1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенис (гледа ли некој во слободно време)

Дискусија во 'Спорт' започната од Zaspana, 20 март 2011.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Хипстер, јас не го мразам Џоле, незнам зошто така мислиш, не го оспорувам тоа што успеал, тоа што мене не ми се допаѓа како тенисер е друго.Никогаш не сум помислила,барем до сега како што сум следела тенис дека Мареј е лош тенисер, напротив, тој имаше период каде доста добро и успешно играше, а и баш сакав да е успешен.Не е само Мареј кој секако дека е добар тенисер, тука се и Ферер, Вердаско и други, кои и те како се добри тенисери.Каде јас негирав дека Мареј е лош тенисер? Реков дека лошо играше за последниов натпераар со Џоле.Поинаку ме разбравте :)
     
  2. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Надал :inlove: А Ѓокович :envy: има некоја одбивна фаца човекот :)
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Гордана, не го сваќај моето мислење кон тебе насочено,зашто не беше.
    Туку кажав еден факт кој ги слушам во моето секојндевие дури и премногу често.
    Не ми е мене Џокович брат за да го бранам, ама па и не ги ни разбирам зашто некои луѓе имаат толкава омраза кон некој спортист, ама буквално погрдни коментари.
    Така да моето мислење беше само некое видување од сите работи кои се случиле во изминативе неколку месеци и сум зачудена едноставно.
    Секој си има право да си навива за кого сака, па затоа и ми се смешни коментарите од типот, пф навиваш за Џокович, кој сер*о итн,итн.
    Дака многумина го оспоруваат квалитетот на Џокович и ќе го оспоруваат, а искрено мислам дека е повеќе на национална база него на база на достигувања и квалитети, зашто Џокович за кратко време успеа да се пробие на врвот, рамо до рано со Федерер и Надал кој многу долго ја држеа таа доминација.
    Јас искрено немам многу гледано тенис порано, повеќе почнав со појавувањето на Ноле.
    Ги освоил моите сипатии како до сеа никој тенисер.
    Не можам да се наречам некој стручак, зашто не сум.
    Али па затоа не можам да оспорувам квалитет на некој кој до вчера бил најдобар само зашто јас не сум гледала.
    A на коментарите на темава и на темите за спорт општо од типот Петко најјак,ептен го сакам,а Станко сељак грд, мочко или незнам што трена да се бришат.
    Не им придавам ич значење,ама некогаш едноставно бодат во очи.
    Тоа не е мислење, тоа е ради реда пишани 3 збора.
    А такви има многу, да не речам премногу.
    Еден единствен аргумент кога некој ќе даде зашто навива за некого а зашто му е одвиен, си е на место и го рачунам како мислење, оформен аргумент.

    П.С неможам да лажам и да кажам дека не ми сметаа коментарите од типот дека добар тенис бил само оној меѓу Надал-Федерер што ги читам на страните наназад.
    Зашто не сте во право, или па не пратите тенис во последно време да видите дека ситуацијата е изменета. Зашто малку се изменија можностите и силите на двајцава и се вмешаа и други во приказната.
    И така е, не е веќе Федерер- Надал, Ноле им крши раат што би рекле. Зашто може.
    И Мареј исто баш е најдобар до сега. Мене ми се допаѓа играта на Цонга.
    И неможам да се согласам дека сега нема добар тенис, никако.
    И јас сакам да верувам дека Англија го има најдобриот фудбал и репрезантативно се најјаки, кога години по ред никаде ги нема и губат од некогашните аутсајдери,без разика што биле велемајстори во фудбалот и од нив водат корените. Така и тука, порано за порано,сега за сега. Now is the real deal!
     
    На Someonespecial, alekce83 и Peppermint им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Моето мислење е тоа.Прибидејки следам тенис од одамна, кога Федерер и Надал на времето беа доминантни, а отпосле се појавува Џоле, во време кога на некој начин и тој станува доминантен.Секако дека поминало времето кога Федерер и Надал беа доминанти, значи доста долго време беа најдобри и тоа беа натпервари каде со часови играа на терен, а двајцата најдобри, работата им беше кој е подобриот од нив, ништо друго.Мене ми беше мерак да ги гледам тие натпревари.А и не следам од сега тенис.Не гледам од субјективен аспект, туку објективен.Колку добри натпревари имаа Вердаско, Ферер, па да речам и аргентинецот Дел Потро, каде тој навистина доста добро одигра тенис.Имаше и други, не ми текнува моментално кои беа.После, според мене навистина извонредните натпревари кои ги имале Федерер и Надал, се појавува Џоле со својата доминација на терен, која сега ја има.Секако дека се изменија силите на Федерер ( кој патем за негови години, до некаде има сила, секако дека не може да биде, како што бил на помлади години, сосем разбирливо), Надал ( повредите со коленото, поради кои и морал да одложи, а воедно дека и тоа игра улога, а еве барем колку што прочитав, дека ќе се врател, па ќе видиме како ќе биде нели откако ќе се врати не терен, не дека тоа би било како причина за да се оправда, но и сепак не е стар).Секако дека ќе има промени, нормално, како што пример сега е Џоле, во иднина друг ќе биде на негово место.Сосем нормално.А индивидуално е тоа кој тенисер останал најдобар во очите да другите, што и тоа е подразбирливо, како што за некого Марат Сафин е најдобар, го смета уште како најдобар, така за друг Трпе ќе биде најдобар тенисер.Тоа е тоа и сосем нормално, нешто за кое станува збор на личен впечаток.За во иднина, здравје, ќе видиме како ќе биде.Патем, од жените, едно време доста добро играше Ана од Србија, колешка на Џоле, имаше уште една ја заборавив како се викаше, не ми текнува, потоа Серена Вилијамс со сестра и, двете се меѓу најдобрите, покрај нив и други тенисерки.Ма да поише, машкиве ги гледам :D Тоа е тоа, сега останува да се види какви ќе бидат следните натпревари, кои мене ми се патем релаксација кога ги следам.Уште пуканки не ми текнало да имам крај мене, при следење на натпревариве :D
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Гордана јас го почитувам твоето мислење. Но, едно е мислење, а друго се факти, а за нив убаво пиша Хипстер, да не повторувам сега и јас.
    Коментарот за успешноста на Мареј го даде само за да ја минимизираш победата на Ноле... Но, како и да е.
    Јас навивам за Ѓоковиќ, но уживам гледајќи добар тенис воопшто. И кога игра Федерер, и Мареј, и Ферер..... Се воодушевувам на добар потег, добра игра на било кој тенисер.
    Тенисот е прекрасен спорт. Кога пресубјективно ги гледаш работите, кога на тој начин фаворизираш еден или двајца-тие и никој друг, не ја доживуваш сета убавина на овој спорт.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Најпрво да си кажам дека го обожавам тенисот како спорт, многу пат знам да кажам дека можно е во минатиот живот да сум била тенисерка :D
    Голем фан сум на Ѓокович, го пратам од самиот почеток.Јас всужност сум од оние до крај што одат за својот фаворит, многу пати после меч кога ќе победи Ноле ми звони телефонот да ми честитаат за победата бидејќи знаат колку го сакам.Често ми се случува да неможам да издржам и да пуштам по некоја солза од радост.Ајде да не забегувам многу, ќе помислите дека сум жива патетика :lol:
    Јас имам едно правило, било за спот, за политика, за маркетинг итн.Никогаш не го потценувај противникот.Мене лично Федерер ми е страшно антипатичен лик но секогаш знам да признаам ако бил подобар од Ноле.Играчиште до крај и одлична конкуренција.Ми фали и Надал.Тројцата се мајстори кога станува збор за тенис.
     
    На deedee0 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Една вест што ќе ги развесели сите вистински љубитли на тенисот:Рафа се враќа на терените на 11 февруари. ^_^

    Честитки до Новак за хет-трикот на Мелбурн,комплетно заслужено.
    Само ова финале,со она од минатата година,Ноле-Рафа... неспоредливо е!
     
  8. KN13

    KN13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Зависна сум од тенис и фаворити ми се Надал и Шарапова, но исто така во последно време ми се допаѓа и играта на Бердих.
    п.с едвај чекам Надал да се врати на терените и да гледам меч НАдал-Ѓокович
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Кога ќе кажат дека има тенисер кој е подобар од Џоковиќ
    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Лесно е да се утврдува само по последните натпревари и да се велича Ѓоковиќ, јас искрено не го делам восхитот кон него, иако не му ги оспорувам квалитетите како тенисер.

    Мој фаворит бил и ќе остане Надал, бидејќи е најголем борец од сите, затоа и се повреди и толку го немаше, бидејќи сите експерти тврдеа дека начинот на кој игра не му ветува долгорочна кариера.

    Федерер од друга страна е оној кој игра(л) највнимателно и е веројатно тенисер со најмалку повреди и таков е и во играта, швајцарски прецизен, сакам да ги гледам натпреварите со него, бидејќи има да понуди квалитетен тенис, иако е за деценија постар од другите, ама и тој и Серена не се даваат лесно, за тоа секоја чест.

    Мареј исто е се‘ подобар, да успее да се стегне уште психички, нека си го види малку тренерот по - покер фејс од него :rofl: ...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lily52

    Lily52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    36
    obozavam tenis....igram tenis.....i pratam tenis :D :D
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Надал - Федерер, финале во Рим.
    Едвај чекам да ги гледам гзлакот и мојот омилен.
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Долго време чекав Федерер и Надал да играат заедно, обожавам да ги гледам.Како што некогаш играа, знаат и двајцата да покажат добар натпревар, мајстори се :rock: Само незнам зш вака одигра Федерер :^) едно време убаво почна и пак се врати на старото.А мож и се договориле предвреме, кој да победи :D Ептен ми е мерак што победи Надал :rock: немаше да ми биде криво и ако Федерер победеше, кој и да победи од нив двајца, ми е драго.
     
  14. Juliaa

    Juliaa Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Да гледам многу често, речиси секој турнир го гледам. Сега моментално има Роланд Гарос и гледам и навивав за Пер ама ми испадна, така да сега сум за Вавринка (дека му е најдобар другар на Пер).
    Ги гледам и женските ама не ми се толку интересни.
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ретко гледам, ама вчера фативме навистина добар меч со швајцарецот варвинка и французинот гаске. бев импресионирана од нивната игра од снагата, од грешките од тактиките. 4h и 15 минути игра. навистина фантастично.
     
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе гледа некој Роланд Гарос???
    Инаку јас одамна немам пишано тука п сега ќе кажам се наеднаш.
    Најпрвин многу ми е жал што Федерер испадна во четвртфиналето, но сепак остаре чоеко и не е тоа што некогаш беше. Друго што ми е криво е тоа што во полуфиналето се среќаваат Надал и Џокович. Штета, и сигурно тој што ќе победи во овој меч ќе го освои и турнирот.(Јас навивам за Надал)
    Кај жените едно големо браво за Марија Шарапова која денеска ја порази Викторија Азаренка со 6/1 2/6 и 6/4. Одличен меч иако Шарапова имаше падови во играта дефинитивно беше подобра од Азаренка денеска, а и не само денеска според мене Шарапова е каде кад еподобра тенисерка од Азаренка. Сега во финалето ќе играат Серена(која ја порази Ерани со 6/0 и 6/1) и Шарапова. Се надевам дека Марија конечно ќе ја совлада Серена и ќе ја одбрани титулата.
     
  17. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јас го следам Roland garros и со нетрпение го чекам утрешното полуфинале помеѓу Ѓокович и Надал(јас навивам за Ѓокович) :D И мене ми е мило за Шарапова (прва фаворитка ми е Ана Иванович) но не е во форма последниве година две :(
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И јас, навивам за Надал.
    Мислам дека Серена ќе победи, ја бива, некако не сум баш сигурна дека Шарапова ќе победи.
    А и нешто многу брзо завршува Роланд Гарос :^) или мене времево ми поминува брзо :D :wasntme:
     
  19. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Гледам.
     
  20. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Горде и мене ептен брзо ми поминаа овие две недели :lol:
    Инаку и јас мисламд ека Серена ќе победи, но сепак имам малку надеж, сепак надешта последна умира :D