Тенерифе

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tenebra, 31 август 2011.

  1. Tenebra

    Tenebra Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Дали некој од вас бил на одмор на Тенерифе, ние ќе одиме другата недела, па би сакала да споделите мислење за престојот таму, што ви се допаднало, што препорачувате... :)
     
  2. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Јас и годинава утнав-ама во план ми е 8)
    Ме интересира-како го решивте превозот?
     
  3. Tenebra

    Tenebra Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Се утепавме од барање карти со пристојна цена, ама се е околу 600 евра. Нашите се по 650. Летаме Ск - Загреб - Франкфурт - Тенерифе.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    E да, скап е авион до таму, ама не е шала тоа се Канарски острови а и Шпанија е :inlove: . Истражував јас една год. за натаму да прелетам ама скапоооо, али не се откажувам ќе биде некогаш и тоа ;) .
    Што се нема да видиш, прво плажите се фантастични, богата архитектура, убави пејсажи, има еден голем вулкан што не ми текнува како се вика, има и пирамиди од стара цивилизација, лунарни карпи... Има 3-4 градчиња -мал е островот а сето останато ти е природна убавина.
    Кога одиш? Сакам детали откако ќе се вратиш, така да си знаеш ;)
     
  5. Tenebra

    Tenebra Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Важи, се убаво ќе раскажам! Ние сме повеќе по активните одмори, па планираме секаде да прошетаме и се да видиме. Во среда одиме, одвај чекам!
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Ииииии???
     
  7. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Не сум била,но би сакала да идам ,ќе се потрудам заследната година да најдам некоја понуда,па тогаш јас ќе ви раскажам ;)
     
  8. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132

    ??????? 8)
     
  9. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Јас бев пред 2 години на Тенерифе. Ние летавме од Барселона до Тенерифе,и умревме летот негде 4 саати траеше :sweat: Ама мислам дека тоа е едно од најубавите места каде што сум била.Дел од плажите беа вулкански,со црн,ситен песок,водата топла, нема некои посебни гужви,иако да,има туристи. Хотелот не ми текнува како се викаше,ќе побарам па ќе ви пишам,ми остави посебен впечаток. Имаше неколку базени,барови,игротеки,ресторани,како еден огромен комплекс беше многу добро организиран. Ние одевме сами,без агенција,ама има такви агенциички што организираат еднодневни екскурзии. Јас иако не бев,би ви препорачала да одите вулканот да го видите,и ако сакате и можете аквапаркот. Од други луѓе имам слушано дека вреди да се отиде,да се види,добро биле прошетките.Ние за жал бевме ограничени со време и не отидовме. Исто така,да ви кажам дека,ќе се спасите од бубачки. За тие неколку дена што бевме,ако ви се верува ни една бубачка не видовме. Исто така воздухот е многу свеж,нема влага,не се дише тешко.И ако отидете на некоја од плажите,седете до зајдисонце. Ние на плажа го славевме роденденот на мајка ми,и да ви кажам,зајдисонце,океан,плажа... најубава глетка :)
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Бидејќи сум пола од Шпанија и сум била на Тенерифе. Мене ми се допаѓа. Разгледај убаво по веб страните на интернет и сигурно ќе најдеш добри понуди. :)
     
  11. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Девојки ве молам помогнете ми! Оваа година сакаме да одиме на одмор на тенерифе ама незнаеме какво е ? Големи се плажите ? Има дрва на нив,мислам природни сенки? друго,убави се хотелите ? Ако некоја била ве молам да ми каже :)
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.710
    Допаѓања:
    103.881
    Девојки, без разлика кога и да сте биле, ќе ве молам да ми одговорите.
    Колку во просек ви беа неопходни таму за трошоци за тури и шетања, ама без храна и додатоци, со ол инклузив аранжман?
    И препорачајте места кои мораат да се посетат.
     
  13. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.497
    Еве јас ќе напишам нешто повеќе за Тенерифе, бев на една недела додека ја шетав Шпанија, т.е. летав од Мадрид до Тенерифе за 250 евра (еден правец со Ибериа Еирлајнс, тогаш немаше Рајан Еир т.е. не летаа за Тенерифе) и летот траеше околу 3 саати.

    Уште на почетокот да си кажам мое мислење за плажите, таму се е камен и лава заради вулканот - нешто како црн песок, водата е камен ладна (барем за мене) и многу солена. Мое мислење е дека ако сакаш да одиш на Тенерифе заради плажите – ќе се заебеш (освен ако не сакаш камен плажа) далеку подобра опција ти се Фуертевентура и Лансароте, топ плажи и водата е подобра, потопла и почиста. Насекаде низ Канарските острови ќе најдеш сурфери, а поготово во Фуертевентура кое го сметаат за едно од најдобрите суфр места во свет (тоа значи дека ќе гледаш згодни момци!). За местоположба на хотел, ако не си спортски тип гледај да биде што поблиску до плажа затоа што цел остров е “угорница“ па да не имаш упала мишича пола одмор и да се вратиш бајаги затегната.

    Вулканот е атракција која мора да се посети, а препорачувам да си закажете неколку дена унапред затоа што во шпицот на сезоната има многу посетители и не чекајте до последните денови да не ви кажат дека има слободно за 5 дена на пример, а вие мора да си одите па да ви биде криво.
    Цената на лифтот до врвот на вулканот беше 12 евра и за некои 10тина минути си горе, ама после имаш уште малку одење. На врвот од вулканот скоро секогаш има малку снег, веќе кога си близу до врвот – последните неколку стотини метри се некој вид на национален парк под заштита, па ќе ве стројат во колона да поминувате (двајца по двајца за рачиња). Погледот од врвот е ИМПРЕСИВЕН, го гледаш цел остров околу тебе, прекрасно.
    Таму кај што ќе ве остави жичарата има многу Африканци (ги има низ цел остров де, не само горе ама јас од тука купив) што прават такви дрвени скулптури, слончиња, вазни, украси некои, ако планираш да купуваш обавезно ЦЕНКАЊЕ немој да ги жалиш. Јас купив еден дрвен слон на кој првичната цена му беше 50 евра (будала), па на крај дојдовме до цена од 25 евра за два слона, и кога се фатив за џебот намерно извадив само 10 евра од џеб и викам немам повеќе последни ми се, ај удривме уште малку расправање и на крај попушти - си земав дрвено слонче со 80% попуст.
    Ако сакаш Афричка фризура со оние плетенките, има многу африканки (илегалците, тие вртат бизниси) што одат по улица и се закачуваат на туристи, јас не се плетев ама се испокарав со една, колку да влезам у муабет у шемата де...
    Две работи што мора да се посетат се Лоро и водниот парк кои се наоѓаат во периферијата на Санта Круз.
    Ќе најдеш насекаде низ градот штандови кај што издаваат карти за Лоро и за водниот парк кои се едно до друго, има дупла влезница т.е. за двете места која важи цел ден и беше 50евра + рачунај такси ќе ти треба за до таму, зависи од твоите преговарачки способности колку ќе платиш (ценкање), има околу саат време пат и додека да стигнете ќе гледаш само кактуси и лава. Ова не се пропушта!

    Прво за водениот парк, најубаво да се оди преку недела кога нема многу гужва, и гледај да отидеш така малку порано за да си фатиш добра лежалка и шкафче за крпа/ранец/папучи/патики било што...
    Ако треба да ти го опишам парков со еден збор, тоа би било АДРЕНАЛИН, супер е средено, цветчиња има насекаде, палми, интересен е еден базен како со бранови и маваат со гонг и во тој момент сите скокаат во базенот, интересно. После имаш оние лизгалки како тобогани со вода, има едно Змеј се вика тоа божем најинтересно (јас не се пуштив, некако страшно ми се виде, ама кој како искачаше беше видно вознемирен и урлаше!), има такво да се спуштате 10тина души со гумено чамче, и ред други работи кои едноставно би ги опишала со зборовите: фиуууу, бжжж, ааааа и плас!!

    Лоро паркот е нешто како зоолошка ама не е, влезот му е некако во кинески стил (така ме потсеќа) најмногу ќе гледаш птици т.е. папагали (логично, лоро значи папагал). И ова би била една обична зоолошка градина доколу ги немаше фантастичните изведби на животните!!!
    Внатре има неколку базени и на секои саат-два има по некое шоу (ќе си земеш програма уште на влезот, има распоред каде што има па ќе си се организираш), трибините за гледање се полни па најубаво да отидеш пола саат порано за да си фатиш подобро место за гледање на шоуто!
    Папагалите не ми беа интересни, делфините ти ги препорачувам, пингвините, аквариумот и ајкулите.
    Од претставите must see се оние на пингвините и на оние животни што се во вода големите, како ги викате, е тука едно девојче отиде да го баци па ова животново се изнервира нешто кога мавна во водата - првите неколку реда не избања.
    Да не должам многу, тука цел ден ќе се изгуби (ако не и повеќе денови), има тигар, лав, пума, аквариуми со стаклен тунел и ред други работи кои на мене ми беа поинтересни од водниот парк на пример.
    На оние места низ цел град кај што има туристички тури имате многу понуди, па кога сте веќе таму пробајте. Има една тура со едно како едрилица ама со стаклен под, па кога ќе ве однесат подалеку во океанот да ги гледате делфините ќе ги видите и сивите огромни китови (леле јас се упрпав тука), ај делфините се некако поубави, ова китовите многу грозни, па ги гледаш на подот дека стаклен, се лепат со муцките, се маваат, еи тука не ми беше многу пријатно, а нема кај да бегаш цел под е стаклен (мижи)! Мојата тура беше до Гигантос, највпечатливи се скалите кои се создале од лавата, многу се високи и црни, тука ќе ве симнат и имате организиран ручек, а може и да пливате ако сакате, на мене ладно ми беше па се шетав низ островот. Водата тука е многу чиста и буквално го гледаш дното, ќе видиш разно разни риби во секакви бои – многу е убаво!

    Направив уште една тура до островот Гомера, ШОПИНГ!
    Мароканскиот пазар е огромен, бели шатори насекаде и мароканциве се облечени со тие белите наметки, под шаторите некои чудни сувенири рачна изработка, ЦЕНКАЊЕ на велико, пазар бе пазар.
    Има и продавници со техника, парфимерии, козметика многу ефтино, а за “елитен“ шопинг мислам на брендирана облека само во Санта Круз и таму не е нешто многу скапо.
    Други места кои мора да се посетат, па има едно Вампирско дрво го викаат во Икод дел Вино, таму сама си отидов нема тура, и види мајка, влез не се наплаќа ама ако сакаш да сликаш треба да платиш, не давај пари - одалечи се малку и сликај со зум ЗА ИНАТ!!!
    Ако сакаш сафари со џип до забранетата зона на вулканот ти препорачувам, добри се.

    Горе доле тоа е, за 7 дена толку видов, а за цените, пиво Хајнекен некои 2 ипол евра по баровите, ЦИГАРИТЕ се евро ипол Малборо – пушачи не мора да шверцуваат цигари на царина од Македонија, ефтини се.
    Ау да, да не заборавам, кажав дека Фуертевентура и Лансароте се за сурфери а ако одите на Тенерифе и сеуште ве интересира овој спорт (читај згодни и издржливи момци) задолжително да се посети Ел Медано, дечките се топ и многу дружељубиви (секогаш спремни да помогнат ако глумите давење)!
     
    На ines.h, ivancekitty, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel21

    Ariel21 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Гледам не е многу активна темава, па ако мозе малку да ја подновиме :D . Сакам да го посетам Тенерифе во октомври, па ме интересира дали некој од вас има искуство во патуванјето таму посебно за летот, како да се организира и слично. Гледам хотелите се доста поволно па би било убаво да се најдае и поволен лет до таму... :hai: :hai:
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    И го посети ли?

    Иначе и јас сакам да идам, едина пречка е што нема директни летови од кај нас, а и да има се скапи.
    Ќе барам следново лето нешто преку Косово или Бугарија.
     
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Сакам ова лето да одам на Тенерифе. Доколку некој знае приватно сместување таму, нешто повеќе да ми каже за островот и како највеќе ми се исплати да стигнам до таму, нека ми пише во лп.
    Сакам поопширно да го/ја прашам.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    И јас баш разгледував за Тенерифе, од Белград тргнување - види понуди

    http://www.kontiki.rs/HotelResultDe...nerife/sol-sun-beach-apartments---costa-adeje
     
    На Elen4e_sonce и Marick14 им се допаѓа ова.
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Која цена се?
    Од телефон сум и кога ќе стиснам на ценовник ми закочува.

    Иначе ја би повеќе за ефтино сместување, затоа што ќе сакам да изнајмам кола и да го шетам островпт цело време.
    Нели, за тоа е островот. За да го шеташ, а не да си на исто место цело време.
     
  19. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Имаше и апартманско сместување, не го разгледав баш добро...
    Но видов некни и Инекс имаше лето од Скопје за Тенерифе со пакет аранмжан
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Зошто не се препорачува Тенерифе сред лето? (јуни-август)
    Премногу е жешко?
    Не е многу жешко?