Одличен е! Не само што ги покрива темните кругови околу очи, туку има и смирувачко/лековито дејство. се препорачува да се употребува и преку ноќ, сабајлето очите изгледаат свежо и одморено. Само крема за хемороиди (не онаа со прополис), навистина помага за намалување на подочњаците и освежување на окото. Но, внимателно!! Консултирајте се со стручни лица, сепак очите и видот се поважни од убавиот изглед.
Немам мака со подочњаци, ама ако ми се појават од умор, ставам вата потопена во чај од камилица. Секогаш ми помага.
Гарниер рол он служи за подрачјето околу очите содржи кофеин кој делува на знаците од уморни очи, и видливо ги намалува подочниците, и кесите околу очите-постигнува природна дренажа и микро циркулација. Екстрактот од кофеин има стимулативно дејство на микро циркулација, додека провитаминот Б5 ја хидрира кожата. Jас денеска го купив во Космо и чини 294 денари. Веднаш делува, ги освежува очите....
Девојки дали некоја од вас ја направи маската со квасец во прав и јогурт? И, како делува? Да пробувам, да не се мачам залудно?
Јас немам темни кругови под очите, туку некогаш од премореност и ненаспаност знаат да ми потечат. Применувам една техника што одамна ја научив од видеата на Јутјуб - ставам влажна марамица во замрзнувач, а насабајле откако ќе станам, ставам на очите. И се забележува разлика.
Јас некаде прочитав дека темни кругови околу очите се прават од тоа кога ги “трљаме“ очите.Незнам како да се изразам,она кога ќе станеш од пиење и ги трљаш очите за да се расониш.Ете тоа.
Дали некој го пробал ролонов? Инаку подочници може да се појават од се`: задржување на течности во телото, од ненаспаност, од алергии, од анемичност. Дури имам приметено дека луѓе што се пушачи најчесто ги имаат. Некадепрочитав дека изладени кесички од зелен чај ги убалжувале темните подочници.
Го имам користено, но не сум задоволна, не се гледа разлика воопшто. Што знам може на друг ке му пасува Јас сум задоволна од другиот што е како коректор во крем паковање го има малку погоре во пост ама за покривање, за лечење потешко било што да не се залажуваме. Што и да се најде ке биде моментално подобрување, ништо повеке. Во моменттов ја користам кремата за очи од Estee Lauder еве оваа Спојлер http://search.babylon.com/imageres....1&w=311&q=Estee lauder eye cream&babsrc=SP_ss не знам како да прикачам слика и пак не сум задоволна од ефектот значи џабе и пари и се не викаат за џабе старите лекот е без пари ама додека го најдеш
И јас имав ваков проблем,и барајќи по јутуб најдов видео во кое објаснуваше зошто се појавуваат темните кругови.Тие се појавуваат поради недостаток на кислород во тој предел и поради дневно треба да пиете по многу вода најмалку четири и исто така тоа важи ако имате акни на челото ( не е соодветно на темата,ама сепак корисно е) повеќе вода и овошје.Почнав да го применувам тој режим и навистина темните кругови почна да ги снемува а и секој ден си правев салата од едан банана мандарина и киви со мед и акните ми ги снема.Едно време се запоставив и темните кругови ми се повратија и сега редовно со себе каде и да одам си носам по едно шишенце вода и редовно пијам ) Се надевам ова ќе ви помогне позз
Со кесичките од зелен чај пробав-кај мене неуспешно. Ајде овој ролонов да го испробам да видам дали ќе делува. Абе луѓе немате појма, чисто лицето ми е, ниту акни нит мозолчиња-ништо! Ама круговиве, како да ви опишам, потемна кожа имам чисто лице и само тие ми даваат одвратен изглед. Ќе се самоубијам! Плус имам и крупни очи, можете да замислите... Ми се плачееееееее....... :'(
Го барав коректоров денес некоја феминка ми кажа во веро и во космо го имало Е сега бев во космо го немаше и планирам да идам до веро.Ама има ли таму тестери, како ќе си ја погодам нијансата?? Ај ако знае некоја нека ми каже за да знам дали да идам Има ли нијанси уствари од ролонов??
И јас најскоро штом можам ќе одам да купам... штом велат дека вреди, да се надеваме. Аман веќе, да најдам само решение!! :/ Ајде ако купиш пред мене пиши дали си задоволна и ти помага, и дали е 350 ден.
Леле истооо Иначе да ти кажам сега си го купив ролонов, не можев ни да дочекам да ми одговори некој Го пробав без пудра онака само ролон ставив под очи, и шо знам обелува да, ама мене барем не ми е тоа тоа зашо ептен ми се темни подочњациве. Така да ролонов ко најобичен коректор, мада не е за фрлање може ќе ми се намалат, пишува на опаковката демек со тек на време се намалувале темните кругови или така нешто Па да се надеваме Иначе во веро го најдов, 325 денари е и нема тестери туку има за ептен светла до средна кожа и за средна до темна Ете така ваљда ме свати и ти помогнав
Тоа е, нема што да правиме, нема лек Јас да видиш имам дома 3-4 вида пудри, 2-3 за прикривање, пудри во прав, абе 300 чуда пробувам испробувам комбинирам да најдам решение, а бидејќи лицето ми е чисто немам потреба да ставам никаква пудра, ама ете по малку ставам да се изедначи со делот од очите. Ајде ќе видиме со ова да испробам па ќе ти кажам. Крај краева времето ќе покаже ако помага кон намалување со текот на времето. Hope so!
Јас го купив во Космо 295 денари, и нема нијанси , ниту пак тестери. Имаш обичен рол он, не го здогледав баш со што е, ама овој на сликава содржи кофеин и лимон. На кутијата пишува дека е за средна до темна кожа, мислам дека нема врска, сепак тоа се впива во кожата за неколку минутки. Супер е да го земеш обавезно.