да ја користам.Ти по колку време забележа резултати
Карина8 за се да има резултат треба да помине извесен период, ја ставав едно 2 недели од кремата и ајде ги видов оние кремите за очи од авон што се и се префрлив на нив. Од тие ставав некои 2 недели и немаше ама баш никакво фајде и пак се вратив на оваа кремата од докторс. И сега кога би ги споредувала тие две подобар ефект имам од оваа на докторс. Најголемата грешка ја правиме што пробаме едно и за кратко време бараме резултати и ајде па се префрлеме на друго.
Абе јас ја користев долг период, месец и повеќе ама не забележав никакви резултати.Добро зависи и до кожата, на секоја кожа не делува исто..ама кај мене немаше ефект.Еве ја дома ми стои, ај може ќе пробам пак да ја користам.
Да, да. Токму таа е. И јас од веро ја земав 80 денари. Сега нормално дена од една вечер резултати нема да има ама како што кажав ефтина е, па може да пробате и многу споро се троши. Ако сакате ќе го сликнам кутивчето па ќе го прикачам, ако го интересира некој едит: еве ја
Крема има во Unique од Clinique е. Ама околу 3000 беше. За жива глава не давам толку пари на мало кремче колку кутивче за гроздова маст. -.- Радо ќе си ги покривам подочниците кои од мала си ги имам на мене и тешко се тргаат, со шминка. Техниката која ја користам најдобро ми ги покрива.
Ја користев истата ја мачкав секоја вечер редовно и вчера ја потрошив, ефект нема ама никаков. И јас се надевав на резултати по подолго користење ама ништо од тоа. А пред околу една недела на српскиот топ модел имаше еден шминкер и им препорача крема за хемороиди. Е сега која незнам, ама верувам дека има ефект само што немам храброст да пробам, ако некоја се реши да проба нека пише ве молам
Многу долго време имам подочници. Со ништо живо не можам да ги тргнам или покријам. Ми беа проблем на почетокот,но со тек на време почнав да не им придавам никакво значење и не ми се проблем Се навикнав да живеам со нив Инаку,често некој знае да ме праша дали сум на дрога или алкохол
Истиот проблем го имам и јас. Големи темни кругови под очите, најмногу ми се изразени кога не спијам доволно. Многу лошо изгледаат. За среќа, многу лесно се покриваат со коректор и не се забележуваат.
И јас сум во потрага по нова крема за очи. Пред неколку години, на самиот почеток на Авон во МК, ја нарачав кремата од Anew со две компоненти, за капаците и за подочниците. На времето бев задоволна, незнам дали сеуште го оддржуваат квалитетот. Гледам дека истава е на попуст во тековниот каталог, може ке ја нарачам. Инаку, ако некој може да си дозволи поскапа крема, од срце ја препорачувам Advanсed Night Repair Eye на Estee Lauder. Девојката што ми прави третмани веднаш забележа разлика и ме праша што ми се случува со подочниците Ги има и кај нас но поефтини се на Duty Free, мислам околу 45Е. Гелче е, со многу мала количина се покриваат двете очи и трае долго време. Жал ми е што во моментов не сум во состојба да си ја купам
Коректор и ништо друго.Јас користам MaxFactor коректор во стик и не е лош, ама би сакала да пробам нешто друго
Како изгледа овој коректор, и цената? Јас користам од орифлејм absolute concealer for eyes, ама не сум задоволна зошто има како светки и многу глупо седи. Инаку овој проблем сега гледам дека го имаат многу, а се си мислев дека ја сум меѓу ретките. Инаку и мене ми се впечатливи, мешам ставам пудри креми коректори пудри во прав и што уште не, ама џабе, многу се познаваат. Особено накај внатрешниот дел како дебела линија... многу грубо стои. :'(
Коректорот е мал, црн, на него пишува Pan Stick, го имаш во сите парфимерии кај што има Max Factor, а цената му е околу 500 денари, мислам.Убаво покрива, барем за мене
Го користи ли некој овој рол он? Има ли некои резултати од него? Сакам да го купам, но пред тоа сакам да слушнам некој коментар од вас за него....?
Прекрасен е деффинитивно... многу си го сакам дури и резерва си купив знам луда сум, ама си го сакам прекрасно ги покрива подочњаците, барем моите