Имам бебе кое пред неколку дена наполни еден месец. Сега требаше да прима вакцина, но во болница ни викаат таа вакцина ќе ја добијат после Нова Година (а и тогаш којзнае дали ќе им стигне). Значи минимум со 2 месеци задоцнување. Како може ова да се случува? Каде да реагираме? Ќе има ли некакви последици ако бебето ја прими вакцината со толкаво задоцнување? Дали може да се купи од аптека?
нема проблем ако задоцни ете нашево ги почна со месец дена задоцнување, не сме разбрале дека на месец треба да почнеме со вакцина и ете кога ни ги закажаа предходниот месец бевме болни и си ги одложивме за скоро цел месец. значи ништо страшно и тоа може подобро затоа што ке има подобар имунитет створено и се разбира доколку е болно сами ке си одложувате затоа што пред се вакцина треба да примаат само здрави деца. и незнам другите како практикуваат но ете ние кај што одиме и по наше барање гледаме првин да му земеме крв па да го вакцинираме затоа што преку крвта се гледа се.
мајки млеко на вакцината каде што е ставена, и менувајте го почесто... јас така правам после секоја вакцина, па ете 6 ипол месеци сме, до сега нема качено од ниедна вакцина температура...
И ние лесно поминавме со вакцините само првиот пат качи температура не многу страшна мислам до кај 38 да беше или 37 со 7или8. после другите само со ладни облоги на местата редење и некачи повеке
досега фала му на господ добро поминуваме на вакцините само со отоци, јас ептен сум паничар во врска со висока температура ама затоа ве имам вас на форумот за помош и совети..
Претпоставувам дека сте примале ДИТЕПЕР и ПОЛИО. На првата и втората доза ретко се манифестира температура, а и да има не е ништо страшно. Само со разладување на бебето ќе се справувате, не и со лекарства... освен нели ако неколку дена последователно има висока температура, што при правилна доза и добра вакцина не би требало да се случи. Секако и бебуш треба да биде здрав кога прима вакцина.
ние пред некој ден примивме две вакцини наеднаш некој сат бевме мирни но послем 3-4 саи кога зеде дете да плаче мислиш воздух не може да земе а температура немаше и се јавив на матичната и ми рече да му ставам чепче ефералган 80 му го ставив чепчето иза 15 минути си заспа и си спијаше мирно сега за наредните ке му ја мислиме
Па јас никогаш не сум чекала децата да ми качат температура од вакцини па дури после да им давам сирупче или да им ставам чепчиња.Едно доаѓање дома и право сирупче.Па сирупчето не е само за температура туку и за олеснување на болката од вакцината.Мене матичната ми вели секогаш никогаш да не му давам сирупче превентивно ама јас сум си најдобар лекар на моите деца така да сирупчето веднаш го дозирам било да качиле или не температура.
Денеска прими малово вакцина, се качува температура до 37.8... на која температура се дава сирупче на бебе од 3 месеци? Не давам сега, но да си знам за секој случај... Имам далерон и блокмакс дома.
Над 38.5 ни кажаа нам. Далерон дади ако има потреба. Од оние лепенките не ли ставаш? Инаку блокмакс нели е исто што и ибупрофен?
Исто е да. Ставам облоги на боцнатото со ациди борици... таму нема ништо, супер е. А на чело не ставам антипиреа лепенки.. само и оди горе доле температурава, но не отиде повеќе од 37.8. Фала значи исто е со толку мало бебе, до 38.5 не.
Сируп не се дава на бебе кое не почнало со јадење. Чепчиња ке си земете и ќе дадете само ако е повисока од 38.5
А зашто не сируп? Да си знам ете.. за секој случај, зашто со поголемо братче е бебчево.. Имам дома и чепчиња..