и јас го имам овај проблем со темни кругови и подочници. Пробувам да ги покријам со коректор, тешко оди сега ќе пробам со кеси од камилица да видам дали ќе има некаков ефект
Јас си го купив овој на Менхетен и се покажа одлично. Сакав малку да сменам. Претходно имав на Голден Роуз.
Читав на интернет помагало да ставите кесички од зелен чај. Нормано како што си правите зелен чај, филтер кесичките потоа да се стават малце во фрижидер да се оладат и да се стават на очите. Се држат околу 10-15 минути. Секој ден да се прави ова и помагало за темните кругови и уморни очи. Може да пробате не е комплицирано.
Од кога знам за себе очите ми се темни,мислам околу очите местото ми е темно. Незнам која е причината за ваквите мои очи.. Па би сакала да ве прашам дали има некој лек со што можат да изчезнат круговиве? Или мора да се прекриваат со коректори? Фала однапред.
јас и да спијам и да не спијам очите ми се темни, мислиш цел живот не сум легнала да спијам,и освен со коректор ништо друго не ми помага, генетски ми се такви очите, цел живот ке си ги носам
Според мене ефтин и ПРЕДОБАР ми е MISS SPORTY SO CLEAR COVERSTICK Jaс користам 01 Ке го пробам наскоро и АRTDECO ама овој стварно покрива, го користам многу врееме и ми ги покрива темните подочњаци...
Леле и јас го имам истиот проблем со тие ТРКАЛА околу очите,ко ги гледам мк народни приказни со ѓаволите исто ко да си се гледам себе си се замислувам како изгледам во очите на др можеби и бетер од ѓаволите во приказните.Кој знае?!
И јас припаѓам на овие луѓе. Имам чиста кожа (фала богу после цела зима бркотници, летово се среди.) арно ама имам кругчиња околу очите. Спиена, не спиена, исто ми се фаќа, во период на циклус особено истакнати се. Едноставно таква кожа имам, да не речам проѕирна. Секаде вени ми се познаваат,па и лицето не ми е подобро. Барам нешто за мачкање што ја средува кожата,а не за покривање од типот на коректор. Она на гарние со ролончето, не ми помогна. Ако имате алтернативи, споделете.
И мене ми е исто, поточно само на лицето ми е многу тенка кожата,кај очите многу капилари ми се познаваат, ама среќа само од блиску се познава, па ич не е страшно. Инаку имам таква кожа и околу устата ама тоа е во ред не е страшно.
Носев очила како мала и имам темни кругови. Краставица и компир помагаат за да се намалат, претходно се сечат на кружни парчиња и се ставаат во замрзнувач. Наредното утро додека се туширате или шминкате извадете ги да поодмрзнат и потоа ставете ги на очите. Нека постојат, па потоа измијте се лице.
Знам дека не е соодветен коментарот за ова тема, ама сакам да прашам дали знаете како до почиста белка на очите? дали облога со чај од камилица исто помага и за такво нешто?
http://www.youtube.com/watch?v=YQJpom9FJx8 еве најдов нешто на јутјуб, можеби има ефект јас уште немам пробано.. треба витамин К, алое вера гел и третото не го разбрав добро (licorice extract) ако некој знае нека каже.. сето се меша и се става пред спиење.
Исечкај два круга краставицаи стави ги врз очните капаци и остави ги 15 минути, секако треба да бидеш во лежачка состојба најпрепорачливо е да го правиш ова а време на спиење/одмарање
^ Тоа со краставиците многу го препорачуваат, ама не делува. Јас летото секоја вечер ставав краставици, ги држев по пола час и повеќе и немаше никакви ефекти. Никакво подобрување, круговите си беа истите. Лекот е во витамините, нај многу помага витаминот Ц. Јадете повеќе витамин Ц и ќе има подобрување. А користам и крем со витамин Ц.
Редовно пијам квасец каде има доста витамини, особено Б витамини, а и дополнително пијам Ц витамини, но џабе, дури и откако ќе ставам коректор и пудра се познаваат малце
Јас и моите подочнаци уфф колку се сакаме ама никогаш не ме оставаат сама..многу ги мразам веќе ми здосади од нив ..се имам пробано..де лажичка од фриждер де краставица де кесичка од чај де некој маски и др 100 работи и никако да ги снема мани тоа ни со коректор не се покриваат убаво
Како и да е, консултирај се со офталмолог пред да почнеш да користиш било што. А камилицата е секако добра за релаксирање на очите после напорен ден, башка е и природна алтернатива.
И јас имам таков проблем, имам темен тен и темните кругови(подочњаците) ми се познаваат повеќе и сум пробала со пудра и со коректор ама ништо.. навистина незнам од што ми е тоа можно е да е од неспиење ?