Обожавам да гледам кога игра Федерер или Надал, кога играат со други тенисери, не се предаваат Уште играат Федерер и Џоле, да не мислат до сабајле да играат Их кој мерак ќе ми се направи ако Федерер победи Ах , не мојт Џоле против учителот Федерер
Победи Џоле, ич не го сакам, незнае како да се однесува на терен. Немам видено Федерер, Надал, Ферер и др., да се однесува така несоодветно како Џоле.Сега кога победи Џоле, ме запрепасти неговата реакција по победава Како и да е, ќе има и други натпревари, пак ќе играт со Федерер, сакал, не сакал Ќе дојт пак време ко ќе победува Федерер или Надал, мож ќе воскресне пак неговата доминација Права релаксација ми е кога гледам тенис
Го гледав цело време,а најака фаца ми напрај Ноле кога Федерер му зеде поен,тој јакиот ,не знаеше кај тера кутриот .Ме нервира Ноле дека игра како балеринка ,само се тепа и паѓа .Во секој случај добар беше мечот и искрено мило ми е што победи Ноле,но реакцијата не му беше соодветна.ПА на нас кои навиваме за него нека ни фрли барем по 1000 долари од добиената сума нема да е на одмет .А на Федерер му спуштам капа мајстор на сите времиња.
Секоја чест за Новак,најдобар е Мило ми е што и покрај шампионската позиција ја заврши сезонава како што му доликува-со победа Туку друго,јас незнам зошто сите се фаќаат за тоа негово однесување...добро,знае некогаш да претера ама се подсмири малку бе луѓе Зошто на пример не зборите за "ритуалите" на Надал? зарем е пријатно два саати да се гледа како тој си ги мести гаќите? или тоа што Федерер изгледа ко робот,ни се радува ни плаче на/за поен,ко сеедно да му е... Секој си има свој начин на покажување на емоции,на Новак е таков по што всушност и е препознатлив.
Одличен натпревар беше синоќа, скоро перфектен. Кој и да победеше, ќе беше заслужено, но пресуди менталната сила на Новак и подобрата тактика. Еј, понекогаш ми се чини ко да не е оваа планета. Што се однесува до однесувањето на Ѓоковиќ, навистина се претерува со коментари, не само овде, туку воопшто. Точно дека има изливи на нервоза, а особено сум против кршењето на рекети на терен. Но, факт е дека знае и да се забавува на терен, да направи шега, секогаш спортски поздравува убав поен на противникот (што обично ретко го гледам кај другите). И Мареј е многу нервозен, и оној американецот што се повлече скоро -психа жива. Имало и агресивни испади врз децата кои собираат топчиња. Никој за тоа не коментира, се фатиле за Ѓокович. Грозни се некои коментари-имал агресивна фаца, симбол на балканската агресивност, па генерализации во стилот на Балканот живеат убијци и агресивци, со акцент на блискиве војни. Од такт ме извади коментарот на холандската новинарка за Ѓоковиќ. Навистина ова лично го доживувам. Иако е Србин, сепак за мене е симбол за балканска издржливост, ментална сила, интелегенција. Ме прашува син ми зошто навивам за Ѓоковиќ. Заради неговите родители, му велам. Син ми тренира тенис рекреативно и барем во мал дел можам да замислам низ се што поминувале додека тој бил само талентирано дете. Колку тршоци, колку откажувања, Србија во деведесетите, период на голема криза, изолација и војна. Лесно е за некој талент од Швајцарија, САД или не знам каде. Ете затоа навивам за Ѓоковиќ.
Џоле, како што почна скоро сега со неговата доминација на победи, така почна да се однесува на терен.Кога Надал и Федерер беа доминантни, Џоле го немаше, мислам за неговата доминација на теренот, не мислам за неговата кариера во текот на годините.Зарем требало до сега Федерер и Надал, не само и тие, туку и други, но еве тие ги земам за пример, бидејки доминирале доста долго време, требало на таков начин да ја покажуваат својата радост за една победа? А до сега колку ли ги имаат? Тогаш Федерер не е за џабе во најдобрите, кои биле пред него, а после него е Надал.Не е само да се победи, за кратко време, а после да ја снема таа константност, стабилност, сконцентрираност на терен.Разбирам се израдувал, па и да реагира некако, ама тоа што тој така реагира на секој натпревар и не изгледа баш убаво.Секако и другите тенисери имаат некаква емоција, но голем дел од нив ја контролираат, бидејки тоа го разбираат само како игра, ништо повеќе.Тука е разликата, затоа и ќе се меѓу првите со години. Не го мразам Џоле, едноставно не ми се допаѓа како тенисер, малку ако згреши, се лути, како Родик. Се тоа е игра, секако дека секој би се гордеел со успехот, но тоа незначи дека треба така да се однесуваат. Уште ми се гледа тенис, а да продолжеа не ќе беше лошо
Па мислам дека и време беше Надал да се врати на тениските терени. Не дека ми е еден од омилените тенисери, но не е толку интересно без него
Време му е на Надал да се вратит на терен, кај биват без него да се одигруваат натпревариве не е интересно Што ли му бидна на Надал со тие повреди, се расштрафи целиот.Баш сакам пак да биде на терените, оти го бива за тенис
Тенис следам и сум за РАФА Едвааааај чекам да се врати многу фалеше последнава сезона!! Тенисот едноставно не е ист без него!! Се надевам дека не изгубил многу од кондиција!! Но верувам дека ќе се врати во старо светло како што сите го знаат. Зашто тој е еден и единствен KING . За другите тенисери.. Ми се допаѓа играта на Федерер. Еден од подобрите тенисеро заедно со Џокович Спојлер антипатичен не го можам и мн се радувам кога ќе му ја видам таа жална фаца после пораз! Особено од Надал (мислам на Џоко) Исто и Монако има добар стил на игра заедно со Мареј.. Цонга ме нервира.. И уште еднаш ќе повторам THE KING WILL BE BACK Спојлер VAMOS RAFA
Тенисот ми е омилен спорт !! Го обожувам а особено Ноле !! гледам спорт а во слободнот време и играм со пријателите