Еве конечно започна тенис сезоната.. Мојата омилена.. Уште повеќе кога ќе почнат на песок да играат! Ја обожават бојата на песокот aww Само да се врати Рафа ми фали многу!!
Многу сакам тенис, омилен ми е Роџер Федерер, има историски успех што мислам дека нема никој да постигне колку него
Mногу ми е интересен тенисот за гледање (за играње не ме бива, не сум по спортовите ) Навивам за Ноле, секако
Јас многу се разочарав оваа година. Еуроспорт има дадено известување дека нема да биде во можност да пренесува поголем дел од турнирите во ВТА кои до лани ги пренесуваше. Ова е како резултат од непродолжениот договор на еуроспорт со ВТА. Лиценца за пренесување има само на Аустралиа Опен, УС Опен и Ролан Гарос и некои други помали турнири од ВТА како и селектирани турнири од АТП. Ајде што нигде не дават ракомет, освен кога нашата репрезентација настапува де, сега нема да можам да гледам ни тенис
Дали некој загледа сега тенис, што се одржува во Австралија? Од кога се почнати? Јас загледав Надал и Џоле играат, ама на Надал ептен се врати Гледам пак е како што беше некогаш ах шо ми е мило Џоле се збуни целиот, се збрка Баш загледав, помислив да не е некаква снимка од порано ама изгледа стварно се одржува сега Та и оние во публикана колку го сакаат Џоле, само за него навиваат
Горде тоа е снимна од минатогодишното финале Инаку ако сакаш да гледаш Австралија Опен почнува од вечерва од 1 часто и ќе се емитува две недели на Еуроспорт и Еуроспорт 2 со директни преноси како од АТП така и од ВТА. Инаку вечерва ќе игра Шарапова, Go Maria Go!!
Знаев, осеќав дека ќе е изгледа снимка.Ама ме збуни ко на рекламите пишуваше дека вечерва почнува тенисот, видов во колку почнуваат, ама реков да не смениле нешто.Па дури и чудно ми беше, знам Надал дека откажа некое време, а гледам сега игра со Џоле, помислив мож смениле шема.Како и да е мора да има уште еден натпревар со Џоле и Надал, Федерер и Надал.
За жал Надал нема да учествува на Австралија Опен и на Доха поради некој стомачен вирус, но повредата со коленото била ок, моментално е добро колку што сватив од изјавата на Давид Ферер... Искрено се надевам дека и понатака ќе биди се во ред и дека добро се подготвува за неговото враќање на 25 фебруари на турнирот во Акапулко http://www.youtube.com/watch?v=yPQpta2879k Фалиш Don't give up, be strong.....We love you
Омилен помеѓу машките, секако Роџер Федерер! Преминува во трета рунда на АО, Федерер-Давиденко 6-3 6-4 6-4 Во сабота игра со Бернард Томич
Ах леле многу сакам да се врати Надал, најдобар е, со Федерер, двајцата, си имаат стаж како најдобри до сега, успеси зад нив.Мислам комотно можат други да учат од нив.Професионалци се, нема што тука да се негира.Баш би сакала да има пак такви натпревари какви што имаше порано со нив двајца, кога мераклиски ги гледав кога траеа со часови, не дозволувајки противникот да победи, иако и двајцата беа/ и се најдобри, па начинот на кои играа тенис, растрчани по теренот.Навистина доста добри натпревари, што сега ги нема, иако сеуште игра Федерер, но не е тоа, тоа што беше.Не само тоа, одмереност, немало незнам какво несоодветно однесување, во однос на викање, удирање во гради после победа и сл.Незнам што е убаво во тоа да се гледа на терен, како што беше Родик, изгледаше како да немаше контрола над своето однесување и начин на игра.Секако дека не може да биде идеално, ама барем да биде како што треба.Се надевам дека повторно ќе има вакви натпревари како порано, мислам дека навистина фалат.
Леле, оваа Фабрикава против Џоковиќ беше одличен, жал ми падна, не заслужи да изгуби, фури и се расплака на крај, није фер. 5 саати играа, и изгледа им текна дека Македонија треба ракомет да игра, па ни ги скратија маките.
Нека и е честита втората грен слем титула на Викторија Азаренка која денеска во финалето ја совлада На ли од Кина со 2-1 во сетови 4/6 6/4 и 6/3. Јас бев за На Ли а и дефинитивно ќе победеше ако не го свиткаше зглобот два пати, но тоа е. за Азаренка. Сега одтанува да видиме кој ќе биде победникот во машка конкуренција. Утре од 9 и 30 играат Џокович и Мареј. Јас искрено сум за Мареј но ќе видиме
Ужасно лоша игра на Мареј, мнооогу грешки. Првиот арно го тераше, после не знам што му стана, дали преморен беше, башка имаше помалку време за одмор за разлика од Ноле. Честито титула, заслужено победи.
Исто и јас мислам дека лошо игра Мареј.Но секако дека Џоле ќе победи кога игра со не толку успешен тенисер.Мислам едно време Мареј почна добро да игра тенис, а и очекував тоа од него, ама пак се врати како што беше на почетокот.Баш ќе видиме какви ќе бидат следните натпревари
За мене Мареј е одличен тенисер, малку не е континуиран, еднаш одличен, еднаш ужасен, паѓа брзо, но сепак млад е и има доста пред него. Иако ми е претерано антипатичен, но дека е добар тенисер нема сомневање. Денес играше и со болка, имал проблеми со стапалото, плускавци, жуљеви и такви работи, се приметуваше дека не дава 100% од себе. Затоа Ноле си и понатаму нумеро уно. Најдобар! Покажува и докажува дека игра одличен и квалитетен тенис. Има падови како секој спортист, но има и такви подеми да му се воодушевувам кога од нула ќе ја подигне играта на 10ка. Иако натпреварот со Ферер му беше совршен, едноставно го скрши. Али натпреварот со Вавринка ми беше подобар натпревар и од финалево, борба до последна секунда.
Гордана, се гледа дека сакаш и следиш тенис, но коментарите понекогаш не ти ги сфаќам. Точно е дека Мареј денес изигра послабо и не му се спротистави на Ѓоковиќ доволно добро, но далеку од тоа дека Мареј е -не толку успешен тенисер.. Баш напротив, Мареј е фантастичен тенисер, а изминатата сезона му беше една од најдобрите.
Секој може да си каже свое мислење и истото треба да се почитува.Јас не реков дека Мареј е лош тенисер, како и тоа дека е неуспешен, реков не толку успешен во однос на Федерер,Надал или сличните на нив Секако во однос на тоа што сум следела, гледала, гледам тенис
Лош тенисер/тенисерка кој е во топ 10 или топ 20 на АТП листа според мене нема. Некој наш да влезе во топ 100 ќе се укакаме а тек па да биде во топ#3. Успех и тоа голем, многу напори, откажување и лишења во едно за да се биде спортист. Незнам зашто толку сите го хејтаат Ноле и како Србија се кењала заради него,али релно ние едно 4и 5 место на европско под тримфална ги дигнавме,а тек да имаве тениесер или во било кој друг спорт некој што е #1! Rank, Name & Nationality Points 1 Djokovic, Novak (SRB) 12,920 Е убаво е да се гледа и јас викам така. Мареј е трети моментално, не ситигнал таму од чиста мира. И мене ми е антипатичен не само Мареј и Федерер посебно, али дека е еден од најдобрите тенисери на сите времиња неможам да кажам дека не е. Посебно ми е мил Ноле што викам мајка ми е, не е убав ама има некој шарм, некоја голема енергија носи со себе. И имаше Пепрминт еднаш еден фантаситичен пост зашто го бодри Ноле, неможеше никој подобро да каже. Народите од балкaнот секогаш биле многу потценувани и растени во многу тешки улови посебно за успех во некој спорт, па и за се,и кога некој од ништо ќе стане некој и нешто,ми е посебно драго.