Изгледa немa никoј.кaжими сaкaш дa oдиш преку aгенцијa или сoпственo? Кaј нaс немa oсвен инекс aмa oни имaaт сaмo зa северниoт дел a имaaт и кoнтики трaвел oни имaaт нa пoубaвите местa нa јужниoт дел .приблем се aвиoните
Сакам да одам сам без агенција. Авионот и мене ме кочи. До другите места најдов и за 30/40 евра, ама за до Тенерифе треба 2 авиони да се сменат. Ти птеку агенција ќе одиш?
И ние сакаме да одиме на меден месец во септември. Ако можеш малку поопширно да кажеш импресии од таму, места кои се убави и треба да се посетат, какво е времето тој период, со цените како е, и дали бевте преку агенција или сами си организиравте ?
Не бев преку агенција, све сами си организиравме. Летавме до Барселона, од таму до Тенерифе. Сменивме wizz air, Ryan air i Norwegian air. Бевме сместени во Марино хотел во Costa del silencio, тоа е многу блиску и до Los Cristianos, Las Americas, до аеродромот јужен. Островот е мал, многу е ефтино rent a car, бензинот е поефтин од тука, го вртевме островот со колата. Само да си букираш кола од тука, таму ако бараш на аеродром е поскапо. Обавезно да одиш во Лоро Парк (јас бев и во Сијам парк ама не ми беше ептен интересно). Мора да се види и вулканот, за таму остави си еден ден.
Патот не чинеше нешто помалку од 400 евра за двајцата (повратни) со тоа што летавме преку Барселона (Скопје-Барселона-Тенерифе и исто за назад).Букиравме негде од јули за октомври. За смештајот незнам цена, беше подарок за свадба, ама на сајтот на хотелот има цени, така да може да си проверите конкретно за периодот за кој одите.