далерон,парацентамол и ефералган можеш да даваш.Бруфенот е над 6 месеци а блокмасот над три месеци.Ако можат антибиотик орално да примаат новороденчиња можат и антипирептици
Новороденчиња орално не примаат антибиотици! До 6 месец сем сериозно заболување, бебињата се подложни на вирусни инфекции и тука нема антибиотик. Орално не се дава пред пробување на вкусови мајка, значи кога бебето ке ви почне со дохрана тогаш веќе ке можете. До тогаш чепче. Блокмакс после 6 месец и тоа при повисоки температири и внимателно со него прави хипотермија.
majka imam dve deca od koi ednoto vekje 9 god .Bebinja i te kako primaat antibiotici oralno megju koi eve i moeto primase na tri meseci.Bebinja dobivaat i bakterii ne samo virusi.Blokmaks na samoto upatsvo pisuva deka moze nad tri meseci.Ako lazat farmaceutite lazam togas i jas .Za cepce vo sistina mi rekoa ne bidejki kaj mali bebinja lesno moze da dojde do povreda.Neznam kakva vrska ima dohranata so sirupite?Nekoi bebinja od 4 meseci pocnuvaat so dohrana. morav na latinica od laptop sum
Е како примаат антибиотик ако не орално? Син ми имаше уринарна инфекција на 4 месеци и си примаше антибиотик - сируп. Исто и за температура сум давала сирупи пред 6тиот месец и далерон и блокмакс по препорака на педијатар. Искрено прв пат слушам дека не се даваат сирупи на бебе под 6 месеци.
Ние на три недели имавме бактерија и осип на кожата. Добивме еозин, масти за мачкање итн. Докторката кожна, а и педијатарот рече ако не се смири за два три дена, ќе треба антибиотик, сируп амоксиклав или амоксицилин. Секако не бев за антибиотик на толку мало дете. Среќа се смири црвенилото. Но, ако требаше да прима антибиотик?! Нели се тоа многу јаки антибиотици за толку мало бебе?
Леле.. ние сега за 10..15 дена сме за вакцина (таа на 3 месеци) и кај што читам се изуплашив!!! Чепчиња, антибиотици, хипотермии...и незнам уште што не... Се надевам дека лесно ќе поминиме
Мајки примивме вакцини (4м). После 2 часа одма реакција ... тт 38. Пиеше веќе парацетамол и не се спушта. Да идам ли на лекар/во болница?
Ако гледаш дека дете си е океј и нема знаци на температура тогаш немаш потреба. Ти си го знаеш бебето најдобро и како се однесува при качување на температура.
Мајки денес ни е трети ден од кога ја примивме вакцината и син ми овие три дена е со температура додека трае дејството од сирупот се спушта потоа пак качува, незнам дали е во ред три дена да качува температура од вакцината има ли некој со вакво искуство?
Од која вакцина? Обично три дена трае реакцијата, ама може да се продолжи. Мојот од поливалентните креваше на вториот ден до наредниот имаше.
Не знам што да правам треба бебево да го носам на вакцина да прими 2 дел од рота и петовалентна. Ама ми е страв од температура не заради нешто туку ситуацијава каква е ќе ме јаде јанза дали е од вакцината сигурно или не дај боже од коронава. Првото ми качуваше температура на некој вакцини.
Денес ја примивме третата доза од рота и шестовалентната, од 19ч па до сега цело време и варира температурата од 37.7-38. Применувам физички методи на разладување, ама ми е страв да не крене повисока. Дали да дадам сируп далерон или да почекам уште?
Качи ноќеска 38.6 и пробав со сируп далерон, ама цело време го плукаше и накрај ставив чепче ефералган и ја туширав постојано. Добра е сега, заспа ама малаксана и истоштена ми делува.