И јас имам кругови околу очите, имаат сина-лилава боја и не се околу цели очи туку на пределот меѓу окото и носот, порано ги немав, со пудра и коректор не се покриваат, имам многу светол тен и многу се познаваат...
Модрилото околу очите не се покрива со коректор како пудра што е, таква нијанска, тоа се покрива со коректор на портокалова нијанса, за да го неутрализира модрилото со таква боја и се добива кожа боја. Додека пак црвенилото на лицето, најчесто од промена на температура, нагла промена на топло ладно, се неутрализира со коректор со зелена боја. Тоа се специјални коректори за модри подочници и црвенила. Обичниот коректор е само за прикривање на недостатоци на лицето.
Епа мислам дека знаеш има на рекорд парфимерија Голден Роуз и таму го има коректоров и цената му е мислам 100 а може и помалце а може и повеќе. Али стварно помага. Јас го користам 1от, одличен е. А и цената е прифатлива!
Абе девојки баталете ова коректориве, кажете ми крема некоја ефикасна? Ја расчитав цела тема, највеќе ја фалеа оваа кремава ја постираше некој сликава веќе второ кутивче трошам и нема ефект никаков. немав многу порано, почнав превентивно со кремчево, ама одкако почнав со факултетов ми се појавија онака полукругчиња, не се ептен темни ама почнуваат да се вдлабнуваат, не се да речеш чисто подочњаци незнам ни јас како да ги наречам, и еве веќе речиси година дена никако не можам да ги тргнам
Коректорот е мешавина од прашкасто-кремаст, ако можам така да го наречам. На допир е прашкаст, а во кутивчето изгледа како да има кремаста структура, навидум онака. Убав е многу, густ е и нуди одлична покривност. Има убав избор и од оние течните, како пенкалца. Само не знам како стојат со цените.
Некои проверени креми за пределот околу очите? јас користам коректор, ама тоа е привремено, па се мислев да најдам некоја добра крема за подочници, па како некој лифтинг или што ти ја знам, па демек да ми се затегне троа делот под очите??
Ја најдов оваа крема на интернет, ја има некој користено, дали има ефект за темните кругови и која е цената ? :geek:
Во Шатци мислам 360 го земав последен пат. Најдобар коректор што сум го користела. Многу прикрива. Иако ќе ти изгледа минјатурно, многу трае и грамажата му е иста ко и останатите, просечна
Си го користев коректоров долго време, ми се потроши и сега не можам да го најдам пак Го купив од веро, сега проверив и во космо и дм, го нема. Да не сте го виделе негде или престанале да го произведуваат?
Дефинитивно најдобар коректор. И јас им го препорачувам на сите оние што имаат проблем со темните кругови околу очите. Покрива СЕ само со еден нанесен слој. Навистина јас сум преее прееемногу задоволна од овој коректор, околу 350-360 денари така нешто беше мислам дека го има сегде по парфимерииве.
ијас почнав да го користам, ама на мене нема никаков ефект. многууу ми се големи подочнаците,деновиве посебно од не доволно спиејње
За намалување на темните кругови има кремови за млада кожа, е сега колку помагаат кој знае, на мене кремата на Афродита не ми помогна ич, 360 ден. е, многу ми е мрсна, и нема никаков ефект, на Нивеа кремата за темни кругови доста ја фалат чини 500 ден., на Еуцерин е околу 700 ден. и на Грин лајн е 300 ден. Наредно купување ќе ја пробам на Нивеа може ке помогне
И за оние на кои не им е генетски и што им се јавуваат од уморност и ненаспаност: исечете жив компир на кругови. Ставете по едно парче врз очите и оставете ги да делуваат некое време. За компирот е познато дека делува при намалување на температурата но будејќи е студен, делува и врз подочниците.
мене ова воопшто не ми ги покрива темните кругови,а нз како да се справам кремите не сум ги пробала ама ако ги пробам ке пробам на еуцирин бидејки нивните производи ми ги фалат многу.