ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) И јас го гледав Мило ми е за Џокович не затоа што ми беше фаворит туку затоа што на крај успеа и си ја оствари најголемата желба. Светски повеќекратен шампион. Рекорд во освојување 5 Мастер титули за една година Дефинитивно желбата, напорот и талентот си го направија своето
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Новак е еден од моите фаворити. http://www.youtube.com/watch?v=tCoaKjmP ... dded#at=37
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) искрено повеќе сакам фудбал гледам редовно, тоа ме опушта и убаво ми е гледам тенис но поретко само кога ми играат фаворитите рафа и ноле
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Јас гледам тенис кога имам време.... сакам да ги гледам Федерер и Надал
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Секогаш кога сум слободна гледам .Најомилен спорт ми е и имам тренирано неколку години Омилени играчи : Роџер Федерер и Ким Клајстерс ! Мада повеќе преферирам да гледам машки тенис,женскиот ми е многу досаден и доминира една личност Серена Вилијамс.Додека машкиот тенис е далеку по атрактивен и забавен,неизвесен.. ПС не е Џокович,туку е Ѓоковиќ.Огромна разлика.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Хахахха леле видете ги срциња Ми фали времето додека беа само тие двајца .. http://www.youtube.com/watch?v=94xyOpETYYs
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Гледам секогаш кога имам време. Многу повеќе сакам да гледам машки тенис, зашто е далеку поинтересен и поатрактивен за гледање, како што кажаа и погоре. Од женските немам фаворит, а од машките тенисери секогаш ми бил апсолутен фаворит Надал. И ќе остане така се додека активно игра тенис. Можеби и после тоа.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Даа...постојано гледам.. И мене како и на некој форумџики,поинтересен ми е машкиот тенис... Инаку фаворит,Новак-Ноле... Го обожавам
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Тенис гледам кога играат машки,девојките некако не ми се интересни Инаку фаворит ми е Џокович.Човеков е стварно многу талентиран,ама многу ми е душа како се нервира кога греши Или во краен случај Федерер.А Надал НЕ,ич не го сакам Малку ќе бидам офф ама гледам и тука некој спомнал,а и на телевизија нашиве коментатори се бунат околу презимето на Новак,значи не е Ѓоковиќ туку Џокович!-Новак Ђоковић.Имињата и презимињата се исти без разлика на кој јазик се зборува,тие не се преведуваат.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) И тоа како . гледам каде ќе начекам засега само на ЕуроСпорт и на МТВ гледам омилени : - Djokovic - Nadal - Tsonga
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Ех, да супер се и двајцата, ги бива, добри пријатели надвор од теренот, а добри противници кога играат интересни се, иако доста долго само тие двајца беа на врвот, сакам да ги гледам кога се во финале, е сега Џоле е на ред само победува, сега пред некој ден загледав тенис, а не догледав Џоле и Харисон, а Џоле водеше, па по се изгледа и победил ај доста се радуваше , нека им отстапи место на Федерер и Надал
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Леле Џоле растур прави. Што стори бе чоек? Ако,ако само напред. Пред некој ден се загагледав теснис,баш Џоле играше со еден црнец од Франција (не ми текнува во моментов како се викаше ) абе канта го стори. Па овој коментаторов вика: Нема да дозволи Џоковиќ едно дете од предградието на Франција да си поигрува со него.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Едвај чекам да почне US Open. Ке биде доста интересно. Федерер и Надал после последниве рани елиминации, сигурно сега ќе бидат помотивирани, а за Ѓоковиќ ќе видиме како ке се одвиваат работиве со повредава. Ќе гледаме добар тенис.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Гледа ли некој тенис сега што е во тек? Колку што дознав Надал и Џоле во финале играат вечерва баш интересно ќе биде немав време да загледам астално тенис малце загледав Федерер кога играше и победуваше, незнам што биднало што не е во финале
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Федерер прокоцка водство од 2-0 во сетови против Џокович, имаше и две меч топки ама ете Џокович е во финале. Надал-Џокович, јас како што имам кажано сум фан на Надал и во ова финале ќе навивам за него па се надевам дека ќе го освои 11 гренд слем турнир.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Затоа го нема Федерер во финале, бидејки супер играше, очекував така да продолжи и понатаму, се зачудив што го нема во финале, ептен му тргна на Џоле изгледа му се смачи да ги гледа Надал и Федерер нонстоп се тие двајца во финале и сега само победува да ги тргне од власт
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) И повторно Новак во финале - па најнормално Се надевам и вечерва ќе победиии!!
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) А да не знаете од колку почнува финалево вечер?Ми се гледа,ама не знам во колку почнува VAMOS RAFA!!!