Не битен турнир бе затоа не се ни трудат Или наместени се, тоа мора да е Само Ноле да не киксне овој пат, патот му е најотворен до сега... Не не разочарувај!!!
Секогаш во слободно си пуштам тенис да ме релаксира. Пратам доста и навивам за Рафаел Надал . Овој Ѓоковиќ иако е добар тенисер ( морам да признаам ) али некако ми е антипатичен
Играм тенис 8 фодини и секако дека за мене секој турнир е битен... сите ги гледам како врвни играчи ама омилен ми е Федерер
Од утре почнува УС Опен.Ќе навиваме ли за своите фаворити? Мојот е Новак, ама некако не се покажува во последно време.Ако и тука биде очаен и му дозволи на Надал да ја освои титулата, ќе се прости од првото место на АТП листата.
Гледам понекогаш, но не многу често. Но, затоа татко ми е „обесен“ на телевизорот секогаш кога даваат тенис.
Оооо Рафа гази!! Кога беше 5-3 во 2от сет и почетокот на 3от Рафа толку многу падна во форма но и на земја но откако се врати ништо не можеше против него. Сјаен повраток, честитки! Уште еднаш покажав кој малер сум, испокажав дека ќе ја уплатам сингл 3-1 за Надал, ме фати мрза, а сеа можам само да се јадам. Сречен ден, лаку ноч!
Прекрасен натпревар, арно ама на крајот го загледав, не видов како почнаа, но Рафа, како Рафа, мајсторски покажа како требит да се играт :geek: Очекував Џоле дека ќе се бори до крај, ама некако слабо одигра.Секоја чест на Надал, заслужена победа
Готово Ноле, прости се со првото место. Ѓоковиќ му бега на Надал за само 120 поени на АТП листата и веќе на 6ти октомври Надал може да биде ново-стариот број 1.Ѓоковиќ, пак, може да се врати на првото место дури во 2015тата година. Каква и да е состојбата на листата, факт е дека Надал е најдобриот тенисер на денешницава.Едноставно гази се` пред себе, без никој да може да му се спротивстави.Како да не е од оваа планета И тоа како ќе му биде заслужено првото место
обожавам да гледам тенис го обожавам рогер федерер и новак .а најпојче обожавам черками да си ја гледам на турнир
Секогаш гледма кога игра Ѓоковиќ. Морам да го пратам и навивам за мојот омилен спортист, а и најинтересно ми е да гледма кога игра он, но и финалињата на куповите ги гледам безразлика кој игра. Убав спорт во секој сличај штета што од кај нас уште нема излезено светски тенисер.
Тенис почнав од лани да гледам , и оваа година ги изгледав сите турнири , и секогаш навивам за Новак Џокович
Не редовно,ама кога ќе начекам поинтересни мечеви уживам! Ги сакам Рафа и Ноле. Се израдував што Ана Иванивич ја збриша Серена,која радост еј,конечно по толку време!
Дали знае некој точно кога почнуваат натпреварите во Монте Карло, односно кога ќе биде мечот помеѓу Џоле и Надал? Така наслушнав нешто на тв, но не конкретно, сакам да гледам, доколку имам време, би гледала, па ме интересира дали се веќе почнати во Монте Карло или треба да почнат деновиве? Доколку почнуваат, од колку часот ќе биде? Мислам дека и Федерер ќе игра, ама не сум сигурна, но мислам дека ќе има меч меѓу Џоле и Надал, барем така разбрав.