Тенис (гледа ли некој во слободно време)

Дискусија во 'Спорт' започната од Zaspana, 20 март 2011.

  1. Zaspana

    Zaspana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    Како што ни е познато девојките и не се мн по пратење спортови...еве ви еден голем исклучок..Јас гледам и пратам спортови...гледам најмногу тенис и фудбал, но често гледам и ракомет, кошарка, одбојка .... и др..
    Бидејќи темава е посветена на ТЕНИС ..ме интересира колку од вас гледаат тенис и за кого навиваат ..
    Јас си ги гледам сите поголеми турнири..некогаш и помалите иако не се многу важни...а инаку навивам за Новак Џокович :) :) :) :) :)
     
    На Sportgirl17, bella21 и Nika666 им се допаѓа ова.
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Порано повеќе, во последно време помалку. Не знам зошто, не сум начекала и не знам кога играат за да гладам...
    Еее пред година дена секој поинтересен натпревар го гледав. Многу убав и интересен спорт, радо и би тренирала, кога не би било толку скапо, а и онака ми е веќе касно...
    Инаку, навивам за Надал, човекот е цар и му нема грешка, освен оние глупави шорцеви кои цело време му се
    пикаат во задникот :fubar:
    Втор после Надал ми е секако Џокович :) Срце е бе, и мило ми што успеа да стигне толку далеку.
    Федерер ми е едно одвратно препотенто суштество. Добро игра, да, ама не можам, не можам да го гледам, ужасно ме нервира :envy:
     
    На deedee0, avriill и plawa им се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Ja :)
    Не често ама коа има на тој Спорт бгкдсахфгк каналот (нешто за спорт де :D ), гледам.
    Не навивам за никој ( не ги знам играчите :lol: ), гледам за релаксација и за да научам по нешто :D
    Понекогаш повеќе гледам, репот како и е фатен, во што се облечени отколку како играат. :D
    Најчесто на летните одмори секогаш приквечер кога се стемнува играме тенис со другите деца и тие моменти се незаборавни :$ :)
     
  4. Zaspana

    Zaspana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Девојки да ве информирам денес во 21:05 играат Џокович и Надал..ФИНАЛЕ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС :)
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.173
    Пол:
    Женски
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Многу не ме интересира спортот,така да само тенис гледам,веќе добро познато на форумов :D интересно е.Секако навивам за Надал :D подобар тенисер е од Федерер, иако и двајцата се најдобри за разлика од Џоле,Енди Мареј,Ферер,Вердаско и Родик кој е несериозен,ако изгуби,избувнува, не прифаќа пораз, иако можам да кажам дека и Ферер и Вердаско се многу добри тенисери.Има уште еден Аргентинец кој исто добар тенисер е, не ми текнува како се викаше,има сличен стил со Надал.Додека од жените навистина доста добри се сестрите Вилијамс,нонстоп победувааат :D Јелена Јанковиќ и други кои постигнуваат солидни резултати.
    Брее, реферат напишав :geek: |( :D
     
    На The.Princess и Dgirlll им се допаѓа ова.
  6. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.084
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    И јас кревам две прстиња...
    Гледам редовно тенис мажи и сум страствен навивач на Федерер :rock:
    Го обожавам начинот на кој игра..Не пропуштам ниту еден меч.
     
    На zalosna, Justice и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  7. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    и јас обожавам да гледам тенис и навивам за Марија Шарапова :P
     
  8. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Кај мене дома ниеден турнир не се пропушта... Секако се навива за Ноле. :)
    Дејвис куп ниеден не се пропушта во живо да се гледа, исто и Србија оупен. Од новак мислам уште тањириве што не ни се потпишани дома. :lol:
    Федерер-НЕ! Надал-може некогаш :)
    А татко ми мислам дека треба да го тужи Новак за душевна болка, секој меч со нервози :lol:
    Со тоа што вчера го освои Индијан Велс мислам дека покажа дека е во неверојатна форма ( :!: во многу подобра од Федерер веќе 3 пати го победи годинава ) и доказ е тоа што е прв тенисер што нема пораз до крај на Индијан Велс! А и светски прваци сме и тоа е нешто!

    Највеќе за Ноле се навива ама и за останатите наши си навиваме: Троицки, Типсаревич, Иванович, Јанкович, Зимоњич...
     
    На MarioCasas му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zaspana

    Zaspana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    НОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ .....го гледавте суперфиналето во Индиан Велс??? леле прекрасен меч...Ноле му покажа на Надал дека не е баш најдобар ..дека и другите се добри...овој надал мн залет некако имат земено, но Ноле ке му покажит дека не е најдобар... ОН ЈЕ НОЛЕ СВИ ГА ВОЛЕ
     
    На Nika666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Конечнооооо тема за тенис :D :D :D
    Редовно гледам тенис значи турнир не се пропушта ]:)
    Навивам за НАДАЛ немам негов меч пропуштено, ги гледам сите од почеток до крај :wasntme: сега малку во послаба форма е, но тоа нормално додека се врати после повредата...
    Се согласувам дека има и многу други добри трнисери, мене лично ми се допаѓаат Бердих, Вердаско, Јужни мислам дека имаат добар стил на игра и нивнито време допрва доаѓа.
    Нормално дека го мпазам Федерер, признавам дека е еден од најдобрите тенисери што постоеле ама исто мислам дека неговото време помина и се почесто ќе губи како што е случајот со Родик кој свое времено беше бр.1.
    Денес почнува турнирот во Мајами (пренос на TV од недела), се надевам дека Надал ке го освои ]:) ]:) ]:) VAMOS RAFA !!!!!! :clap: :clap:
     
    На The.Princess и Dgirlll им се допаѓа ова.
  11. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Понекогаш гледам а инаку навивам за Федерер и Џокович
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.174
    Допаѓања:
    74.614
    Пол:
    Женски
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Не се пропушта, особено кога игра Ноле! :angel: А женските турнири слабо ги гледам, некако не ми се интересни, од жениве би ја издвоила Ана Иванович.
     
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Почит кон Родик, но немој да го споредуваш со Федерер те молам, знаеш што е Феде, а што Родик? ако следиш тенис сигурно знаеш.

    Сега он топик, како тоа јас не сум ја видела темава?? хммм..
    всушност и џабе ќе пишувам, сите знаете каков фан сум на Рожер... :inlove:
    Признавам дека веќе паѓа во формата, но не значи дека паѓа во тенисот, што уште да освојува? се разбира дека посакувам да освои барем уште еден грен слем(кој знае...) Но факт е дека, почна да се повлекува, цело внимание му е кон девојчињата, уште кога кажа дека кога патувале трчкал низ авион за да ги седне на место ми стана јасно дека животот му тргна во друга насока. И го разбирам, го гледам од ќеф, од задоволство затоа што е единствен, затоа што секој удар го задава одмерено со совршена елеганција...

    Што друго да кажам... го следев Мареј вчера, но не ме исполнува мене неговата игра, уште помалку играта на Џокович кој не знаеш дали игра тенис или одбојка со оние нозете како на жирафа...Па што има и еден балкански менталитет, Божее....
    Или ѕверот Надал кој цела маѓија ја расипува кога ќе го бутне прстот во г*зот!
    Друга работа што ме нервира е кога македонец ќе рече “Ноле е наш...“ Е од каде наш бре луѓе? Ние срби ли сме??????????? :^) :^) Башка, ни тој не живее во Србија, во Монте Карло живее. :fubar:
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.
  14. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    830
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Следам тенис, заедн со фудбалот моите омилени спортови.
    Омилен тенисер од да речам ''постарата,, гарда ми е Енди Родик.
    Сега си навивам за Надал, интересен ми е човеков
    Ме нервира она негово тргање на шорцевите, па нека му направат пошироки на човекот :rofl: :rofl:
    до пред некоја години не го сакав Рожер и сакав во секој меч да изгуби ама со тек на време научив која е суштината на тенисот, фаворитите да одат што понатака за да гледаме интересени и неизвасни дуели со што е можно повеќе сета. Штета што Федерер е во години веќе па тешко дека уште ќе гледаме незаборавни дуели помеѓу него и Рафа. Сега сметам дека најголем противник на Рафа е Џокович. Новак ме нервира, многу се крева....
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    НОЛЕ непобедлив!!!!!
    34 во низа!
    Го сакам :D

    [​IMG]

    За тие што не знаат Ноле си играше предобро и претходно но имал проблеми со дишните патишта. Лани некој доктор открил дека Ноле во суштина е алергичен на одредена исхрана мислам дека му беа исклучени од исхраната житарици, помалку леб и други слични намирници. И затоа е ослабнат.
    Една од причините поради која е во совршена форма е токму тоа. И е наааааааајдобар! :party:
     
    На Mishela, ElleS и Buttterfly им се допаѓа ова.
  16. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Гледам скоро редовно Вимблдон (на Телма оти го дават), ина4е од машките си навивам за Федерер и за Џокович....
     
  17. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Секоја чест за Ноле вчера, демек Надал е непобедлив на земја :lol: Надал сега е цар за Федерер, ама затоа пак Ноле е устав за Надал :emo:
     
    На Kitten и rossonerka им се допаѓа ова.
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    209
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Гледам, многу често и мажи и жени кога играат.
    Фаворити Ѓоковиќ и Федерер од маживе, а Надал ич не го сакам, убаво му покажува Ноле како се игра годинава 3 турнир веќе еден против друг. Уште Роланд Гарос да го освои Ноле и 1 ќе биде :) верувам дека ќе успее годинава.
    А жениве многу се слаби и непредвидливи, порано навивам за Серена Вилијамс ама и таа ко да заврши со кариерата.
    Иначе конечно најдов тема за тенис и гледам дека не сум само јас што гледам :) :) :)
     
  19. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    498
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    Го сакам Рафа, го сакам и Ноле :lol: Од мерак да гледа човек кога играат двајцата, редовно ги следам. Еве ги во друштво на омилениот ми фудбалер Кристијано...срциња се :inlove: Вчера постојано го зумираа во публика Мислам дека беше со БоаВиста :lol:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време)

    ^ да да роналдово беше со Боа, ама и Кака беше. Мислам дека и некој друг спомнаа дека е од реал мадрид на турниров дојден.
    [​IMG]
    Тенисов моментално со Ноле, Надал и Федерер неколку сезони е доста популарен. Јас порано годишно гледав 10 натпревари тенис максимум, зашто толку и даваа да не речам. Сега 10 гледам за 1 месец, дури почнаа нашиве и мастер турнири да откупуваат, порано одвај Вимблдон го купуваа :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.