Joк.. морал да дозакрепне... Мислам дека до крајов на годинава нема да игра официјални натпревари, така јас прочитав низ порталиве...
Новак ке го освои Шангај....и оп пак на првото место, мислам дека е во добра форма и просто кажано го обожавам како никој друг On je nole zato ga svi vole nole#1
Ноле е прв ама прв е за последниот турнир кој се игра во Истанбул. Инаку на официјалната АТП листа прв е Федерер, а ќе остане на првото место дури иако Џокович го освои турнирот во Шангај. Инаку за Надал читав дека можеби ќе го пропуштел првиот гренд слем турнир од наредната година Австалија Опен, но да се надеваме дека тоа не е точно, бидејќи тоа ќе биде голема штета
Не ми е јасно. Во секој спорт секој излив на неконтролирана агресија на спортистот се санкционира. Неспортски фаул, приговор кон судија, расправија со противнички играч и сл. Само во тенисот не. Тенисерите можат да манифестираат нервоза и агресија и никој ништо не им може. Што е работава со крвничково кршење на рекетот на сред натпревар, како налудничави бог да чува. А треба да се пример за младите. Деца што сакаат да тренираат, плачат за тениски рекет. Јас рекетите на синот ми му ги исплаќам и по цела година... Конкретно, под импресии сум од вчерашното кршење на рекетите на Ѓокович и Мареј Навивавм за Ѓокович, но што е многу, многу е, збеснале од пари
^ Тип на карактер е тоа, и нема врска со имањето пари. Брат ми многу често знаеше да го удира рекетот, едноставно е таков - моментално избувлив, и во таа секунда за него не постоеше ништо друго (ниту пари, ниту рекети, ниту судии) освен неговиот „пораз“. Јас размислував повеќе, мада и мене неколку пати ми се случило да фрлам рекет, ама никогаш од земја за да го скршам. Повеќе сум ја годела мрежата И ова нормално никогаш не ни се случило на тренинг, туку само на турнири. Момент е тоа, енергија, наплив на емоции. Далеку од тоа дека го одобрувам, ама го разбирам, оти го поминав... А и неколкукратното фрлање на рекет се санкционира во тенисот, се добива казнен поен.
Серена Вилијамс го освои завршниот шампионат во Истанбул, во едно предобро финале протива Марија Шарапова со резултат 6/4 6/3 во сетови. Бравос за Серена која стана најстарата победнична на овој шампионат (Серена има 31 година). Но исто така едно големо браво и за Шарапова која одлично се држеше во овој меч, но сепак после победата над Азаренка во полуфиналето очекував дека ќе земе барем сет. Сега со душа ја чекам наредната сезона, би требало да биде одлична бидејќи Шарапова игра предобро, Серена е одлична, а тука се и Азаренка, Кербер, Квитова итн.
Да не знае некој што се дешава со тенисов во Лондон? Пред некој ден, прочитав Џоле изгледа го победил Мареј, па мислев да не е веќе финале,а сега играат Федерер и Дел Потро, што значи не е финале.Баш сакам Федерер да победи, најдобар ми е, се знае веќе, со колегата му Надал Ако игра Федерер, а го нема Надал, тогаш сум за Федерер и обратно И незнам зошто мислам дека Дел Потро го имитира Надал како во негов стил да игра.Како не фатив од почеток, да гледам, се вака ми се случува да гледам од средина на натпревариве.
^ Горде, па ти кажи дека гледаш тенис Еве програма за Спорт Клуб тука обавезно даваат тенис, можеш да видиш кога почнува. Мислам и на Телма даваа ама јас нашиве тв коментатори не можам да ги поднесам. Толку одбивни ми се. Еве линкче: http://www.sportklub.info/programska-sema
Јас гледам, сакам Федерер да победи, мајстор е човекот за тенис, Џоле ќе му треба доста време за да игра како Федерер.До сега неколку пати покажале Федер и Надал, дека ги бива и заслужено си победиле.Така да, се надевам дека ќе победи Федерер.
Иако сум фан на Надал, и не ги обожавам многу другиве тенисери, во овој дуел би сакала да победи Федерер, заслужува човекот...
Јас пак(нАли како фан на Надал,кој многу оу и тоа колку многу фали...) сум за добар тенис! Стварно ми е сеедно кој ке излезе како победник,сакам само да уживам во дбрата игра,одлични размени на удари,и моето омилено,игра на мрежа!ММмм... Презадоволна!Се што баравме добивме.Предобра игра,премногу неизвесно и изедначено!И кога мислиш дека е веќе крај,се повторно на почеток...Тоа е задоволството кога играат најдобрите во светот. Уф штоа тоа во моментот одигра Федерер перфекшн!
Вреди ли да се гледа финале без Рафа? (реторичко прашање) Вечер навивам за Федерер, кој е малку ослабнат и не е тоа што беше на Вимблдон. Ако ги намали грешките од бекхенд има шанси против Ноле што е во далеку подобра форма. Се бркаат со поени, не очекував дека Новак ќе влезе во ритам толку рано, а и релативно лесно му го зема првиот сет. Сега за сега задоволна сум од натпреварот, очекувам извонредна и долга игра, не се предаваат овие двајца толку лесно.