и јас пратам често спорт, обично тенис, фудбал или кошарка.. тенисот го сакам а и имам тренирано.. порано бев многу за надал, па за федерер, али сега навивам за ноле. мило ми е што стигна до овде, што успеа да биде прв, но не викам дека е најдобар. сепак федерер е тенисер со најголемо искуство и игра стварно феноменално за неговите години. а играта на надал ич не ми се свиѓа. мило ми е на вимблдон што федерер победи и пак се врати прв на атп иако ми беше многу жал за мареј.
Рожер Федерер денеска во финалето во Синсинати дојде до својата шеста титула славејќи над Новак Џокович убедливо со 6/0 7/6. за Федерер кој ќе остани на месо број 1. Инаку жал ми е за Надал кој поради повредата ќе го пропушти и последниот гренд слем турнир УС Опен. Кај жените моментално во финалето играат На Ли од Кина и Анжелик Кербер од Германија.
Еве штотуку заврши и финалниот меч во женска конкуренција, На Ли успеа да се врати после изгубениот прв сет и да ја совлада Кербер со конечни 1/6 6/3 6/1, и стаса до својата вкупно 6-та титула во кариерата, а прва во 2012.
Феминки, во тек е четвртиот а воедно и последен грен слем турнир УС Опен. Дали некој од вас го следи? Јас гледам кога можам. Фаворит кај мажите ми е Федерер, а кај жените Шарапова, па ќе видиме кој ќе победи.
Обожавам тенис!Толку многу што овие денови гледам УС опен до 2-3 часот наутро.Сношти, т.е. утрово до 5 и 30 ги гледав Бердих-Федерер и баш се израдувам што Бедих успеа да го елимира еден од фаворитите.Редно време беше некој да го спушти на земја.
Вечерва Делпо ќе го згази Ѓоковиќ.. Ете Федекс испадна, уште Џока и утре онај Енди Мари да испадни па да глеаме на раат од полуфинале .. Лец го Делпо, лец го !
Па таков е мојот впечаток.Она негово ладно држење и непокажување емоции.Можеби човекот само сака да покаже елеганција во однесувањето или што ти знам што, но јас тоа го сфаќам како ароганција. За неговите играчки способности нема потреба да се дискутира зашто се неоспорни. Како и да е, јас пак ќе си навивам за Бердих кога утре ќе игра со Мареј во полуфиналето.
Обратно да не беше а Му врати за поразот на олипијада, мило ми е. Вечер ќе игра со Ферер, се надевам деќа биде ист иход ко вчера.
Ај Јипи сега, знаеме да јадеме гурабии ама треба да му се признае победава на Мареј, Џоковиќ 2 пати во рок од 2 месеци губи од него, не е за потценување. Не може Џоковиќ да игра слабо 2 сета, и во третиот да го чекаме да се врати во живите. Нек му е са среча на Мареј, ако Џоковиќ разби монотонија меѓу Надал и Федерер, Ајс ејџов добро парира и на тројцата. Доста му е за годинава.
Да му се плукнам јас на Мареј, си ги повлекувам зборовите за него, НЕ ГО САКАМ ВИШЕ. А малеров, незнам што му е,ме разочара ептен. Не очекував а изгуби признавам. Али тоа му е стил на Ноле,од прво малку е попуштен, а после се напиња до крај, ама нема таа игра да му пројде више. Фан сум му, ама ќе го искритикувам за тоа, не му прв ваков пораз.
Мене пак баш ми е мило што конечно се разби таа монотонија од едни исти гренд слем шампиони во машкиот тенис. Мило ми е за Мареј кој со голем напор стаса до својата прва гренд слем титула после одиграни 5 финалина. Инаку не се согласувам со сликата што ја има постирано Yipman2 бидејќи јас Мареј го сметам за квалитетен тенисер. Не за џабе освои злато на Олимписките, еве сега титула на Ус Опен и плус играше финале на Вимлдон оваа година. Предобра сезона за него секако. Кај жените едно големо браво за Серена Вилијамс која секако растура на последниве три големи турнири (Олимписки, Вимблдон и еве сега на Ус Опен). Азаренка се бореше, но сепак не беше доволно психички подготвена, барем јас така мислам. Уште еднаш бравос за Серена и баш ми е мило што таа ја освои титулата.
За тенисов во Шангаи, АТП, игра Федерер со некој друг непознат тенисер и сосем нормлано Федерер победи Алал да му е на Федерер, со оглед на годините, супер е.Незнам кога почнал тенисов, па да не знае некој случајно кога почнал и кои играле/ќе играат? И кога отприлика ќе даваат? А стварно ли му се заканувале на Федерер во Шангаи и дека под силно обезбедување се случуваат натпревариве?
Ги гледав да речеме напоредно Типсаревич и Федерер... Па Типсаревич малце се намачи за вториот сет, за малце ќе му летнеше од рака, ама успеа а Федерер како без маки да играше човекот,мислам така ми изгледаше,до душа никогаш не сум ни чула за овој противников негов така да очекувано си победи... Не сте свесни колку ми е мака за Надал, сакам пак да го гледам како игра,како победува...
Мислам некаде пишуваше дека Надал,пак ќе се врател да игра, имаше изјава негова и тоа сега скоро.Дали сега игра во Шангаи,незнам, оти не фатив да следам од почеток.
Се приклучувам на групата обожаватели на тенис. Не можам редовно да гледам, ама па се случува и да останам до доцна или да станам во ниедно време за да гледам добар меч, особено Џокович или Федерер, омилени ми се. Надал ич не го сакам, не знам зошто. Таква безвезе фацка ми има, ретко се смее и некако одбивен ми е. Жените помалку ги пратам, ама ги гледам Иванович, Серена Вилијамс, Квитова, Радванска, Стосур, Ерани, Вознјаки... Инаку еве ви линк, може да си видите за турнирите и мечевите кои се актуелни, во тек. http://www.lshunter.tv/tennis-live-streaming-video.html