Ја мислам ќе биде интересен меч, Кирјос има доста добар сервис и брза игра а на Новак му одговара игра со долги поени, плус хед ту хед гркот води 2-0, мислам 4 или 5 сета ќе се игра, мада морам да признаам дека годинава слабо пратам не знам кој во каква форма е...
Редовно пратам,се разбира колку што дозволува слободното време. Гремслем турните обавезно без исклучок и АТП и ВТА турнирите 1000. Мажите далеку поинтересни од жените.Кај женските нема континуитет ,секогаш победуваат различни. Каква иронија вчера.Им забранија на руските тенисери да учествуваат а на крај сепак победи русинка со казакстански пасош. Денес се разбира фаворит Новак. Ама Киргиос е специфичен тенисер кој сакам да го гледам. Секогаш има некаква драма кога игра на терен.Денес сепак се надевам ќе нема,после огромната подршка што му ја даваше на Ноле во Австралија.
Ах колку не ги можам и двајцава у последно време не го пратам баш секој турнир, има шанси Циципас или слабо?
Potreben mi e sparing partner za tenis, pa ajde rekov tuka da pisam (napreden rekreativec sum), ako ima nekoj sloboden ili zainteresiran slobodno pisete mi na instagram. Instagram - stankovicradan
Темава гледам доста време неактивна што се дешава прати ли некој тенис? Завчера за прв пат по подолго време гледав женски тенис уфф само колку се изнервирав што изгуби Рибакина мислам дека уште долго време ќе избегавам женски тенис додека не се појават играчи што се способни да победуваат во континуитет. Инаку машкиот тенис се надевам на победа а на Ѓоковиќ утре израмнување на рекордот на Федерер во освоени титули на Вимблдон и заверување на 25тата гренд слем титула најверојатно и последна во неговата кариера со оглед на тоа што има 37 години. Ајде малце да ја живнеме темава пишете мислења и впечатоци
Редовно следам тенис. Искрено мислам дека ќе победи Ноле,доволно е мотивиран со тоа што се ближи крајот на кариерата и сака што е можно повеќе трофеи. Само да не биде истото сценарио како лани кога беа истиве двајца во финале.. Доста е спремен психички и тоа е она што го турка напред. Може да скрши рекет и по 2 мунути да е спремен за игра како ништо да не се случило. За утре типувам 3:2 за Ноле За женскиот тенис се согласувам дека скоро сите се непостојани играчи, не постигнуваат успеси во континуитет. Ни фали нова Серена Вилијамс која ќе руши рекорди,ама ретки се таквите.. Конкретно за женсково финале, оваа Крејчикова што избори финале ја немаше нигде, и кога и да играше губеше. Сега оддеднаш грен слем, види мајката..
Можда најважно финале на Ѓоковиќ во кариерата најмногу поради фактот што е на залез на кариера и ова ќе му биде веројатно последна гренд слем титула ако освој, со победа не само што се изедначува со Федерер по број на освоени титули на Вимблдон туку освојува и 25та гренд слем титула што го става прв на вечната листа како единствен играч во машка и женска конкуренција со 25 освоени гренд слемови, моментално го дели првото место со Маргарет Корт со по 24. Мотивација плус е секако да се победи помладиот колега кој важи за еден од наследниците на големата тројка и игра страшен тенис. Со победа над Алкараз мислам дека се затвора и дефенитивно прашањето кој е најдобар на сите времиња. Затоа ова е многу важно финале за Ѓоковиќ, желба и мотивација има сигурно, лошо ја започна сезоната но мислам дека имаше доволно време да поработи на формата што е видливо на турниров, операцијата на коленото очигледно не му прави никакви проблеми така да верувам дека утре ќе гледаме вистински спектакл па нека победи подобриот секако по можност Ѓоковиќ
Беше досадно откако се пензионираше Федерер, Надал стандард увек повреден Ѓоковиќ немаше буквално никаква конкуренција последните 4-5 години немав следено тенис од 2020та негде лани од ко се појавија Аллараз и Синер млади и достојни противници кои можат да го предизвикаат почнав повторно да следам само штета што се појавија толку касно кога Ѓоковиќ е на крај на кариера иначе ќе развиеја добро ривалство. Иначе финале игра против Алкараз реприза од ланското финале кога изгуби
Уште еднаш да го протолкуваме женсково финале. Осим години уназад го освојувале различни тенисерки што повторно води до таа непостојаност за која зборувавме. Освен Серена која го има освоено неколку пати Инаку за Ноле, да ова ќе биде едно убаво заокеужување на бројката на грен слемови ако секако запре тука. Оти некако човеков како да нема 37 години.Ептен е во форма и мислам дека нема да запри тука. Во септември доаѓа Ус опен и нова можност за Ноле да стане ненадминлив. А да прашам, дали ако утре го освои вимблдон ќе стане пак број еден на атп листата? Едит: прво навивав за италијанката но откако ја слушнав приказната на Крејчикова и што ја мотивирало да стигне до таму кај што е денес се расплакав кога го зеде трофејот. Мајка и го освоила во 90тите и пред да почине од рак и дала аманет и таа да го освои.. Го препишувам на постпородилни хормони ова и на сипанициве што ги имам моментално, ваква раздразливост
Новак останува втор дури и ако освои реално далеку е од својата вистинска форма, во драстичен пад е сепак годините си го прават своето но сепак успеа малце да се подобри па го одигра турниров солидно иако се соочи со нешто послаби противници и не играше четвртфинале бидејќи се повлече Де Минор поради повреда. Како и да е финале си е финале и со самото тоа доаѓа дополнително мотивација мислам дека можи да го победи Алкараз иако реално Алкараз е во многу подобра форма. А женскиот тенис го изгледав првиот сет од финалето денес навивав за италијанката но толку лош тенис покажаја и двете што се откажав од гледање. Треба и тоа како во женскиот тенис да се појави некоја со x фактор што ќе може да се задржи на високо ниво и да освојува во континуитет. Од сегашните тенисерки гледам само 2 што би можеле да направат нешто позначајно во иднина едната е малата Мира Андреева, со само 16 години играше полуфинале на Ролан Гарос и испадна токму од Паолини, на Вимлдон испадна уште во првото коло но млада е има време да учи и да се надоградува мислам дека има потенцијал да биде топ класа тенисерка. Втората е Коко Гауф на 19 години лани го освои УС Опен моментално е трета на ВТА листата годинава бележи нешто послаби резултати но и таа е млада и има време да се докажи. Сума сумарум сметам дека доаѓаат подобри денови и за женскиот тенис но ќе видиме сеуште е рано да донесуваме некакви заклучоци
Е, ова е најава за добар тенис, од 16-19 октомври во Ријад ќе се одржи слемот на Шесте кралеви: Новаќ Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Данил Медведев и Холгер Руне.