Денес беше финалето на Роланд Гарос кај женските и Шарапова ја победи Сара Ерани која беше огромно изненадување на целиов гренд-слем....Многу убав меч. Шарапова сега конечно ги има освоено сите гренд-слем титули по еднаш..Браво,стварно заслужи играше перфектно Баш ми мило
Денеска во машкото финале Надал го победи Џоковиќ со 6/6 6/3 2/6 и 7/5 во сетови и стаса до седмата титула на Роланд Гарос и единаестата грен слем титула, браво за Надал мн ми е мило и само нека продолжи вака.
Тоа Рафа Убедливо победи,вчера цел пренос го гледав,само на крајот Џоковиќ се засили,иначе цел меч Рафа беше убедливо подобар Денес не гледав,пропуштив И Реал Мадрид му честитаат И Пау Гасол му честита,леле души
Супер што Надал победи баш ми е драго, заслужува тоа човече уште поголеми успеси го среди Џоле знаев јас, не се сомневам во Надал Па како може Надал да не победи на Ролан Гарос? Немат шанси,гарантирано победува Ах шо ми е мило шо го среди Џоле Сега уште поголеми успеси да имат, ршум да прајт Арно викам јас, убедливо најдобри се Федерер и Надал, останатите ќе треба бога ми да се испотат за да го достигнат тој успех што го имаат постигнато Федерер и Надал
Џокович и кога губиш, пак сме со тебе. Јас очекував пресврт, се надевав многу, си викам тамн го одложија ќе се одмори и ќе го победи, ама ништо. Сепак се знае кој е најдобар, си кажува една табела која се вика Атп, која е показател кој е number1 Се надевам дека ќе се врати во форма и ќе ги скрши сите рекорди догодина, и пак ќе биде недопирлив
Утре е женското финале Вимлдон во кое играат Серена Вилијамс(6) и Агниешка Радванска(3). Јас искрено сум за Серена и сакам да победи, а и тоа се очекува од неа. Инаку најголемо изненадување кај жќените на Вимблдон беше испаѓањето на првата носителка Марија Шарапова во четвртото коло. Кај мажите Федерер веќе се пласираше во финалето откако денеска го прегази Џоковиќ со 6/3 3/6 6/4 6/3. Така му треба на Џоковиќ. Сега еве баш Мареј го победи Цонга со 6/3 6/4 3/6 и 7/5. Се надевам дека Федерер ќе триумфира во недела по рекорден 7-ми пат на Вимблдон и ќе се врати на првата позиција каде и припаѓа.
ОД вакви квази навивачи како тебе и слични на тебе им се повраќа. Кога губат Надал и Федерер, плачете ко пи*ки да ми простите, дека сите се ситат, изедовте бурек за Росол и со што се не, а сега најголеми ситачи сте дека Ноле изгуби. Се гледа дека сите толку многу се плашите од него што за инат бре три кила го*на ќе јадете, патетичм сте ми жими се. Не навивам за никоко испадна Ноле вчера, малер што ми бидна незнам. А сакам да победи Мареј, за да излезе веќе од вечната сенка на тројцава, зашто мислам дека заслужува. Спортско понашање 0. Ве читам долго време, секоја чест на пошетени навивачи и познавачи на теносот кои се малку, другите комнотно се запишувате во листата на позери, и пратачи само на резултати на Livescore а не на утакмицата. Во мода е да гледаш тенис јасно ми е, ама не мора по секоја цена да се правите познавачи кога од Марс се гледа дека не сте
Извини а јас да те прашам нешто како заклучи дека јас не се разбирам од тенис и дека гледам резултати само на лајвскоре мислам и полека со навредиве малку квази мази навивачи, а инаку иако се правиш дека си за никој и демек си неутрална по неколку постови кои ги имам прочитано тука се гледа дека си за Ноле и да прашам кој цмиздри сега? И ти си онаа која се потпира на АТП листи и лајвскоре резултати И само да знаеш дека јас редовно следам тенис, сите натпревари кои имам можност да ги гледам и добро ги знам правилата на тенисот. Инаку Серена Вилијамс очекувано ја победи третата носителка Агниешка Радванска во финалето на Вимблдон со 6/1 5/7 и 6/2, и стаса до својата 14та грен-слем титула
^Никогаш не сум рекла дека сум неутрална и навивам за Џокович тоа сите го знаат, и пратам тенис не толку како други спортови но пратам. И не е навреда дека си квази навивач, зашто е така, никој што гледа за рекрација и забава тенис па и било кој спорт и прав навивач нема да си дозволи да навредува било кој спортист од било која причина. Тој пост претходниот е само еден сублимат од целата спртска ситуација на форумов, зашто ми дојде преку глава од таквите смешни коментари, со наредувачка соджина кога ќе изгуби некој и ситење, па макар да се работи и за Грција. И после зашто ќе се кометира само за мода и убавина, епа само таму и може да се коментира кога за другиве теми на форумов, замира дискусијата од векви коментари и препукувања, од незнам каква природа. И не беше за тебе лично само наменет, општо за сите што плукаат и се ситат на било кој спортис, тука се работи и за Федер, Надал за другите. Од кожа ме вадат такви коментари, ма за било кој да бидат наменети. Лути се ако сакаш, ама тоталано неспортски е ваков коментар и наведува на едно-непознавање и не пратење на тенис или гледање за ситење, што мене ми е посмешно од било што друго. Океј можеби ти лично пратиш, незнам, само јас дадов една општа забелешка дека многу не ни знаат кој е Росол па му изедоа бурек на Надал кога изгуби. Јас не навувам за Надал па ни за Федерер, ама никогаш не сум се ситела на нивни порази а имале многу во последниве 2-3години. Едно е тоа што не ги сакам, друго е да праам тука празни муабети дека не ги бива нив само Џокович го бива, што едно добри 70 посто го прават.
Кај сте феминки, го следите ли финалето? Мареј е одличен морам да признаам но мојот фаворит секогаш бил и останува Федерер. Напред во уште една победа и освоена титула на Вимблдон.
Ова финале навивам за Федерер инаку да поминеше ќе си навивав за Џокович. Ама не е доиграно финалето, им заврна, па го покрија теренот со платно
И јас го видов финалето сега, за разлика од порано Мареј подобро игра, но сега мислам дека Федерер сигурно ќе победи, а ништо чудно и да биде обратно, да победи Мареј, иако не верувам со оглед на тоа што Федерер е доста јак тенисер.А би сакала Федерер да победи, мојот некогашен бивши омилен спортист иако се уште ми е еден од најдобрите.
Федерер само што стаса до својата седма титула на Вимблдон. Го совлада Маредј со 3-1 во сетови(4-6 7-5 6-3 6-4) Федерер не само што стаса до својата седма титула на Вимблдон туку тој од понеделник повторно ќе биде на позицијата 1. за Федерер баш сум среќна за него, но браво и за Мареј ис е нандевам дека наскоро ќе стаса до својата прва грен-слем титула(ова беше воедно и неговото прво грен-слем финале).
Федерер победи ццц.... тој нема да победи, па кај го има тоа? Опасен батка е, опасен по живот Баш ми е мило, алал да му е со оглед на тоа што си има години човекот, доста добро се држи Бравос Па да продолжи така и понатака
Браво Федерер, конечно во свои раце 7мата титула на Вимблдон, беше конечно време после 2 години чинам неосвојување. Браво, одличен меч, сите пофалби за Мареј, добро се држеше, одлично му парираше, дај Боже и тој еден ден да го доживее истото што и Федерер денес, играше толку пожртвувано, со срце, прекрасно непосредно човече, покажа дека е со право во првите четири на АТП листата. Со неговиот говор и мене ми предизвика солзи, колку што годи домашна публика, толку и штети затоа што игра под притисок знаејки колку го бодрат, па и сами видовте колку познати личности го бодреа. Му посакувам многу успех и се најдобро! А Роже ... он е повторно на врвот како некогаш, и заслужи богами! Сите честитки. И само поштедете од глупи коментари како не знае да се радува, и останато, ми се се*е од такви коментари.